Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.043
    Допаѓања:
    5.918
    Се надевам :D
     
    На flawless_ му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Sanja.com

    Sanja.com Активен член

    Се зачлени на:
    31 август 2019
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Девојки ве молам за еден совет. Добро би ми дошол совет и од машко.

    Ве молам да ми кажете какви разговори водите со партнерот?
    Мојов во поголем дел од времето си молчи а јас цело време сакам да си разговарам да допрам до него, да ни се спои енергијата. Доаѓа до момент како јас да сум му мајка па сакам со детето да си разговарам да го прашувам, а тој како тинејџер да ме игнорира и лаконски да ми одговара на прашањата.
    Се чувствувам дека го напнувам и колку повеќе не добивам одговори на глупави бош прашања уште повеќе се вознемирувам.
    Да разговараме за спорт не бидува. За што правеле со другарите муабет не бидува. За неговите не бидува. За други луѓе не бидува. За храна и така и така. (сепак јас сум јадела некој јадења што тој не ги сакал) Да разговараме за моментални случувања во државата и општеството не бидува. А од друга страна се буни што не се слушаме во текот на денот. Јас не знам какви теми да измислам веќе. Се чувствувам како некоја напната жена дури и срам ме фаќа. Сепак би сакала човекот што ќе сум во иднина во брак и ќе имам деца да ми каже какви размислувања има за се. И испаѓа дека јас многу зборувам а тој сакал да ужива во тишината.
    За да се дојде до тоа мислам дека треба да се одговорат некои прашања. Сепак врската не е кратка. А типацот си е од стално таков ист.
     
  3. martiiinna

    martiiinna Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2016
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.356
    Пол:
    Женски
    Комуникацијата е нешто што нè издвојува од останатите живи суштества на овој свет, ако не може да се воспостави помеѓу двајца луѓе, и тоа во врска, тогаш пиши пропало.
    Би те советувала да му дадеш до знаење дека сакаш од него повеќе да ти обрнува внимание и да разговара за најразличи работи со тебе или во спротивно не би можела да ја продолжиш врската.
    Види како ќе реагира, дали ќе се потруди повеќе, ќе направи некој чекор плус итн.
    Ако те напаѓа и ти ја префрла топката на тебе, тогаш го користи методот - нападот е најдобра одбрана.

    Еве јас искрено, не би можела да бидам со човек што не разговара со мене, макар и за ситници. Не велам 24 часа дневно да збориме, туку барем одреден период да ми биде посветен на мене и да ми зборува рандом ствари.
     
    На Billy Idol, *Amethyst*, buba4e89 и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.397
    Пол:
    Женски
    Колку време одите?
     
  5. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.778
    Пол:
    Женски
    Прашај го што знае за тебе, омилени филмови, музика која ја сакаш, политички погледи, мислења за други општествени прашања, дестинации каде си патувала, интереси/желби за иднината..
    Ако не знае да ти одговори на овие прашања и не сака да се потруди да ги дознае одговорите, мислам дека јасно ти е што треба да направиш.
     
    На Sanja.com му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Sanja.com

    Sanja.com Активен член

    Се зачлени на:
    31 август 2019
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Дадено му е до знаење и имало некои промени ама ситни што сепак не ја менуваат сликата. И јас не сакам да разговарам 24 часа и ми смета потполно отварање на душа но сепак постепено тоа спонтано треба да се случи. А гледам дека воглавно е исто од почеток до денес.
    Тоа за дека ми ја префрла топката мене тоа е точно и секогаш јас сум крива и се извунувам. Но треба да се земе во предвид дека јас не сум толку силна жена туку сум мирна и не сакам кавги и не сакам да се понашам лошо. Кога и да се спротиставам на некои работи ме прашува што се понашам???

    3+ години.

    Ќе пробам со ова.
     
  7. martiiinna

    martiiinna Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2016
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.356
    Пол:
    Женски
    Епа се додека мислиш дека не си силна жена, мирна си и не сакаш кавги, ќе те дрибла и ќе ти ја префрла вината на тебе.
    Покажи му малку заби и БИДИ силна жена.
     
    На Elf, *Amethyst*, Sanja.com и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Sejfullai

    Sejfullai Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2019
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    14.790
    Пол:
    Женски
    Раскинете
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.397
    Пол:
    Женски
    Уу за повеќе од 3 години не треба да имате ваков проблем. Јасно кажи му дека ти смета што не комуницирате доволно. Ти смета што немате теми, во што е проблемот прашај го. А ако е таков одсекогаш, може е таков и едноставно тешко дека ќе се смени. За 3 години би требало "се" да знаеш за партнерот.
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  10. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.567
    Пол:
    Женски
    Проблемот е во тоа што ти сакаш да оговараш, а тој не сака. Што ти е гајле што правел муабет со другарите? Ти зарем му ги прераскажуваш муабетите со твоите другарки? :^)
    Доволно е да ти каже со кого и каде бил :)
    Се чудам и што има да разговарате за неговите :?: Стварно што е тоа што те интересира за нив?
    Не поставувај такви прашања и сама си кажуваш дека глупави прашања прашуваш.
    Затоа добиваш такви кратки одговори, зашто нема потреба повеќе да разглабате во врска со тие прашања.

