@Shmizla94 Што конкретно не ти се свиѓа? Не го бива ли? Брзо свршува? Има мал пенис? Кажи ни повеќе детали или пиши ми во порака, да се обидам разберам и помогнам ако можам.
Добро ете може си нимфоманка, нема ништо страшно. Едно е да добар сексот ама краток и сакаш уште, а друго е да е лош сексот. Тогаш треба нешто да се смени. Он шо вика? Задоволен е? Може е само до тебе
Вчера случајно на дечко ми му начекав зачувани слики од некои глумици, те. зачувал некаков пост на една страна со повеќе слики на кои има глумици со истакнати деколтеа. Сликите не се порно содржина, знам дека не е ништо страшно сите валјда гледаме такви работи, ама ја се осеќам без везе не знам ни како да објаснам, му кажав се изнасмеа а и ја се изнасмеав, ретардирано ми е да се лутам, кога ке размислам разумно ништо посебно не е, ама не можам да сменам како се осеќам, одвратно ми е, и овие два дена поладно се однесувам...не знам сега што да правам со себе....
Да не си праќаат со другари по групи? И јас начекувам по некоја слика ама после гледам од група на вибер другарите што праќале, па автоматски се зачувале.
Не, скролал сигурно и ја начекал и ја сејвнал, ама не приметил дека друг акаунт што го има за приајтел може да му ги види, и не од сега зачувано, не знам како уопште се деси да начекам вака
Малце не сфатив како си видела и каде ги сејвнал ама не е ни битно. Не знам ете може му се свиѓа такво деколте како што ги зачувал, мада морам да признаам чудно ми е малку хаха. Барем сеа можеш слободно да си отвориш порнич и да завршиш работа Те сфаќам како се осеќаш, глупа причина е да се караш, а те тера да подразмислиш. Најубаво е да ти даде некој одговор за да бидеш мирна.
Јас мислам дека му се свиѓале па ги сејвнал. И јас имам многу слики од згодни селебритис и сејвнато и лајкнато а имам видено дека и кај дечко ми има. Мене никогаш не ме трогнало тоа. Сметам дека нема потреба да си правиш грижи.
Па јасно ми е мене све тоа, ама баш тоа е проблемот што сфаќам ама не можам да престанам да се осеќам лошо, плус друго е коа нешто мислиш и претпоставуваш, а друго е вака стварно коа ќе видиш
Ауу порно 100% гледа, мислам не постои човек што не гледа порно. И јас и мм гледаме и не се криеме еден од друг, отворени сме на таа тема. Тоа ми е скроз нормално туку со сликите ми е чудно, баш безвезе. Може има фетиш за големи гради или длабоко деколте
Обично помали деца прават такви групи како што кажа членката погоре. Не е причина за карање секако, само зависи ти како си сфаќаш. Мене не ми е чудно воопшто и мислам ич да не се замараш. Што мислиш и претпоставуваш не ми е јасно?
Ја не гледам му имам кажано отворено, и он ми кажал дека не гледа хахахаха, ама очигледно не е така, долго сме во врска и некако ме погоди, не знам дали повеќе тоа што начекав вакви слики и тоа што сум будала што воопшто поверувала дека не гледа, да ми кажеше дека гледа може немаше вака да се осеќам....
Сакам да најдам дечко што ќе ги трпи моите следења на секој лајк, зачувување дури и загледување во друга девојка. Пардон, во слика од друга девојка. Што ќе ми дава образложенија и извештаи зашто во 2015 му капнале 2 капки мочка на капакот од шолјата наместо една. Што ќе ми објаснува дека онаа по пат шо му рекла здраво ја познава од пред мене и ќе ми објаснува како воопшто смеел да живее пред мене... Што ќе ми дава извештај кои филмови ги гледал денес, со кои глумици и дали имале деколте и какво, ако не е ко моето, одма да му се лутам, не смеел да гледа... На социјални мрежи да смее да скрола само со мене кога е, лајкчето заедно да го стегнеме. Ете таков сакам. Уствари, немам време јас за ова. Треба организација, треба нерви врагови. Ај сеа со коронава имам време, ами после? И тој да сака да се правда, а јас да немам време да го слушам?! Абе да не е раат човек...
Овие другариве се малку постари, не е групата само за слики ама сеа со короната глупости си праќаат по цел ден, заебанции да им помине времето. Па си помислив такво нешто да не е.