Ај пак прочитај го мојот пост.Пишав чим претходно била врската ок,и наеднаш се сменила од страната на дечкото,има сериозен проблем.Ако сака да дознае што е проблемот мора да седне со него да зборува,факт е дека не му е дојдено до сериозна врска,или па веќе сака да си е*е други,му здосадила девојката.
Токму тоа што ти ги пишал пасвордите е знак дека е несериозен тип. Никој што сака да гради здрава врска нема да ја гради истата на база на „Еве ти пасворди и проверувај“. Значи ниту го цени твоето време, ниту пак тебе како личност. Тоа што треба да го стори за да му веруваш го занемарува на сметка на тоа ти да изигруваш ФБИ. Тоа е доволен знак со каква личност започнуваш врска. И сега си доведена во шах-мат позиција каде тој ти вели дека не крие ништо од тебе уште од самиот почеток, додека ти со свои очи си прочитала и видела дека не е така. Сега треба да се докажуваш дека си го видела тоа, додека тој те прави будала при здрав разум. Совет: Раскини, ако не сакаш да ти мине животот во непроспиени ноќи и прашалници дали си изневерувана. За идни врски, знај дека тој што те сака ќе најде милион и еден други начини да ти го докаже тоа, а не преку пасворд од профил. **** Престанете веќе со вакво набивање на вина на девојките што бараат совети за некој кој ги изневерува. Какви се овие коментари бе дека затоа што таа не му била доволно атрактивна, па затоа можел да си бара други? Се читате ли некогаш што пишувате?
Морам да се надоврзам на ова. Еве чист пример дека физичкиот изглед нема никаква врска во изневерувањето: Бијонсе се смета за една од најубавите светски жени, па пак маж ѝ ја извара со рандом типка. Избројте до 10 пред да кажете нешто, можете стварно да повредите некој со зборови.
Како е опсесивно, кога е основано? Има право да знае дали ја лажи или не. Подобро сега да открие, отколку после 10 години... во брак и со две деца. @nikibi таков е и готово. Ако не можеш со тоа да живееш, а очигледно не можеш... најдобро ти е да се тргнеш од него. Што побрзо, тоа подобро. Зависи од околностите. Ама чим има недоверба, дефинитивно е време да се размислува за крај. Апсолутно нема врска изгледот, со тоа дали некој ќе те изневерува или не. Од искуство. Тој што е склон на изневерување, ќе изневерува колку и да е 'убава' таа покрај него.
Ми се лошит од вакви "мачо мени" шо сами се фалат дека биле женкари, а тој кутриот женско само од далеку имат видено. Дај нека созреат малце, и нека сфатат дека светот не се вртит околу нив. Прав маж никогаш не се фалит за неговиот минат љубовен живот
Ова не е баш љубовен проблем ама не знам во која тема да пишам. Ми беа превземени слики приватни од мојот телефон и добивам закани дека ќе бидат објавени. За мај се случи, кога бевме во викендица и едната другарка го поканила дечко и и негови 3ца другари. Едниот ми досадува од порано и секогаш го одбивам. На телефонот немам пасворд и додека беше на полнач а јас надвор, он си ги пратил сите. Имам доказ каде он призна дека ги зел самиот без јас да знам. Многу ми е страв да не ги стави негде, да идам во полиција ли? Да се консултирам прво со адвокат?
Го оставив да се полни, буквално 10 минути беше сам телефонот а ние сите бевме надвор. Ни на крај памет дека нешто такво ќе испадне
Пријави во полиција. Дали и заканите одеа преку пораки? Ако да, тогаш сам се за*бал глупакот а тебе ти направил услуга со тоа што сега имаш и доказ.
Прво ми ги прати сликите на маил (лажен маил беше) ми пиша, ќе ти бидат објавени сликите ако не дојдеш таму и таму тогаш и тогаш. После тоа јас бев сигурна дека е он и му пишав, негираше ама го притискав и призна. Ми пиша, да ги земав сликите без да знаеш, имаш против нешто? Ќе ги објавам ако не дојдеш со мене една вечер. Јас ќе идам во полиција ама што ако сепак ги објави, што ќе превземи полицијата? Ако го казнат парично џабе ми е
Епа соочи се ако ги сподели сликите не знам која содржина се, ама не може тој да те уценува и да те присилува на нешто... веројатно сака да имате секс и да го заодоволиш, а и којзнае можеби често че го прави ова. Пријави го во полиција!
Одма пријава во полиција со сите пораки, меилови и закани што си ги добивала. Под хитно ќе реагираат со кривична пријава за него, ќе му запленат се технички уреди на вештачење и на крај ќе биде осуден за измама, закана и изнуда на сексуални услуги. Ќе лежи јако за ова. Не е прв оваков случај во МК што добил оваква разрешница. Ич немој да му се плашиш, само храбро, ќе ја добиеш правдата.
Сигурно ли? Јас мислев нема да се замара полицијата со ова и дека ќе ги објави без разлика. Се плашам
А вака што, ќе дозволиш да те уценува? Ќе се убедуваш со него? И никој не ти гарантира дека пак не би ги објавил, ако не го пријавиш. Мислам можеш да се обидеш можеби преку другарка ти и дечко ѝ да поразговараат со него, ама па може и да ги лаже и да им рече дека ќе ги избрише а да има зачувано копија. Не знам, ама јас на твое место би пријавила. Нема да дозволам некој со два грама памет да ме држи ко птица во кафез.