    Јас разбирам да поставуваш прашања да те интересира нешто за него лично, да сакаш да дознаеш повеќе детали, ама за него, ама не и за други личности.

    Теми за разговор има милион и една. Можете да разговарате како му поминал него лично денот, не на неговите другари, мајка, татко, баби, дедовци, тетки, стрини, чичковци и рандом други личности. Прашај го како е, ако нешто го мачи разговарајте отворено за проблемот што го има, заеднички најдете решение. Ако тебе нешто те мачи сподели со него.
    Можете да разговарате за книгите што ги читате, за филмовите и сериите што ги гледате, да си раскажете спомени од детството, да се присетите на случки што ви се случувале во текот на врската, па да се насмеете во врска со тоа, да разговарате за одмори и патувања, која дестинација одсекогаш сакате да ја посетите, а сте немале до сега можност, зошто сакате баш таму да отидете, што е тоа што ви се допаѓа, што ве привлекува. Па каков живот планирате да живеете во иднина, кои се вашите желби и планови поврзани со кариерата и приватниот живот.
    Муабет за музика, кој издал нова песна, па дали ви се допаѓа или не, зошто. Да си препорачате музика за слушање. Разговарајте за концерти.
    Зошто не бидува? Следите ли и двајцата спорт?

    Можеш и да го прашаш за омилен цитат, па разврзете муабет за тоа.
    Муабет за гледани емисии на тв, муабет за важни случувања тука и во светот.
     
    На *Amethyst*, Regina.Phalange и flawless_ им се допаѓа ова.
  11. Sanja.com

    Sanja.com Активен член

    Се зачлени на:
    31 август 2019
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Точно е дека не мора да ми пренесува муабети за неговите и ни за проблемите на неговите другари. Но да не ми пренесува никаква информација за неговите родители и да не ме запознае лично во текот на овие години тоа и тоа како е за загрижување.

    Може денот нему да му помине најхаотично или најлежерно ама тој не да спомне ништо за тоа туку ќе ги каже најосновните работи како јадев пиев. Никогаш не ми кажал некој проблем или мака па јас као го тешам за нешто. Никогаш!
    На муабетот што гледаше на телевизија ќе ми одговори филм.
    И јас сега толку безпотребно се напнувам за да добијам информација каков филм гледал човекот.
    Каков спорт и да следиме ми кажа дека никогаш со жена нема да разговара за спорт.
    Колку и други убави теми да смислам ќе одговори дека нема размислувано за тоа. Па размисли сега. Утре. Кажи ми еј за тоа вчера што ме праша размислив.... ама ништо од тоа.
    За музика што знам дека ја слуша секој ден на работа го прашав тој ми кажа дека не ги забележал тие песни и не ги знае.
     
    На cresa-jagoda и Mantub им се допаѓа ова.
  12. Regina.Phalange

    Regina.Phalange Популарен член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2020
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    1.432
    Пол:
    Женски
    И вака е 3 год.? Зошто си уште во врска со него, што правите кога сте заедно? Која ти е мотивацијата за да ја поправиш врската?
     
    На SandStorm, 1209, *Amethyst* и 4 други им се допаѓа ова.
  13. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Прво, да не звучам многу грубо ама кажуваш дека со оваа особа сакаш да склучиш брак во иднина и да имаш деца, ама ти него не го познаваш вистински ако не зборувате за ништо. Не е доволно да знаеш само колку он тебе те сака и се грижи и тоа е тоа, ако не знаеш што му е омилено јадење, ако не знаеш какви филмови сака да гледа, ако не знаеш какви грижи му се мотаат низ главата... 3 години не се малку ( и јас сум во врска долга исто толку) и јасно ми е дека не се отфрла така лесно и затоа нема да ти кажам да раскинеш. Ама седни и разговарај, кажи дека ова вака не го бива, излегува дека вие за ништо не зборите освен некои бош муабети. Утре замисли да живеете заедно (можеби и живеете, не ги прочитав сите коментари погоре) и еве на пример сте во карантин заедно заради мерките со коронава 24 часа, па што ќе правите? Или тестирај го, кажи му дека чим не сака да комуницира тогаш не мора да сте у врска, него да пробате friends with benefits. Чим не сака да споделува ништо со тебе, уопште не мора тој аспект од врската да го отварате, доволни се само „benefits“.

    Епа да ми каже мене со жена не се разговара за спорт, ќе му кажам - оваа жена веќе со тебе не разговара за НИШТО. До каде со овие родови предрасуди од минатиот век, верувај, ова што ти го кажал можеби звучи небитно (нели за спорт нема везе), ама многу ти кажува со каков човек си имаш работа. Внимавај!
     
