Колку години имате? Доколку не сакаш и сметаш дека е рано - кажи му отворено кои се твоите планови и мислења на таа тема. А кога ќе прашуваат останатите само насмеј се и кажи како и досега - има време. Не треба тие да одлучуваат кога ќе стапите во брак.
Самата кажуваш не си спремна. А и дечко ти не звучи како да форсира, знае што сакаш. Ако вие двајца сте на иста страна, што другите зборат нема да ви менува мислење.
Остави ги другите што викаат. Важно е Вие двајца да се договорите дали сте спремни на тој чекор. Од друга страна ти кога влезе во врска со него знаеше дека вакви моменти ќе дојдат. Сепак ако тој почека година дена нема ништо да се смени сепак на машкото не му влијае многу во смисла на биолошкиот часовник. Јас мислам дека животот ни дава ситуации па не прави цврсти. Тоа значи дека човек никогаш не би бил спремен целосно, според мене. Од друга страна ако се плашиш дека долгата врска ќе заврши ако се почека тогаш подобро сега нека заврши отколку разводи и слично. Тоа е моето размислување.
@Oscar Lady Во врска сте ти и он. Кои се они да настојуваат? Ако не си спремна,не си спремна и крај.Твое право е да одлучиш дали и кога ќе се мажиш. Прај се дека не ги слушаш.Во едното уво влегло,од другото излегло. Ако дечко ти те сака,ќе те чека уште.
Фала ви на сите што пишавте, ми значи навистина Ама тој сака навистина свадба и да ме бара и се тоа.. и си е малку на нивна страна да речам. А ич немам храброст да ја прекинам врскава, премногу долго сме заедно и се навикнавме едноставно еден на друг. Се е океј, имаме само премн различни карактери и мислења и кога сме се расправале, а он мн брзо пламнува и знаел да ми каже, па подобро сега да е крај отколку да се разведуваме после..ццц. Не знам што да мислам. Главата ми е тапан периодов.. Не сме се расправале така на "велико" оддамна, да не чуе ѓавол ама ете на тоа се сетив. Има мн маани како секој од нас, и јас го имам прифатено баш каков што е, и некогаш ќе му кажам, зашто си таков, и он ми вика јас сум тој, таков сум и цел живот ќе бидам таков. Ако ти одговара добро ако не..подобро сега да се разделиме.. аман више со ова ми здосади.. Пак ке кажам ова е оддамна, има неколку месеци од тогаш ама од крајност во крајност.. И ај сега.. немам ум жими се
Ова е скоро секогаш истото сценарио кога машкото е повозрасно. Ќе им текне ко глуво на тупан, ќе ти лупне прашање дали сакаш... Пошто он решил дека дошло времето. Ти прави мајндфак и мислиш дека со тебе нешто не е во ред ко осеќаш дека треба да кажеш НЕ. Мој совет е, не се присилувај на нешто кое не го сакаш со целото срце. А очигледно дека не сакаш. Ништо добро од сето тоа нема да излезе.
Ти ако не се осеќаш дека не си спремна за мажачки,дечкото ако те сака ќе те чека и дупло 5 години. Кога ти ќе си бидеш спремна.Мислам машките ептен се избрзливи за такви работи.
А дали си со него само поради таа навика? Не сакаш свадба сега или воопшто со него? Има разлика, прашувам бидејќи спомна дека немаш храброст да прекинеш.
Ако он почне да инсистира на брак,ќе разговараш со него и ќе му кажеш дека уште не си спремна,ти си ги знаеш причините и јасно ќе му ги кажеш.Ако те сака,ќе се согласи уште да те чека.Ако видиш дека не бива,раскини му.
Не оди по туѓ памет, ако си спремна арно ако не поодете си а ако тој не се согласува со тоа раскинување нема друго решение не е крај на светот.
Значи штом го сакаш ќе му го кажеш истово. Во одлуката за мажачка треба и двајцата да учествувате оти сепак него ако му е време не значи дека тебе треба да ти одговара или пак мора. Машко е,се е до сакањето. Ако сака ќе те чека кога ти ќе бидеш спремна. Се што се сака се може.
@GirlRose не сум, иако он знае. Ме чита скроз. А и по однесувањето ме познава. Фала на сите што пишавте, ми давате храброст
@Oscar Lady Кажи му се убаво. Мене ми изгледа дека го сакаш и дека само ова "подбуцнување" те кочи. Сепак 7 години сте заедно и самата си свесна со каков човек си. Ништо нема да ви смене дали сте во брак или не. Не ни верувам дека планирате деца. Ако живеете заедно уште подобро. Нема ни да се осеќа дека сте или не сте во брак.
Тој не е мој измислен биолошки часовник туку тоа е реалноста. Жените имаат одреден период кога се плодни па настапува менопауза. Сепак сите треба да сме свесни за ова доколку планираме семејство.
@Oscar Lady се согласувам со останатите членки, ама овде како што гледам него годините го ''буткаат'' да се жени, барем би рекла, а со самото тоа и неговите настојуваат за истото, имав запознаено еден дечко постар од мене 9год и ми рече дека планирал да се жени за две години, па да видам што ќе правам со тоа, демек јас ќе се женам па ти мисли му ја како знаеш, нема тука кој што да ти наметнува планови, ќе ја прифатиш таа одлука кога ќе бидеш ТИ спремна а не дека така кажале баба ,сестра, брат, мајка, татко, иако овде по се ми изгледа дека немате исти животни цели, немаш напишано колку години имате, еве ти имаш 20 и сакаш да студираш, тој има 27 и поминал се што ти тек сега ќе го почнеш. Бракот не е денес сакам утре не сакам, слушај се себе си.