100% си во право имам братучед кој живее во истиот град, мајка ми е од тамо ... Вујна ми и вујко ми само што се ожени направија др куќа и се преселија не им се мешаат, живеат нормално, како снаа ми да е во сред центар на ск, теретана, странски јазик, јога за трудници посетува. Кај мојов за мајка му тоа би било криминално дело, трошење пари џабе и мафтање по патот за луѓе да ме гледаат ...
@LoLa96 треба да игра на таа карта. НИКОГАШ..да не се вратат во Македонија. И забавата е загарантирана.
Барем да беше, познавам жени што бар во својот замислен домаќинка свет се експерти и спретни жени, мојава ни тамо не е ... животен успех и е титула свекрва, еден ден работен стаж нема, нема пријателки и мажот и е домазет.
Мене ми се плаче од кога поставив прашање, тешко дека има надеж, плус ми се јави прееска и ми се стемни бетер.
Искрено сите на тоа се надеваме , дури и мојов. Понекогаш ми е жал кога гледам што му прави, другиот син за се го правда, на мојов парите му ги собира ... другата снаа воопшто не чини за неа и неможам да ви објаснам какви проблеми и прави со мажот. За мене уште се нема изјаснето дека ќутам...
Така ?! Што жена ќе беше ... Диктатор! А не знае ништо посебно божем нели е ДОМАЌИНКА ни да готви, ни да чисти, ни да плете, ни сади растенија ... ама најбитното го научила ...
Смешно беше како си најде оправдување за нејзините деца ... ми се креваат нервите кога ќе ја чујам ... неможам веќе да ја трпам имам лош карактер што трпам, опоменувам,трпам и експлодирам. Друга да беше на мое место ќе и го кажеше вицот оддамна, а тек па на место од другата снаа
Ноуп ... ништо освен по некој маалски трач . Ааа да и си попува по цел ден како што се прави и зошто не така како што јас или било кој го прави ... нештото што и да е
Тешко тебе, тука немаш иднина, јас би те советувала да бегаш додека можеш за да не те читаме во иднина во темите снаи и свекрви или развод. На крај одлуката е твоја ама овде љубов не помага.
Парите и ги дава на мајка му? Какво лигле. Не е мајка му крива бе. Тој е крив што е лигле. Значи секој си е одговорен за себе. Како што тој е возрасен и може на мајка му да и постави граници, така и ти можеш него. Ако ти упорно одбиваш да согледаш колку катастрофално семејство се, никој не може да ти помогне. После 8 месеци што е прекратко, со родители кои те поддржуваат ако уште им ќутиш и уште се двоумиш, ние не можеме да ти помогнеме. Факт е дека ваквите мамини синчиња тешко се опоравуваат. Претешко. Ти секогаш ќе си за нив неспособна и проста, личност што не може да носи одлуки сама и ќе треба да живееш како што тие ќе ти наредуваат. Не ја барај кривицата во мајка му. Барај ја во маж ти што е неспособен да ја скине папочната врвка со мама. Благоречено мразам такви мажи. Ама ако ти упорно одбиваш да видиш во кој правец си го тераш животот, кај што нема да имаш трошка слобода, и покрај тоа што сите истите работи ти ги кажуваме, никој нема да може да ти помогне ако ти не сакаш