И јас имав ваков дечко. Му пречеше ако се смеам со друго машко. Викаше позади грб сум му праела работи?? Му викав дека воопшто не ни памтам за што сме разговарале со тој другиот ама во моментот ми било смешно, па сум се насмеала. Ама според него лажев, будала сум го правела. Нема ништо полошо од тоа некој да те прави ТЕБЕ будала при здрав памет и да ти наметнува работи кои ти не си ги направила. Пробај разговарај ама сериозно, кажи му дека ако не се промени, ќе го напуштиш. Тој мојот демек се смени ама на крај испука и го оставив истиот ден.
To go navediv kako primer od mnogute raboti sto ne mi se svojstveni za toa sto go baram jas od maz. Ne e kako ostanatite dobro golem del od mazite, ima nekoja zenska "zicka" i toj e sam svesen za toa.
Колку време сте заедно ако не е тајна? Кога примети дека има женска "жичка"? Кога почна да ти смета истата и зашто?
Доколку е таков, тоа си го гледала пред да почнеш да бидеш со него. Не разбирам зошто, кога очигледно ти смета Кажи му дека не иде повеќе, сте избрзале и толку.
Pa kratko dva tri meseci.. Mislev deka nema da mi bide tolkav problem bidejki e dobar, se slozvavme, razgovaravme za se, me razbirase..
Значи сепак било проблем уште и пред да бидете заедно. Грешка е од твоја страна што си влегла во врската надевајќи се дека он ќе се промени. Единствено ти останува да ја прекинеш оваа врска штом не можеш да го прифатиш таков како што е, но во никој случај немој неговиот начин на живот да ти биде аргументот зашто го оставаш, можеш многу погрешно да бидеш сфатена, ако веќе не си. Како што те советуваа другите членки, кажи му дека нема хемија меѓу вас, не се гледаш со него во долга врска и тоа е тоа. Нема потреба од навреди особено ако дечкото према тебе постојано бил фин и културен.
Колку време сте заедно и дали си направила нешто за да има недоверба олкава во тебе? Ако ништо сериозно не се случило, тогаш братот си е болно љубоморен и посесивен тип.
Заврши ја врската како што ти кажаа и други. И јас имав ваков дечко, значи психопат. Ми викаше зошто се шминкам, за други ли да ме гледале, за него и без шминка било ок. Зошто се поздравувам со машки, каде ќе одам, да се јавам кога ќе се вратам, не сум давала да ме прегрнува во јавност ( не дека не давав, туку беше претерано досаден, не сакам јас такви лигавења) за да мислеле другите дека сум слободна и уште милион работи, да не набројувам. Нема доверба тука, си има тој проблем со себе, можеби мисли дека сите се ко бившата негова. Ова е претерана контрола, такво однесување не е нормално. Бегај додека не си заглавила, па да завршите со полиција како мене.
@Rebele Падната самодоверба, скршено его, страв да не го снајде истото. И да пробаш да го смениш, проблемот нема да може да си го искорне. Најдобро решение е да раскинете, а тоа го кажа и самата. @Youknow свесна си дека си влегла во врска со некој што ти одговара како пријател, а не и како дечко? Тоа што се грижи за својот изглед повеќе, не значи дека е помалку маж. Дечкото можебо израснал со повеќе личности од женскиот пол, затоа можеби ја има таа жичка. Доколку не сакаш да си со него, кажи му дека сте избрзале, дека нема хемија, повеќе ти одговара и го гледаш како пријател. А потоа он ќе одлучи дали ќе сака да ти остане пријател или не.
Секогаш имаше доза на љубомора ама беше онаа слатка, нормална љубомора. Јас веќе одамна размислувам дали да продолжам со него, имаме историја и поминато многу заедно, ама со оваа љубомора све уби.
Ова може само на полошо да оди, на подобро во никој случај. Дечкото нема да се смени и ќе сака и понатаму да те контролира. Заврши што побрзо.
