Здраво на сите. Во последно време приметив дека дечко ми (4 год врска) ме има како на мајтап. Од една страна кога ќе го прашувам нешто го напнувам а кога е расположен ме мајтапи. И на крај како тој да се лути јас трчам по него му звонам и слично (чувствувам вина некоја). Страшно ме нервира. Ко деца мали. (И двајцата сме возрасни)
А оти е тоа така дали си го прашала? Оти без причина не може така да прави. Веројатно има нешто што така почнал,ако можеш поразговарај и кажи му отворено дека ти смета
Прашано е се. Ама секогаш мене ќе ме окриви некако. И после чувствувам дека му е криво ама никогаш не ми рекол извини. Никогаш немам таков збор слушнато. Додека јас крива или не стално се извинувам. Многу ретко да се заправиме убаво муабет...дури ако дојде до тоа се плашам да не речам нешто па да не ја прекинам магијата. Приметив ако го прекинеш на сред реченица се губи или не дај боже да го препрашаш. Тогаш променив малку во моето однесување и имаше малку ефект но многу ми е тешко. Факт е дека комуникациски е слаб и дека повеќе е слушател. Но не сакам мајтап. И на крај ми вика тебе ништо не ти одговара ни да зворувам ни да молчам.
Па секако дека не ти одговара кога се мајтапи или нека биде дечко како што доликува или нека си најде друга за мајтапење.. Мој совет би ти бил да разговараш сериозно со него да се поправи,бидејќи 4 години врска и не е баш малку
епа така не се гради врска,било да е дека не те сфаќа тебе сериозно,или да е неозбилен и се мајтапи оти не сте деца.ако му е таков карактерот тогаш или навикни се или раскини му .
Мора најсериозно да разговараш со него и да му кажеш дека ти смета тоа мајтапење. Нема што да го прашуваш туку директно дури и до муабет дека ако не стане посериозен тоа ќе ви биде последен муабет. Остави он да трча по тебе малку, а не ти одма да го бараш и да се извинуваш. И зошто да не каже извини? Како може во 4 год. врска да немаш таков збор слушнато?
Готово завршува темата. (Губи не мислев во смисла да е насилен). Кај него не постои нешто како убедување. Да речеме му предлагаш нешто и тој вика не. И ако ти му речеш ајде ајде ќе се налути...ајде каоо прашај ме сто пати...
Така си ја имате поставено врската. Ко тој што сака цело време. Треба да си ги помесгите границите. Во 4 години никогаш да не ти каже извини? Тоа е скрос не нормално понашање. За почеток ти престани да велиш извини и кога не си крива. Ама не сфаќам како ти е убаво со човек со кој велиш дека ептен ретко правите убав муабет што ти е страв да кажеш нешто да не ја расипеш магијата...тоа не е ок, ич...
Епа значи вака него ако го препрашаш му смета,не му се разговара и во ред ти не го напнуваш. А што е со тоа мајтапење кога тебе ти смета?! Или тебе ако нека ти смета а него арно да му биде да не се нервира Треба да му кажеш или да биде фер во врската и дека има нешто што и тебе ти смета и се нервираш а не само него.
Ме асоцираше на нешто што го читав пред некој ден, gaslighting, манипулирање во врска каде и тој да е крив, ти се чуствуваш крива и се извинуваш. Како и да, се сложувам со советите што ти ги дадоа, мора да комуницирате и и двајцата да сте еднакво среќни и задоволни од врската, а не еден постојано да попушта и да не е тоа возвратено. 4ри години сте заедно, мора да се почитувате меѓусебно.
Јас сум таква тивка личност не сакам караници и многу самокритична личност. Сето тоа доведе до сите проблеми што ги имам во животот на сите полиња. Морам да напоменам дека ова е прв пат да сум била заљубена.Силно верувам дека е добар човек и мислев дека е како мене срамежлив и повлечен па од петни сили направив некои ситуации да биде поотворен. Дури и јас самата се сменав. Сега гледам дека човекот е просто таков и неговиот карактер е тој. Од толку анализа почнав да се задлабочувам и само да мислам што почнав да губам концентрација. Сериозно ми треба промена на мојот карактер. Повеќе сила и самодоверба.
Да баш така! Треба да се смениш,не во тој поглед целосно туку да си имаш самодоверба во тоа што го правиш. Бидејќи и ти си имаш свое ,,ЈАС" и секако имаш право во таа врска да си кажеш се што ти пречи и те нервира. И верувам дека тоа може да се промени како кај тебе така и кај него.
@TaznaZena Не ти,он треба да се промени. Врска не се гради и одржува со тајни и лаги. Препрашај го,инсистирај,па нека се лути колку сака.И ти налути се.Заслужуваш одговор.
Комуникацијата е најважна во една врска. Искрено, на твое место би се запрашала дали би можела со таков човек и таков вид на (не)функционирање да издржам до крајот на животот. (Ако сте доволно возрасни за веќе да размислуваш за иднината). Ако одговорот е не.. го имаш и решението.
Луѓе, ни сама не знам во каква состојба се наоѓам. Потребни ми се ваши совети. Со дечко ми сме речиси 5 години во врска и цела негова страна настојува за свадба.. (ок е некогаш да се потспомне особено во долги врски па и на шега да е, ајде кога свадба и сл. коментари) не се толку нападни ама си се познаваме.. па ајде сакаме внучиња да видиме и сл...ама во мојот случај, бидејќи сме 7 години разлика, јас пример не сум за свадба во блиска иднина. Едноставно не ми е тоа планот засега, за брзо тоа да се случи.. немам таква замисла едноставно засега.. а тој му е време бидејќи е повозрасен.. он си осеќа да речам дека уште ми се чека.. и секој пат внимателно ме прати како реагирам на тие прашања. Еднаш седиме кај него и не знам кој спомна па ајде барај ја или јас ќе ја барам..(хаха) и јас викам здравје, се во свое време.. и дечко ми не искоментира ништо, а кога некој ќе спомне за тоа он вика па ете на Оскарлејди не и се брза, демек.. Како би постапиле вие на мое место? Уште малку правиме 5 години врска.. хелп.