1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Ladybug2436

    Ladybug2436 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    647
    Пол:
    Женски
    Заедно сме со партнерот повеќе од 5 години, врската ни е топ, навистина сум пресреќна кога сум со него. Има само една мала работа што малку го попречува развојот на врската. Многу пати имаме зборувано и правено планови да почнеме да живееме заедно, но партнерот вели дека моментално не е спремен од финансиски аспект бидејќи зема минимална плата. Јас потполно го разбирам па затоа се понудив јас да ги сносам повеќето трошоци бидејќи имам поголеми примања од него, но не сака да чуе, вика дека така не е фер спрема мене. Секако со сегашната ситуација со вирусот оваа тема не е приоритет, но сакам да слушнам мислење. Дали треба само да чекам да се подобри неговата финансиска ситуација или треба да направам нешто друго?
     
  2. Stark

    Stark Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    4.737
    Допаѓања:
    15.254
    Пол:
    Машки

    Обично викаат се плашиш од тоа што ти всушност го мислиш. Да направиме споредба, хипотетичка.

    Дали тебе ако ти пријди посиромашен од тебе, би го одбила?
    -Најди си го одговорот сама и со среќа.
     
    На KetiLl и LadyLollypop им се допаѓа ова.
  3. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    И јас сум во слична ситуација (со таа разлика што ние сме во врска пократко од вашата) па сакав да ти одговорам. Прво нешто што треба да се разгледа е дали не живееме заедно со нив зашто не сакаат или зашто реално не можеме. Е сега ако си убедена дека е второто, дека навистина проблемот е во минималната плата, тогаш тоа е скроз логично размислување од негова страна искрено. Следен чекор би било да пробаш да го поттикнеш да бара друга работа која би била повеќе платена и отворено да му кажеш дека посакуваш да живеете заедно и дека се додека има минимална плата, тоа е неизводливо. Те разбрав дека си спремна да ги покриеш трошоците и тоа е многу симпатично од твоја страна ама сепак, не е баш толку едноставно. Еве сега на пример, сме насред корона криза која доведе и економска криза. Не дај боже тебе да ти се намалат приходите, тогаш што правиме? Или на пример, ако одлучиш да ја смениш работата? Едноставно мора и другиот да придонесува за заедничкиот живот, а со минималната плата тука тоа е невозможно :(
    Инаку ти ја разбирам потполно желбата за живеење заедно, посебно после пет години. Јас па нив не ги сфаќам како не им паѓа на памет во подолги врски да направат чекор што ќе ја придвижи врската нанапред. За живеење заедно нема пари, за прстен било рано уште, а мене па стагнација ме оладува скроз, може да ме доведе до желба да раскинам. Така да, и нас често не ни се погодува (facepalm)
     
    На *Amethyst*, Mantub, Ladybug2436 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Ladybug2436

    Ladybug2436 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    647
    Пол:
    Женски
    Се согласувам, со економската криза ништо не е 100% сигурно, уште утре може и мене да ми намалат плата или не дај боже нешто полошо, па затоа овие планови ни се ставени на пауза. Само ме плаши фактот до кога би била таа пауза. И многу ми е жал кога слушам дека има и некој друг што се соочува со слични проблеми, бидејќи навистина е тешко посебно кога желбата е присутна а можностите се тие што се.
     
    На x.Daisy.x, Annora и CharmedGirl им се допаѓа ова.
  5. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Нема откажување никако. Прво нека помине ситуацијава периодов па потоа отворено зборувајте на темава и види дали се согласува да побара нова работа. Пет години врска не се малку и рече дека ви е супер заедно, значи и тој го посакува истото и сигурна сум дека ќе се потруди да се реализира во блиска иднина.
     
    На Ladybug2436 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    А како функционирате досега? Ти со платата твоја се издржуваш, тој со неговата. Зошто да не може да продолжете? Не знам до кај сте со врската, ама секогаш едниот ќе зема повеќе од другиот. И секогаш постои голема веројатност дека едниот може минимална да зема. Ако се одлучите да живеете заедно, според мене нормално е да се делат трошоците на некој начин. Пример, јас и маж ми живееме заедно и никогаш не ни текнало да се одделиме ако некој од нас земал помала плата. Идејата е парите да се доволни за двајцата. Кој колку зема не е битно. Денес тој има поголема плата, утре може јас ќе имам. Не разбирам како функционирате досега? На пример тој ако поминува со минималната плата, ти поминуваш со твојата, зошто да не го правите тоа заедно?
     
    На deskarada, x.Daisy.x, Regina.Phalange и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Ladybug2436

    Ladybug2436 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    647
    Пол:
    Женски
    Досега парите не биле проблем бидејќи и двајцата живееме со нашите. Покомплицирано е од финансиски аспект да бараш стан под ќирија со минимална плата и да кажам само една "нормална" плата. Затоа викам, не е проблем кој колку зема туку проблемот е како да најдеме решение каде што партнерот би бил океј со оваа ситуација. Според него, не е фер јас да ги сносам голем дел од трошоците.
     
  8. Different7

    Different7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2016
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    474
    Пол:
    Женски
    Барајте стан според неговиот буџет или не е возможно тоа?
     
  9. Stark

    Stark Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    4.737
    Допаѓања:
    15.254
    Пол:
    Машки

    Па на крај краева кога не е фер да го сносиш поголемот дел од трошокот, нека се снајде за подобра работа, нека напредува или нека смисли за дополнителни приходи...
     