Тешко се менува љубомора кај луѓе што се свесни дека се љубоморни, а кај луѓе што не се ни свесни дека имаат проблем и што ти викаат ова не е љубомора, не се менува воопшто.
@Rebele кога бев тинејџер ( неполни 15 години имав ) бев во врска со еден дечко , што на почетокот беше фин и културен , воопшто не покажуваше љубомора . После месец од врската , почна да ми забранува да се дружам со други луѓе индиректно ( на секој одмор во училиште беше со мене , буквално не можев да дишам ) . Јас го забележав тоа , и почнав да го прашувам зошто сме нонстоп заедно , сакам да направам муабет и со другарките и со другарите , можеби имаме некоја тајна . Тој разговор премина во голема расправија , што заврши со шлаканица од негова страна . Да , тој ми удри шлаканица . Не останав покуса , му вратив и тука ставив крај . Секако , не бев горда на тоа што му удрив шлаканица , ама заслужи ѓубрето . Подоцна ми создаваше проблем што буквално ме следеше наоколу , го гледав на места каде тој никогаш не би отишол . Секако , јас после него имав и други дечковци , и дури ми направи проблеми со последниот ( т . е повеќе на себе си направи проблем , ме навредуваше пред дечкото , по што изеде ќотек од него , надвор од училиштето , што јас не оправдувам секако , ама тој заслужи ) . Оттогаш не ми се доближи веќе . Денес после повеќе од 7 години од настаните , секојдневно го сретнувам ( се омажив со последниот дечко , а тој живее во наша близина ) , но кога ќе ме види бега на спротивната страна од патот , и врти глава . Твоето е токсична врска , и гледај што побрзо да се спасиш од типот . Што и да си направила за да нема доверба во тебе , тоа се решава со разговор . Ако тој не ти верува , подобро е да ти каже : " Девојко јас немам доверба во тебе , да раскинеме на време , да не се измачување " , отколку вака да те мачи . Реши го проблемот што побрзо , пред да дојде до психичко и физичко насилство . Тој што бев јас со него , многу рано си го покажа вистинското лице , после само месец и половина . Затоа и сум му благодарна на Бога , што ми удри шлаканица , барем навреме сфатив што сурат е . @Youknow јас влегов во врска само затоа што некој беше добар со мене ( се дружев со детето една година , и бевме само другари и ништо повеќе , се додека не почна да ми се додворува ) . Секако , и двајцата свесно влеговме во врска што знаевме дека нема да успее , бидејќи јас уште пред да влеземе во врска ги разграничив работите , му ставив до знаење дека јас немам симпатии кон него на таков начин , го гледам како другар . По две недели раскинавме . Изгубивме и пријателство и се што имаше меѓу нас . А додека бевме во врска , не се ни бакнавме како нормален пар ( продолживме да се " поздравуваме другарски со бакнеж на лице " ) , бидејќи јас не бев спремна за таков чекор . И јас мислам дека дечкото повеќе би ти одговарал како другар , но не и како партнер .
Здраво на сите, сакам да ве прашам за мислење. Веќе подолго време јас сум заљубена во роднина на мојата најдобра другарка. Не сме од ист град но тоа не е проблемот, најголема пречка е нашата разлика во материјален поглед. Неговото семејство е многу угледно и материјално богато, додека јас средно. Срам ми е да му пријдам на таков начин затоа што мислам дека само ќе се засрамам. До сега сите негови бивши девојки биле многу богати од угледни семејства. Дали може да ми дадете совет што би правеле на мое место и како би пробале да му пријдете?
Му пробуваш да му пријдеш исто како што би му пријдела на секој друг. Најголема пречка е твоето гледиште, а не материјалната разлика.
Пречка ли е тоа? Мислиш гајле ќе му биде него каков е твојот финансиски статус? Нема. Не го гледај така и пријди му како што знаеш ти.
Девојко ако ти се допаѓа, пријди му. Не си се потценувај на некој начин самата себе. Биди сигурна во себе и искажи си ги чувствата...Со среќа