Нема врска јас знам бракови каде жената плаќа се и само она работе и па е испонижувана а мажо дома само пиење и јадење мрзе го да работе. Тоа кој плаќа посебно во врска со некој да си го гледам повеке искористување не патријахално размислување.
Додека од дома ги воспитуваат дека како машки треба да имаат поголема плата за да го издржуваат семејството и додека во учебниците во образовниот процес жената е претставена како домаќинка, а мажот чита весник и е глава на домот ќе биде вака и ќе има недоразбирања на тема заеднички финансии. И обратно додека од дома го воспитуваат тоа машко да најде побогата партнерка, а таа побогатата дома ја воспитуваат дека машкото е тој што треба да заработува повеќе пак ќе го има истиов проблем. Поентата е дека напредуваме, модерни времиња ама на некои фамилии домашното воспитување и образовниот процес си тапкаат во место. На крај на краиштата се е договор и компромис меѓу двајцата, затоа е заедница, заеднички да се договараат и донесуваат одлуки за се, вклучувајќи ги и финансиите.
Здраво дечки имам еден проблем пред 1 недела и 2 дена се видовме со едно момче и од тогаш као демек заедно сме, ама сеа кога ќе размислам поубаво неќам да бидам со него пошто деното кога се видовме прв пат многу избрзав и прифанав врска но сепак неможам да бидам до него, многу е некомуникативен, ништо не прашува за мене, ништо посебно не пишиме освен кога ќе се видиме плус несакам да бидам во врска и од тогаш веќе цела недела се немаме видено. Како да му кажам дека неќам да бидеме заедно?
Кога ќе те побара, или преку телефон или во живо ќе си разговараш и ќе му кажеш дека не сакаш да брзаш, ти треба време, не може од едно гледање врска и ќе видиш понатаму како ќе се одвива разговорот. Ако не ти одговара нема што да се мачите и двајцата.
А зошто е тешко да му кажеш онака најискрено и отворено, како овде што пиша, дека не сакаш да си со него и да му ја кажеш причината? Ставање на игнор и избегнување комуникација и средби не е начин да му дадеш нешто до знаење. Само искрен разговор.
Со дечкото сме пола година во врска се е супер до сега, но разбрав дека се фалел по другари за интимни работи од кревет. Кажувал како креветот се расипал од односи и слично. Како би постапиле вие во оваа ситуација. Ве молам за совет многу се изнервирав.
Сељак ,сака да се покаже као јакиот ебач. Разговарај со него очи во очи и прашај го директно зошто го направил тоа и кажи му како се чувствуваш во врска со тоа.
Прашај го зошто така зборувал и кажи му дека ти смета. Интимноста меѓу вас не е само негова и ти си дел од сето тоа и треба да припази што зборува, а не да се фали наоколу, макар и само на најдобрите пријатели да го кажал тоа, не е коректно. Затоа е приватност и не сè е за јавно споделување.
Јас не би била со личност која пренесува и кажува за тоа што се случува во врската и во кревет, многу незрело однесување. Не би имала доверба дека тоа нема да се случи пак. Кажи му дека со тоа што го направи испадна идиот, а не фраер.
Јас да сум ќе му кажам ти не заслужуваш да бидеш со мене, треба некој што е мнооогу позрел од тебе и има памет..а сега чао и однесувај се како да не постојам..
Вистина е случајно видов на чат пратил слика од кревет скршен другар му го прашува што е тоа он му враќа од многу с...
Зависи која возраст сте и ти кој впечаток сакаш да го оставиш кај другарите. Кога си помлад, ова изгледа деликатно, ама имај на ум дека 99% од машката популација збори на вакви теми со другарите. Сељачки е изразот со "искршениот" кревет, ама дека се фали на другари дека практикува секс, се фали.
Како вие никогаш да не сте се пофалиле на другарки за добар секс, количина на секс, траење на секс и слично па сељачки велите дека е. Исто како и жените што зборуваат со другарки за нивните врски, интима и проблеми, машките зборат за секс, може не во детали и ама зборат и помирете се со тоа. Е сега може на заебанција го пратил креветот скршен, а не како фалба, барем јас не би гледала вака на тоа, зависи и од текот на остатокот од разговорот, зависи и од тоа која возраст сте и сл. Јас барем често се шалам на тема секс со другарките, не знам за вас. пример безвеза, ќе речам не спиев цела ноќ, тие ќе речат многу работиш со маж ти значи и така, не гледам на тоа како на фалби. Ако сте возрасни и зрели и другарите нема да го сфанат и ова како фалба, туку како заебанција. Ако се деца ќе го сфанат како фалба и навреда на твоја сметка. Не знам мене повеќе би ми било проблем што ми чепкаш у телефон него ова.
Девојки имам дечко кој што многу ме сака и на секој можен начин го докажува тоа. Ама проблемот е друг. Пред месец дена една на инста ми пушти дека и барал слики и напнувал, тој акаунт е за слики такви работи, знаете и не е од овде таа . Не добил слика, му простив, го сакам. Се оправда дека е исто како да гледа видеа па затоа барал колку само да заврши работа, ама мене не ми е ни под точка разно исто. Да напнува за слики? И добро го избриша тој профил. Сега случајно го отворив неговиот инста акаунт и гледам следи исто такви профили и милфици можам да ги наречам, и помлади. Се сомневам дека има нешто, сум разговарала со него многу пати и ми вика нема ништо не пишам на такви акаунти. Знакчиња за ѓаволи пак тие акаунти една грозота со цицки испечена. Не можам да го истрпам ова стварно. Сигурна сум дека си имаат пишувано и таа го следи. Го пишав ова касно зашто не можам да заспијам се нервирам и мислам.