Раскинав со бившиот пред 4 месеци скоро, но после две недели ние пак почнавме да пишиме но не толку често и до ден денеска сеуште пишиме. Неможам да го сфанам што мисли затоа што еднаш вика сакам пак да се смириме еднаш вика не ја бива таа работа. Буквално од тогаш сто пати имаме зборено за тоа да се смириме. Исто така индиректно ми кажува некои совети како ( како можиш да се дружиш со машки, потоа ако на машко му дадеш во рок од една недела знај дека само ќе те искористе и ќе те батале, потоа ти си девојче не е убаво да испаѓаш со повеќе машки затоа што ќе те викаат курва, мене тоа што се дружиш со машки ми е чекор наназад и многу други работи слични на овие). Па не ми е јасно зошто го праве тоа, зошто ако толку му е грижа за мене и му пречат тие работи едноставно не ми се смире и зошто уште одолговлекува?
Манипулатор. Бегај од таков, не ти е потребен. Ако сакал да се смирите верувај досега ќе бевте заедно
Гледаш ли @Herrera ако си се дружела со машки..што ќе си била (can't say that, sorry), а за мене си и даЉе Queen Да напишам нешто и за ова, да не испадне...само да си ја фалам другарка ми (Мајка!) Шчо да пишам, освен уште една глупост...во низа.
Овој ќе си пукне од љубомора па уште совети ќе ти дава ти со кој да се дружиш. Ќе те користи и ќе те контролира, не му се враќај во никој случај.
Сака да те контролира, ништо повеќе. Не сака да биде со тебе ама не сака ни да излегуваш со други. Можеби те чува за резерва, којзнае. Туку, кој е тој да ти кажува дали треба да се дружиш со машки? Него му било тоа чекор наназад, ма немој? Кој фактор е тој воопшто за да смета дека неговото мислење е битно? Вие сте завршиле, нема што да ти се меша во приватен живот и да ти кажува како да се однесуваш. Не гледам зошто му дозволуваш тоа да го прави. И ќе ми кажеш дека тој се грижи за тебе? Не, воопшто не. Ти додека се надеваш дека ќе се смирите, тој си игра со тебе и те манипулира.
Искрено се обидувам да ве разберам вие кои дозволувате партнерите да ви даваат „Амин“ за се' што правите, ама еве не можам. Како бе така не ви пречи некој да ви кажува со кого да се дружите а со кого не? Зошто мислите дека тоа е исказ на љубов? Како може условување за начинот на кој ќе го водите вашиот живот, да ви претставува љубовна бајка? Па уште бивши да ми кажувал т.е извинете, „советува“. Ма бегај таму, таков не би сакала ни да го видам, а не пак да посакувам да се смириме.
Затоа што обично луѓето, поготово оние кои имаат ниска самодоверба кога ќе почувствуваат серотин во мозокот ги губат здраворазумните функции и не размислуваат логички, па се лесни за манипулација и променување. Всушност, сите луѓе се менуваме кога ќе најдеме партнер затоа што ни влегува личност во животот која ни се качува на скалата на близина пред други одредени особи кои биле претходно овде за нас. Но, таа промена се врши без притисок од другата страна, доаѓа спонтано, со тек на време како станувате се поблиски, и кога ќе решите да ги минете вашите животи заедно. Но, многу личности ова погрешно го калкулираат и пребрзо се поврзуваат со некого кој не ги поседува овие особини и му даваат оваква моќ која може да ја искористи негативно. Се се учи со време, со искуство... После неколку неуспешни овакви "врски" полесно е да се распознаат намерите. Бар се надевам дека се учи иако темава ме демантира...
