Како да прекинете контакт со некој што се гледате, а притоа да не го повредите? Да нагласам дека не сакам да го игнорирам, туку сакам директно да му кажам, само не ги знам точните зборови.
Не знам дали баш е ова љубовен проблем али не знаев каде да го пишам и ми е срам да кажам дека е проблем...Пред 6 месеци се запознав со еден искачавме станавме блиски но немав никакви чувства спрема него и го сметав како другар он го прифати тоа не се налути се ок. Од време на време се допишуваме само на како си.. после тоа се оддалечивме малку он си продолжи понатаму и јас исто. Сега едно девојче да кажам (се имаме скарано али не стоиме на лошо ни на добро) почна да искача со него и дознала дека сме збореле и целоо време провоцира. Мене искрено ми е срам ова го гледа како некој натпревар кога е веќе јасно дека јас никогаш не сум го сакала ниту пак сме имале нешто. Не сакам да и се објаснувам и нормално ја игнорирам али не знам ме нервира. Посебно преку ширењето празни муабети и оговарања што ги дознавам преку заеднички другарки. Пак немам со никој од нив ништо зборено и не планирам пошто е глупост али не можам да ја сфатам.. Што мислите вие
Извини, не сакам да те повредам но не сакам ни да те лажам, не сакам да се гледаме повеќе. Кратко и јасно. Да не се оптеретуваш воопшто со нејзините озборувања.
Јас би го сменила односот така што ќе се однесувам најдругарски или пак би му кажала дека не сум моментално заинтересирана за понатамошно гледање, поради обврски или некоја друга причина би измислила.
Проблемот не е во првичната порака, не ми е проблем да му пишам дека не сакам повеќе да се гледаме и дека не се чувствувам така како него, туку во убедувањето што следува и во терањето да му дадам повеќе време и слично... Тоа ме мачи што знам дека ќе ми иде у очи да си збрцам коа ќе ме ''моли'' за да продужиме да се гледаме пошто знам дека е ептен забеган по мене
Мислам дека секој разумен би ги сфатил причините за нејзиното однесување. Односно кога некој озборува и се оптеретува со нечиј туѓ живот практично значи дека самиот си создава проблем, поради своите фантазии и комплекси. Ти воопшто немој да се секираш за тоа што таа го збори, само игнорирај и уживај си!
Кажи му дека тоа е твојата одлука и единствено нешто што може да направи е да ја почитува. Доколку се противи можеш да се дистанцираш од него независно дали сакал он или не.
Ништо ,оддалечи се скроз од него и готово .Никако не попуштај , за зборови кажи му ти на мое место што би правел?Да се подзамисли малку ,иако со таквите само се смируваш додека они сакаат сте заедно ,знам од искуство
“Јас одлучив. Не ми значиш доволно и не сакам да си го губам времето на нешто што не води нигде. Продолжи си со животот и се најдобро.”
Ако има чувства кон тебе, не можеш многу да направиш освен да бидеш искрена и да не одолговлекуваш. Твое е да му кажеш, а негово е како ќе го прифати. Ако сметаш дека треба, објасни му зошто не гледаш иднина со него, со цел да сфати дека попусто ќе биде да те моли кога веќе си решила и знаеш дека не е тоа тоа. Ако продолжи и понатаму да бара шанси, за жал ќе мораш да се оддалечиш.
Ич да не се замараш што те оговара зад грб. Тие заеднички пријателки кои те ценат и почитуваат таква каква си јасно ќе им е кои и се неа причините за ширење празни муабети за тебе и не би требале да и се замараат, а најмалку да ти ги пренесуваат тие глупости тебе.