    На Sanja.com, *Amethyst*, Waverly Raven и 3 други им се допаѓа ова.
  14. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.567
    Пол:
    Женски
    Е ова е веќе проблем, па како сте 3 години во врска? Што правите? Само ќутите ли? Не е мал период 3 години, до сега требало и да ги имаш запознаено неговите родители. Со другарите те има ли запознаено?
    И какво му е бе тоа размислување дека со жена никогаш нема да разговара за спорт.
    Извини вака ама твојов дечко изгледа е со тебе само за секс, не може бе само да ќути и да дава кратки одговори и да биде незаинтересиран за било каков муабет.
    Извини вака ама твојов дечко има ли некое образование? Најсериозно те прашувам. Да не знае ни еден општ муабет да направи.
     
    На Elf, *Amethyst*, Waverly Raven и 5 други им се допаѓа ова.
  15. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Не мора да има некое посебно образование, мојов е со средно па знае да напраи муабет на секоја тема што ќе му ја почнеш, буквално од животни размислувања, политика, технологија, спорт... и обратно, имав дечко што нема везе што имаше економски завршено, кога знаеше да прави муабет само за фудбал, а најмногу за Милан |( (без навреда на фановите на форумов, немам ништо против тимот, имам против да слушам цело време за него)
    Ама во право си, очигледно е со неа од други причини (сега дали од навика или ради секс или нешто трето, само он си знае)
     
    На *Amethyst* и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  16. Regina.Phalange

    Regina.Phalange Популарен член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2020
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    1.432
    Пол:
    Женски
    @Sanja.com да се надоврзам на цреша, дали и ти го имаш запознаено со твоите, со друштво и слично? Колку сте сериозни за врскава, еднакво ли се трудите да успева или проблемите и решенијата само ти ги бараш?
     
    На *Amethyst* и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  17. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    6.694
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно не е за тебе, се гледа дека е искомплексиран типот го забележав откако ти кажал дека со жена за спорт не зборува а за што со жена само секс и ништо друго. Ауу какви имало добро што никој дечко не ми кажал така тоа е омаложување како јас за спорт ништо незнам бог да чува
     
    На buba4e89, piksooki, AAKG и 2 други им се допаѓа ова.
  18. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    6.694
    Пол:
    Женски
    Да сум на твое место кога ке се видам нареден пат ке почнам рандом со нешто јас најчесто правам муабет со нешто што ми се десило спомен интересен, смешен или тажен или за иднината што планира работа, дали сака да се исели во странство итн, ако и на воа е незаинтересиран најдобро одалечи се и снемај контакт и толку. Што се замислува типот со другарите сигурно праве 1000 маабети за се оти нели не си требала да му збореш за другари што правил а со тебе испаѓа само кога има превише слободно време па да блее. Арно не ти е досадно со таков тип..
     
    На piksooki и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  19. Tea678

    Tea678 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2018
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    5.372
    Пол:
    Женски
    Стојам пред раскрсница буквално не знам ни каде ни како со животот, пишував и предходно дека запознав еден дечко од Бг, излеговме зборевме, буквално три саата ни поминаа како три минути, како да се знаеме цел живот, убаво ми е со него и тој ми рече дека сум една од ретките кои ги запознал како мене, културна, фина, дека не сум му била досадна итн, секој ден збориме по 4-5саати се согласуваме за доста раб, проб е што он сака да се преселам кај него, да не се враќам ајде тоа не е толкав проб, изгледа доста озбилен, мене повеќе ме кочи неговата професија т.е. што работи како војник и самиот ми рече, ако сакам нешто сериозно морам да му ја прифатам и раб, дека во секој час може да му се јавуваат да иде на раб, дека некогаш ќе го нема и со недели и дека некогаш недај боже може никогаш да не се врати, реално гледано цел живот е ризик ако така размислува човек ама не знам некако од кога ми го кажа ова не ми е баш сеедно, од друга страна не сакам да се откажам туку така, прв пат среќавам некој со кој оживеав на некој начин и се пронајдов себе си, не знам што да правам, не сакам да го завлекувам и да му трошам време ама не би ми било исто без него(facepalm)
     
  20. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.397
    Пол:
    Женски
    Многу едноставно. Одлучуваш што ти е поважно. Да бидеш со него и покрај неговата професија, или сакаш дечко кој не е во таква специфична ситуација. Му кажуваш. После тој одлучува. Дали сака да биде со тебе и евентуално да смени професија, или нема да менува и по цена на врската. Значи ако ти е многу поважно да останете заедно, ќе мораш да се помириш со тоа. Ако не можеш да се помириш, му кажуваш дека не можеш да се помириш и тој после ќе ти каже што мисли тој, дали би прекинал тоа да го работи или не.
     
    На Alisa22 и Tea678 им се допаѓа ова.