Блокирај го на сите социјални мрежи и смени си го бројот. Ако продолжи и после тоа. Пријави го за вознемирување. Не си должна никого да трпиш така да се однесува со тебе.
Ако решил да те вара и на други да пишува и главечки да почнеш да одиш па нема да го спречиш. Довербата се гради со тек на време, ако ја нема и треба да му ја мислам и секој ден да мозгам денес да не се пуштал на Милица, утре на Ивана и да не можам мирно да спиам, пиши пропало. Ако стигнеме до тоа да треба пасворди да ми дава и да го следам насекаде, значи дошло време за крај. Чим ме стави во позиција да сумљам за такви работи... За мене тоа не е љубов, туку замарање и нервози што не ми се потребни. Се чувствува ако има љубов, ти пружа сигурност и доверба. Чим сте во оваа фаза, нешто значи не штима. Олесни си го животот и раскини му.
Потполно се сложувам со ова и јас. Ако на некого не му веруваш и чувствуваш потреба да го контролираш и да му проверуваш пораки итн. Значи проблемот не е до него туку до тебе.
@nikibi дали си сигурна дека сакаш да продолжиш во ваква врска? Типов не е за верување, така да откачи го и продолжи си со животот.
@nikibi те молам, те молам направи си услуга и раскини му. Ако на 31 вака се понаша (на ниедна возраст не смее вака да се понаша ама ај), не верувам дека некад ќе се смени. Тоа муабетот со женење му е само колку да се жени пошто ваљда го притискаат годините, ама јас сум скоро сигурна дека ќе те вара ако продолжите. Плус немаш доверба во него, тоа е знак. Ако сакаш да делиш живот со некој во кој секогаш ќе се сомневаш, нема да имаш доверба, ќе те прави будала во здрав памет - ок, остани. Ако не, има буквално илјадници мажи низ светов кои верувам дека би ти биле покомпатабилни за тебе од овој, а и би била посреќна со нив.
@nikibi на 31год си се допишува со женски на Снапчат и му праѓаат слики со бикини уште Сигурна си дека со ваков тип сакаш животот да го поминиш ? Типот те прави будала на очи. Тој не те почитува, ни те цени како прво. Ако тој сега те лажи, понатаму нема да се смени, бетер ќе биди. Типот си игра со тебе, не го дозволувај тоа. Кога во една врска се нема доверба и почит, батали се тогаш.
@nikibi Ај дечково што му е продолжен пубертетов плус едно 10 години , ајде... Ама па ти зашто упорно пробуваш да го сфатиш и да го ''смениш''? Што толку си се затрескала во некој што си игра ку*от со тебе? До толку ли немаш достоинство? Блокирај му број, блокирај го од сегаде и очи да не ти види веќе. Мајмун.
Кај човек што те лаже во очи не помага блокирање на други личности. Ако не е таа, друга ќе биде. Во твојот случај и повеќе биле. Ако имаш барем малку самопочит раскини и продужи даље. За да останеш со некој како него треба или да бидеш тешка будала или ради реда. Те лажел и пак ќе те лаже.
Врската пред ова ни беше добра, беше со мене во многу тешки моменти еднаш го слушнав како зборува со другар му дека е многу среќен со мене и никогаш не се чувствувал така. Ми има помогнато и мене и на моите. Сега тоа што си става лајкови и пишува со другарки му е лошо и не знам дали ќе можам да живеам така. Тоа што ги блокираше и не ми помага толку. Зборевме, му реков дека не иде веќе не му верувам, се брани и ме убедува никогаш не излегол со никоја и немало да излезе ама џабе.
Можеби не си му доволно атрактивна и привлечна па бара утеха во други. Не е само да кажеш гледа други затоа што му шврљаат очите и е женкар.
Човеков те врти како што сака. А не ми е јасно зошто уште го оправдуваш? Што треба да направи за да сфатиш дека не е човек кој ќе ти биде посветен само тебе туку секогаш ќе шара наоколу?
Не го троши времето на него. Чим еднаш почнал да те лаже, толку е. Не му давај втора шанса. Ако немал ништо со "другарките" ќе ти кажал лозинка, или пак ќе ти кажел дека пишува со нив.
1. Недораснат човек. 2. Можеби чувствува некој приврзаност, можеби му е убаво со тебе, но зборот сака мислам е пресилен за некој кој вака се понаша. 3. Има момци кои зборуваат вака поради тоа што знаат дека тој муабет е причина за девојката уште повеќе да му верува и да се зацапа во него. Другиот тип шо го праат овој муабет, се оние што стварно им се брза со женидба зашто мама веројатно веќе нејќе да им готви па си бараат домаќица. Овој твојов, мислам дека е од првиов тип. Е сеа јас тебе нешто сакам да те прашам. Зошто си дозволуваш и општо кажано дозволувате (до сите девојки кои го прават ова) да доаѓате до степен да барате пасворди од партнери за да ги проверите? Толку ли немате гордост, па не ви е проблем вака да се понижувате себеси а воедно да му ги кревате акциите на него? Ако сака да ве изневери, секако ќе ве изневери и додека вие посветено секојдневно ги чешлате сите профили кои ги има по социјални мрежи. Едноставно ако забележите невообичаени реакции, непосветеност на врската, оддалечување, барање причини за расправии, непочитување или некое слично однесување кое не го имал претходно, ете ви знак дека нешто се случува. Повеќе од тоа не ви треба. Еднаш, два пати нешто непростливо и му кажувате чао и убав живот. Едно нешто кое никогаш не треба да го заборавате и откако ќе влезете во врска е дека секогаш ќе се имате себеси, со него или без него. Ценете се повеќе.
Колку што не можам да ги сфатам тие што бараат пасворди, толку не можам и тие што свесно им ги кажуваат на партнерите. Првиве манипулативни, вториве глупи.
Чим претходно ви била ок врската,и наеднаш има промени од негова страна,има некој голем проблем.Седни го направи притисок врз него отворено да ти го каже проблемот,барем да не ти го троши времето.Искрено мислев некаде има 22 до 25 год,али кога прочитав 31 год а ваква несериозност е проблем. Еве јас како воЗрасно маШко ке ти кажам,кога сум бил без женска слободен момак,си играв по социјални мрежи,и имав вакви шеми,си викав кај упали упали,кај не здрави и живи.Но откако ја најдов вистинската особа до мене,со сите работи што сум ги барал во животот,ама ништо не ме интересира.На телефон немам пасворд,сите пасворди ми се зачувани од социјални мрежи и може да отвори кај и душа сака,истото е и кај нејзе на телефон,но не се замараме со пребарувања и замарања дали нешто ке си најдеме,имаме доверба и сме секогаш искрени.Кај вас проблемот е што од негова страна нема искреност,и ти боде нож позади грб.
На почетокот од врската му кажав дека не можам да му верувам одма и он ми ги пиша пасвордите ми рече еве ти ги кога сакаш пушти се, прв пат давам пасворд на некоја ама сакам да ми веруваш. Јас никогаш не му побарав прва. Гледав дека е онлајн цело време и ме копкаше да проверам. Друго немаше чудно ништо, не ми фалеше љубов ни почит.
Морам да реплицирам за едно нешто. Таа пишува дека била во ред врската, и нормално дека ќе смета дека е во ред кога не знаела што се случува. Проблемот е што тој не е дораснат за да има сериозна врска и нема што таа да го убедува.