Јасно и гласно ќе им кажеш на двајцата што и како сакаш да биде. И ако не ги почитуваат твоите очекувања за тоа каков сакаш да ти биде животот... ќе си заминеш од него. Толку.
Дечко ми не дозволува таа да се меша во се , но има ситуации нормално каде што немаме исто решение и двајцата и тој ја повикува неа на помош и тоа страшно ми смета. Иначе знае и да не и крева на моб намерно или да каже за нешто за ова не и кажуваме на мама на пример за нашите мини кавги или кога ќе планираме нешто да купиме, одиме на патување или трошиме пати на што и да е ... го сакам и не би сакала крај на врската. А моите да би ме поддржале само да сум среќна, тие уште од кога се запознаа се сомневаа дека ќе можам со тој менталитет да излезам на крај и да живеам живот. Но љубов нели ...
Многу сте избрзале, со одма спиење кај него ,запознавање со родители. 8 месеци не се ништо. За пораѓање кога ќе дојди до тоа, ти треба да си одлучиш, тој нема да се пораѓа туку ти. Зошто да знае се мајка му ? Мамин син, па мора се да и се каже неа Не знам јас како би фунцкионирале понатаму, ако за 8месеци ова се случува. Да е тој "главен", тој да ти кажи каде да се пораѓаш и мама да знае се. Можи и кажува и во колку саат односи имате.
Избрзано може е , ама сега е бетер шок ... и ајде да се оправдам малце од различни градови сме мораше некако да го решиме проблемот неможеше да одиме секој ден и да се враќаме за само да се видиме, не знам дали знаеш какви се обичаите и сваќањата во помали места нема спиење да не се деси "глупост" додека не се запознаат родителите, малце да се официјализира врската... хмм тоа веќе помина прашање е што е следно и како понатака.
Не сакав да навредам или лошо да бидам разбрана но според мене во помалите градови повеќе се негува старата традиција, патријахалното воспитување, во сличајов балкански матријахат е кај мене
А мислиш дека ако се запознале родителите ќе биде подобро? Не. Многу мразам мешање на родителите, посебно ако се испостави дека е некој мамин син. Јас на пример мајка ми или татко ми ги прашувам само ако имам некој проблем и не знам како да постапам, и тоа многу ретко и секогаш ми давале одлични совети кои се испоставиле дека биле во ред и точни, ама мешање во секоја манџа не би толерирала. И јас доаѓам од мал град и те разбирам, ама јас воопшто не се замарам кој што ќе рекол за мене.
Јас кога имав 20 години, мојата мајка не ми дозволуваше преспивање кај дечко. Затоа реков не е само во помалите градови.
Тука зависи многу и воспитувањето, гледањето на работите општо и сакале да признаеме или не и средината и образованието ... без навреда.
Ужасно. Ја вика на помош кога имате недоразбирање. Ужас. Зошто тебе би те третирале подобро од жената на братот на дечко ти? Ти си следна. Не си свесна какво влијание имаат таквите мајки на синовите. "за ова не и кажуваме на мама" ах бре, заостаната работа, пази се
И мене до сега не ми дозволуваа ... иако имам другарки на кои се им било дозволено имаат модерни врски и не знаат што е тоа свекрва а не па да ја наречат мамо. Понекогаш и строгоста на родителите да не заштитат кога ќе мора да го напуштиме домот директно не фрла во оган.
Мислам дека СЕ зависи од парот. Ако парот, не дозволи мешање на семејствата..никој и ништо, НЕ МОЖЕ НИШТО.
Ама во случајов дечкото и кажува се на мама. Мајка му е кралица. Она што треба да биде,дворски шут? Мислам,јас би бегала.