Дечки, кога сме со врска со некој треба да бидеме и ние самите свесни дека не можеме да се однесуваме исто како претходно. На пример, ако јас пред да имам дечко сум излегувала на кафе секој ден со Петко другар ми сега нема да го правам тоа ако му смета, ако дечко ми идел у дискотеки со другари, сега нема да го прави тоа. И тоа е процес. На почеток додека се навикнеме е потешко ама затоа се разговара со отворени карти. Ми смета ова и тоа и ствар компромис. Горе некоја членка напиша како дозволуваме да ни го диктира некој животот, ама не би рекла баш така.
Искрено од темава се разочарувам колку луѓе без разлика на пол си го губат сопственото јас кога се во врска. Сосема јасно е дека некои навики ќе ги промениш, но не бидејќи партнерот така ти наложува тука бидејќи тоа доаѓа спонтано во заедничкото растење како личности со партнерот. И понекогаш тие промени уште повеќе ќе ве поврзат, а друг пат ќе бидат причина за разделба. Но се' е океј додека тоа не е наредба или услов. А кога станува збор за советиве, речиси сум сигурна дека од овие 1370 страници испишани, само 10 проценти ако имаат послушано некој совет. Другите како да им одговара мизеријата, за жал...
Точно, за некои работи. Ама конкретно за работите што ги напомена, зошто него или тебе да ти сметаат тие работи? Нели треба да се има доверба? А и тие луѓе биле во вашите животи пред да се има дечко/женска, не е фер спрема нив да се запоставуваат заради тоа. Како, имам дечко/женска и сега само тој/таа е важен/на. Не велам дека човек треба да се распне, нормално, поради временски причини и слично, не може сѐ секогаш да е исто, ама според мене не би требало да се прават драстични промени, освен ако се работи за нездрави навики и сл.
Ако на маж ми му смета некој мој другар безразлика што е неразумен и љубоморен веројатно нема да се дружам со тој другар бидејќи немам другар што ми е поважен од човекот со кој сум одбрала да го поминам животот. Не велам дека е во право. Велам дека кога си во брак ги одбираш некои борби, бидејќи прифаќаш дека другиот не е 100 проценти личност без ниту еден проблем, како што не си ни ти. Да се лути за секој друг маж, тоа не може. Да се дрзнува да се лути дечко од 1-2 месеци и тоа не може. Значи има разлики. Секој одлучува за себе. Драстично за еден значи едно, за друг друго. Да, треба да се има доверба. Ама треба и да се има на ум дека врската и бракот е компромис и никоја врска нема да ти успее ако не ги прошириш малку границите на толеранција. Пошо и јас сум некаква и сакам маж ми да ме сака таква ко што сум.
Јас не можам тебе да те сфатам што правиш уште со него, и зошто си заљубена во дечко кој ти рекол дека ќе те викаат курва ако одиш со повеќе машки. Сељак
Додека одев со него тој беше единствената личност со која можам да споделувам секакви работи и никој друг не ме разбираше како тој што ме разбираше, тоа правеше повеќе да го сакам,секогаш кога бев со него бев среќна и исполнета, додека пред него не постоеше ниедна личност на која можам да се доверам така како што му се доверив него. Тој истовремено ми беше и дечко и најдобар другар. Причината затоа што раскинавме беа многуте караници и грешки што ги направивме и двајцата во последните 1 2 месеци и мислам дека од тие работи ни се смачи и на двајцата па раскинавме. Можеби ни беше потребно и на двајцата време за да размислиме дали е добро да се смириме и еве како што кажав уште се немаме смирено.
Индивидуално е. Според мене дечкото/девојката треба да биде приоритет, не викам дека треба да ги запоставуваме другарките нормално треба да се има живот и надвор од врската. Затоа има статус single и taken.
Подобро на никој да не кажуваш отколку на таква личност, подоцна да користи против тебе. Не ти треба време, ти треба да се тргнеш од него бидејќи и една недела да биде добар пак ќе продолжи по старо.
Имав и јас дечко со кој се осеќав смирена, среќна и исполнета и на крајот испадна идиот. Враќање со бивш со кој сте имале многу караници не е секогаш добра идеја.