Здраво Со дечко ми се знаеме 10тина год, како деца си бевме симпатии, живеевме во различни градови и немавме постојана дружба. После се еве сме сега во врска веќе 8 месеци, врската од самиот почеток брзо зема замав јавно си се изјаснувавме за нашата љубов и среќа, почнав да спијам кај него, имавме односи , се запознаа и нашите родители, сега заедно живееме во странство но ... Се појавија неколку проблеми што нз како би ги решила 1. Тој го мрази ск до степен да не сака да се пораѓам во ск иако нема место за размислување каде би се пораѓала- не сум трудна 2. Неговата мајка ,нејзиното влијание и нарушување на нашата интимност мора се да знае и да и се клањаме таа е БОГ ( матријахат има кај нив дома ) 3. Неговата перцепција за жена од гледна точка на балканец не во целост, но мажот е главен ... Помош ? П.С врската без ова ни е совршена
Врската ич не ви е совршена. Проблемот со пораѓање не е проблем пошо ќе се пораѓаш кај било секаде има добри места и ќе направите компромис. Другиот проблем со мајка му и со тој менталитет е огромен проблем, алармантен за мене. Зависи колку признава дека има проблем и колку сака да работи на врската ама таквиот маж за мене е најпрост што може да биде еден човек, дома нема еден главен, сите се еднакви, факт е дека тешко излегуваат од влијание на мама и дека таа е најбитна жена на светот за нив, тие се недораснати мажи и не им е гајле за љубов, не бараат жена туку слугинка, јас не би била со таков маж, ти си во врска со него, не ја земаш во пакет и мајка му, таквите мајки се страшни манипулаторки во смисла тој да покаже на момент независност од неа, за момент да и постави граници, таа ќе глуми жртва, ќе му набива чувство на вина и тешко се излегува од тој круг. Огромен проблем за мене кој тешко се решава дури и да признава мажот дека има проблем, а ако не признава и мисли дека се е во ред...нека се жени со мајка му, колку одвратно. 8 месеци сте, имаш среќа што толку рано си видела за каков човек се работи. Имај на ум дека тие работи се вкоренети со години, тешко дека ќе се изменат. Подготвена на таков живот, без слобода?
Ах. Со таква мајка тешко,особено ако е мамин син. Треба да разговараш со дечко ти,ама по она што го кажуваш воспитан е со некои застарени сфаќања. А и 8 месеци е рано за запознавање со родители.
Аман од овие балкански мајки на синови, има ли една што не е посесивна манипулаторка, бљак . За пораѓање, ќе се пораѓаш таму кај што е најдобро, отом потом. За мајка му, разговарај со него и кажи му што мислиш, дека не треба да споделува ваши работи со неа итн.. Ништо нема да изгубиш во овој момент, а натаму можеш многу ако си ќутиш сега. Гледај само да не живееш со неа никако, а ако ја гледаш еднаш неделно и и праиш лице, ништо нема да ти бидне. Под услов на ниеден начин да не е вмешана во вашата заедница, нема што да диригира она.
Тука е суровиот момент што сите 8 месеци ми се срушија врз глава со само 1 месец живеење сами ... или можеби е среќа што излегоа на виделина. Не знам дали треба да се борам да го сменам тоа или не се менува, јас не би можела да живеам така. Планираат сите да живееме заедно, не знам како да се справам со цела ситуација, моите не знаат бидејки одма би го скратиле цел процес, а за другата снаа од брат му да не отварам уста низ што има и низ што поминува... јас сум следна?! Како што кажав се се одвиваше брзо, а запознавањето беше мн " педерско " во 20ч се појавија на врата кај мене да ме фатат не спремна дали сум била домаќинка рекоа на шала, всушност дошле не најавени да ме изненадат и да не се трошиме да не спремаме ...
Никако леле немој да си отстапила. Здравјето ќе ти се земе по најбрза постапка. Слушај паталец, што му е одброено времето со свекрва, ќе се селиме догодина. Маж ми си ја знае, ама пробува да балансира за мир у куќа. Твојов ако ја поддржува, пекол ќе видиш. А имате услови за сами?