Здраво, не знам дали ова што ќе го напишам соодвестува на оваа тема но ајде . Јас 23 години, тој 29, во врска сме 3 години. Живееме во 2 различни градови. Тој живее сам, и се гледаме прилично често(овој период но не и периодот кога факултетот се одвиваше нормално , тогаш ќе се видиме само за викенд и тоа е тоа ), најчесто јас одам кај него од причина што живее сам и имаме поголема слобода и нормално да не ги набројувам сите предности. Но со секоја наша следна средба тој е постојано на мобилниот, работи многу, поради состојбата со Корона работи од дома и да јас тоа го разбирам и секако не му го нарушувам мирот,за тоа време јас учам,или наоѓам некоја друга занимација,како и да е за тие работни часа што му се наложени не го чепкам. Откако ќе му заврши работното време тој постојано е на телефон и мене тоа ужасно ме нервира не добивам доволно внимание , не ме регистрира апсолутно е отсутен, дури и кога ќе легнам на неговите гради, знае дека тоа ми е омилено место и дека обожавам да ме гали или да ме чешка по косата, тоа ќе трае само 2 минути дали и толку и пак на телефонот аман веќе ми е скиснато. Се се сведува на неговиот мобилен. Инаку имам пристап до неговиот телефон знам дека не ме изневерува, обично отвара некои страни за спорт, нешто рандом или за работа како и да е. Ама тој повеќе време поминува со телефонот отколку со мене и кога јас ќе почнам да го правам тоа што тој го прави ќе почне да ми вика како сум го поминувала времето гледајќи у екран дека за неколку дена нема да бидеме физички заедно и слично. Имаме зборено со него на оваа тема но знаете како ќе најдеме заеднички договор , ама тој како да чека момент јас да го користам тел, за да почне да ми збори дека во мене бил проблемот а не во него , и не можам на крај да излезам,стварно повеќе не знам пто да направам. Буквално не е заинтересиран за мене , се што ќе му кажам заборава, работите кои јас ќе му ги кажам не ги вреднува.Дури се случи и тоа да гледаме заедно серија ,т.е почнавме ја изгледав скоро цела епизода ама тој не беше заинтересиран , па ми се јавува после неколку дена да ми каже како нашол многу добра серија и да ја гледаме , а станува збор за истата серија којашто ја гледавме и двајцата, и да не кажувам уште слични ситуации како оваа. Тој имаше тежок период на работа и го разбирам целосно ,ама тоа помина, траеше малку подолго , до сега секогаш сум била со него буквално за се и сум го поддржувала ама јас имам 23 години не можам да молам за внимание ,или за некој да ми ги вреднува работите. Ништо не е како што беше. и кога ќе ги ставам овие проблеми на маса неговиот одговор е дека јас сама си измислувам проблеми во мојата глава..како шо кажав се вртиме во круг.
3 години не се малку, но луѓе прекинувале и подолги врски кога нешто не оди како што треба. Јас не би толерирала таква непосветеност. Разбирам дека не може ниту да се очекува сето внимание само кон дечкото/девојката да се насочи, но во твојов случај гледам незаинтересираност од негова страна. И тоа голема. Па ако со разговор тоа не се решило, преостанува или да прифатиш дека заедно сте, најверојатно, од навика или да си ја побараш на друго место среќата.
Штом толку многу го сака телефонот тогаш ти прекини да одиш кај него дома. Еве нареден пат можеш да му кажеш дека нема да одиш, бидејќи ти смета неговото претерано седење на телефон. Тогаш според неговиот одговорќе видиш дали си му доволно важна за да намали малку со телефонот. Едноставно мора да бира меѓу тебе и телефонот затоа што ти нема да можеш уште долго време да го поднесуваш неговото однесување спрема тебе. Еден ден ќе ти дојде преку глава и нема да сакаш повеќе врска со него. Затоа додека не е доцна натерај го да направи избор, па ако не те избере тебе тогаш ќе сфатиш дека не си му значела доволно. Никој од нас не сака да биде во врска со некој што не е целосно вклучен во врската и не се труди таа да опстане.
Врскава што пред некое време ја раскинав, една од причините беше и ова. На страна што ние живеевме заедно, нема да ти се верува ако ти кажам дека во наши 3г имав чувство како да сум со цимер, внимание и те како ми фалеше, секс ако ти кажам дека едвај два пати у месец сме имале и тоа траело само дур он да си заврши работа... Истиот однос и со мене го имаше, дека јас измислувам проблеми и немало врска што е на телефон секогаш имало нешто поинтересно од едно седење со мене. Проблемот во сиве овие години во мене го барав, па ај ке правев за јадење, ќе купев алкохол и све така убаво во рок од час и пол и после пак си почнува истото , интернет, да видел што има ново Јас скроз се оладив од типот, секако ова беше само додаток и покрај другите недоразбирања со него. Муабетот ми е дека додека тој самиот не увиди дека проблемот навистина постои и зависи од него тогаш ништо не правите, еден ден ке ти здосади и ке се оладиш и скроз е оправдано зошто би било така. Жал ми е што маживе не разбираат дека нам ни треба внимание а не да дека еднаш ако не освоиле и толку завршиле работа.
Како бе некои мажи пишувате со женски и ви праќаат слики во бикини а имате девојка? и повторно се трудите да ја убедувате дека таа ви е другарка, немате ништо со неа и само една сака а тоа сте вие? Па стварно не ми е јасно, мислам главата ќе ми експлодира.
Пошо се гнасни. Раскини му. Или направи му да пати. Најди другар да ти прати слики од него во сиви тренерки.
Се да му е б а м! Ама нема нешто поглупо од маж бе жими се, покажи му цице, газе толку треба. Пу ј’зк
И мене не ми било никогаш јасно таа нивна способност да те прават будала при здрав памет И после ние луди