    На *Amethyst*, piksooki и CharmedGirl им се допаѓа ова.
  10. Ladybug2436

    Ladybug2436 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    647
    Пол:
    Женски
    Се понудив да го направиме истото, но во секое сценарио јас ќе треба да ги сносам поголем дел од трошоците. Според него, тоа не е фер спрема мене.
     
  11. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Леле. Како може да не е фер кога ти се нафаќаш. Не фер ќе беше тој да те притискаше. Ова мене повеќе ми изгледа како тој да не сака жената да носи повеќе пари од дома, нели мажот "издржува" фамилија, матрица е таа вкоренета длабоко.
     
    На Nausicaa, Different7, BloodElf и 5 други им се допаѓа ова.
  12. martiiinna

    martiiinna Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2016
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.354
    Пол:
    Женски
    Го делам истото мислење. Сигурно ќе му се уништи егото ако дозволи жената да биде повлијателна врз домот.
     
    На Different7, piksooki, LadyLollypop и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.806
    Допаѓања:
    25.082
    Пол:
    Женски
    А нели е возможно да ги споите финансиите на двајцата и едноставно да ги разделите , на пример овие 3000 за струја , 9000 ( не знам колку изнесува сумата за стан во вашето место на живеење , зедов цифра отприлика ) за кирија , 2000 за телефон и интернет , 1500 за вода , останатите пари за храна и лични потреби . Партнерот во меѓувреме може да бара друга работа што е повеќе платена , или да напредува ( ако работното место го дозволува тоа ) на веќе постоечката работа . Со многу поддршка од твоја страна и вложен труд од негова , би требало да успее :) . Нека се среди малку состојбава со кризата , па разговарај со него , кажи му дека воопшто не е важно кој колку зема , важно е дека сакаш да си со него и да го поддржуваш за да стане најдобрата верзија од себе . Мислам дека ќе биде малку тешко да го убедиш , но се надевам дека ќе успееш . Со среќа , па пиши што се случи , дали конечно ќе ви се исполни сонот :)
     
    На *Amethyst*, cresa-jagoda и Ladybug2436 им се допаѓа ова.
  14. flawless_

    flawless_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2020
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Не знам како се движат ратите на кредити за стан, распрашајте се убаво. Доколку не ви одговара да земете помал стан, некое време додека да соберете повеќе пари може и под кирија. Па луѓе со една минимална плата издржуваат семејство, за двајца и две минимални плати се доволно за скромен живот :)
     
    На cresa-jagoda, Ladybug2436 и piksooki им се допаѓа ова.
  15. Ladybug2436

    Ladybug2436 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    647
    Пол:
    Женски
    Партнерот уште пред една година почна да разгледува и други опции за да оствари дополнителни приходи, се одлучи за работа која му била сон уште од мали нозе, но тој процес оди доста бавно. Јас секако постојано го поддржувам и поттикнувам да си ги разгледа сите опции и да не се откажува.
    Верувам дека ќе биде малку потешко да го убедам посебно поради фактот дека тој е израснат во доста конзервативна и религиозна фамилија и овие принципи и морали му се вметнати во потсвеста уште од детството. Секако, не би сакала да го "менувам" или присилам да го смени мислењето за динамиката помеѓу маж и жена, посебно поради фактот дека премногу ме почитува и ме става на прво место поради тоа.
    Затоа можеби најдобар план би било да разговарам со него откако ќе има барем малку повисоки приходи каде што би можеле да постигнеме одреден компромис и да ја направиме математиката. Како што кажа, можда ќе биде тешко да го убедам, но секако не се откажувам и ќе ве известам :)
     
    На CrazyGirl15, Different7, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  16. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.806
    Допаѓања:
    25.082
    Пол:
    Женски
    Штом веќе почнал да разгледува и други опции за работа , тоа е еден чекор понапред . Колку и да е бавен процесот , еднаш мора да се оствари . Убаво кажа , не труди се да го менуваш , и мојов сопруг е сличен на дечко ти ( кога сме кај воспоставување ) , не дава со негова плата јас да платам во кафич . Под маса зема пари , плаќа , пак ги враќа во мојот новчаник ( тој нема навика да носи новчаник со себе , иако има 3 дома ) . И никако не можам да му ја сменам таа навика . Уште од кога ми беше дечко не дозволуваше да платам јас , барем мојот дел од сметката во кафич , ден денес е таков . Така се воспитани едноставно и нема што да се прави тука . Ајде , после состојбава , се надевам ќе му тргне на подобро со работата и ќе најдете заеднички компромис , од кој двајцата ќе бидете задоволни на крајот :) поздрав и само продолжи да му бидеш поддршка , тој го цени тоа , дури и ако не ти кажува :) . Имај убав ден :hug:
     
    На Ladybug2436 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Ауф... никако не смее да биде повредено кревкото машко его.
    Шо прај разлика кој плаќа?
    Тешки да имам јас да плаќам.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  18. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.806
    Допаѓања:
    25.082
    Пол:
    Женски
    Не е до егото , до воспитувањето е . Така ги воспиале од деца .
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Патријархалното размислување дека мажот е the breadwinner
     
    На CrazyGirl15 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  20. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.806
    Допаѓања:
    25.082
    Пол:
    Женски
    Точно . На тој начин се воспитувани . На пример мене мајка ми ме воспитала да заработувам колку можам , ако можам повеќе , одлично , ќе можам и јас да допринесува за добросостојбата на домот и семејството . Ако не , барем за основните трошоци да можам да ги покривам ( храна , облека , телефон или други комуналии ) . Него го воспитале дека тој мора да има поголема плата , за да може да издржува четиричлено семејство . Ако нема доволно финансии , тогаш мора да најде подобра работа што ќе биде подобро платена . Кај мојте тоа не бил случај .