Биди среќна што за 8 месеци ти се разјаснило. Некои години губат во такви врски кај што не можат да дишат. Тоа што си свесна дека не е нормално ова, значи дека заслужуваш подобро. Не е твое да менуваш. Тој ако не сака да се смени ти можеш и на глава да се превртиш нема да се смени. За таквите мажи жената е проста не треба да носи одлуки, затоа тој е главен дома, секако освен неговата мама. Сите лоши постапки нејзини тој ќе ги оправдува.
Имаме , ама како сега сами да живееме па за што ќе и е нејзе животот да го живее сама + не го гледале цел живот за да ги остави сами Треба да раскинам? Додека сме сами и не се јави или не се вмеша во нешто се е океј, кога ќе се појави е страшно. * и едно ван тема прашање добро одговарам на коментари или правам некоја техничка грешка хаха нова сум
Офофф штом прават таков селски муабет дури на шала, пак ќе ти кажам немој да си влегла таму. Ко божем да бидеш домачица е најбитното нешто на универзумов. Па и да не сум, ќе станам. Не гледа дека си образована и способна сама да се издржуваш, како може да не знаеш кифли да месиш, зашо мајка ти не те научила. Па ме учела на побитни работи, ама кој плиток мозок да сфати. Море мрш. Се унесов малце, ама и ти ќе станеш ваква ако живееш таму. Немој да те лаже ѓавол Едит: штом имаш услови не мисли ич, ултиматум да му поставиш, речи му не сакам да живеам со мајка ти цел живот, ако сакаш заедно нешто ново да створиме ок, ако не... Не си изгубила многу време пред да сфатиш во што ќе влезеш и тоа е добро. А да имаше бебе и да го гледаше таму, аууу хорор.
Ти си одлучуваш дали треба да раскинеш. Сега гледам погоре си пишала дека ќе живеете заедно со нив. Па те прашале дали си домаќинка. Ти си имала многу црвени светла девојко. Ти кажав, ако сакаш да живееш секој ден во плачење и понижување живејте во заедница. Таков маж тешко се опорава. Претешко
Имавме неколку ситуации со мамита до сега од типот на објаснување со прекорен тон ама не ... со проста неможеш ни да се објасниш не гледате на раб исто за мене сонцето изгрева , за неа заога ... ужас. Имаме и бебе од брат му ... за почеток на 40 дена му даваше мед да не му падне курето ...
Мед?!?! Хахааххаха не знам кој е побудала, таа или тие што и одат по гзот. Божееее свашта земја крепи
Ами си можела културно да одбиеш. Не е за тебе, ќе се мачиш. Ајде таа така се понаша ко ти да си најдена на улица. Таа го набуцкала за запознавање со тебе,за да те процени,да види со кого си има работа.
Не си свесна во колку убава ситуација си. Ако имаш родители што те подрржуваат, финансиски независна или они ќе ти помогнат, не си ни во брак ни деца имаш, жени во ситуација многу покомплицирана од тебе излегуваат од вакви шовинистички врски. Мед може да убие бебе помладо од 1 година. Да убие. Ако таа е проста и мисли дека курето ќе му падне, а мажот твој уште ја слуша и за се и полага сметка тогаш стварно ти кажувам спасувај се со време.
Тешко, тешко ќе биде @LoLa96 Треба да знаеш дали имаш сигурна подршка од дечкото,а не можеш изгледа да ја имаш. Затоа што, тој е премногу поврзан (да не употребам некој друг збор) со мајка му. Како и да е, со среќа.
Ејјј 21 век, што жентурии егзистираат на пустава северна земја. Мојата теорија е дека сите знаат какви будали се, ама никој нема сила да се расправа со тоа, па им попуштаат. Од такво само да бегаш што подалеку, друго нема
@LoLa96 ниту тој ниту таа ќе се сменат. Тој закоравен менталитет нема да исчезне преку ноќ. Ти сама треба да одлучиш дали ќе живееш по нивни правила или ќе си фатиш патот со повреме. Сигурно си млада, животот е пред тебе. Гледаш каква е ситуацијата, според мене, бегај дури не дошле и твоите деца.