Зошто не им е доволна една? Јас може многу сакам со еден кур да седам, ама јебига не сум идиот. Испив многу вино се извинувам Утре ќе се смеам што сум пишувала по форумов.
Манипулативна лага. Имаш право да се лутиш. И не му е другарка, побогу и јас имам другар па не праќам слики у бикини. Тука има нешто,но важно не дозволувај да те прават глупава.
Монотона ви е врската. Се се сведува на работа,дома и толку. Сега со коронава плус. Затоа тој дреме на телефон. Се согласувам со членката што кажа да престанеш да одиш дома и малце да се дистанцираш да видиш дали си му важна. Доколку ова покаже позитивен резултат покажи му интересни игри за да заборави на телефонот и на работат. Но,доколку пак се навраќа на истото тогаш едноставно не вреди. На мажите морате да им покажете со дела иначе со зборови не разбираат.
Секогаш има исклучоци и не е фино сите да ги ставаме во ист кош. Знам дека некогаш лошите искуства не тераат да имаме такво мислење за целиот машки род, ама да не генерализираме. Факт е дека има доста фини и добри момци.
Не мораш ни ти да бидеш со еден. Консултирај се со дечко ти за отворена врска. Или 'забранете' си еден на друг, се' што ви смета. Колку би била ефикасна 'забраната' е друг муабет...
Еве ме денес мамурна и помалку нервозна. Цело време веќе 4-5 дена го гледав активен на Snapchat, знаев дека пишува со некоја и пробав да влезам ( претходно ми го имаше кажано пасвордот, ама никогаш не ми се случило да гледам) Пробав, не може пасвордот не е тој. Му пишувам на вибер, зашто си го сменил пасвордот? Ми вика тој е бе, не сум сменил ништо. Така 1 цел саат ми викаше. После му реков ајде смени го преку емаил. Па ајде го смени и кога влегов што ќе видам. Он и пред тоа бришел тој цел саат. Гледам со некоја пишувал баш тоа време додека ме убедуваше дека не го сменил пасвордот истиот бил и таа последно му вратила ОК. И знаете на снапчат се бришат разговорите, ама оваа му праќала слики во бикини и он save си правел на сите, и другарка му била. Му реков да ја блокира добро тоа ме послуша. Ама, искрено ништо не ми менува сигурно на WhatsApp ќе пишува пак. Друго, имаше многу девојки шо пишувал истиот ден и вчера, ми вика се заебававме нешто Блокирај која сакаш, имаш право јас само тебе те сакам А, мене ми зборува сериозен муабет за запросување, за поминување животот заедно. Што е оваа работа? Дали воопшто ме сака он? Зошто прави вака а мене ми збори сериозни муабети? Многу другарки имаат ваков проблем, па и општо глобално гледано тренд стана.
Извини но малце ми е смешно. Снапчат користи пишува со други а тебе ти зборува дека ќе те зема за жена? Колку години има 10? Не знам каква ви е врската но мој совет е да не си го упропастуваш животот со ваков тип на маж.. Ако сега прави вака, кога ќе се земете многу се мали шансите да се смени..
31 има Која е потребата да пишува со други, а ме има мене и сака жена да му бидам. Зошто? Зошто не ми вика, абе срце види не сум спремен јас уште сакам да си живеам како 18 годишно маже, не планирам ништо сериозно. Избор ете еден тон има Пред ова да го видам добра беше врската и јас така го гледав.
Прво и твоето е многу опсесивно понашање, но не е тоа темата сега. Те прави будала и слепа при очи и памет. Па, другото е твое. Дали сакаш да те лажат и ќе си останеш со таков или цел живот ќе си трпиш као и на се живо и диво му се пушта, па можеби и те вара. И прекини со љубомората и следењето, општо не знам зашо на мажите толку цена им дигате, пратење со која пишувал, па што правел, па блокирање, не може вака онака, така его си дигаат и затоа така после се понашаат. Во следна врска поработи на тоа поле.
Ако не проверев, од каде ќе знаев дека пишува со други? Ми беше сомнително мислам и ти да беше во таква ситуација ќе провереше.