1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Different7

    Different7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2016
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    474
    Пол:
    Женски
    Не дозволувај да те прави будала и да те зема здраво за готово. Ако пишувал со една, ќе пишува и со други. Цени се повеќе себеси.
    Можеби е само слика, ама со тоа покажува огромна не почит спрема тебе.
     
    На Nausicaa, Maca***, x.Daisy.x и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Stark

    Stark Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    4.737
    Допаѓања:
    15.253
    Пол:
    Машки

    Каква работа да заврши бе?

    Инаку нека не те мавта, ако се од мкд и реални (наместо оние порно глумицине), не е тоа љубов што ти докажувал и што му веруваш, ако стварно те сака, доволна ќе му бидиш ти. ;)
     
    На Konfetka, tijanana, Youknow и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Те сака ама напиња други женски за слики и им пишува...
    Покрај толку порничи, нашол да бара слики од женски во близина, мхм, нека не продава вакви глупи причи... |(
    Не е исто ова со гледање порничи. Буквално пишува на други. И ова е некој начин на неверство, не мора физички да те изневери за да е неверство, доволно е и умствено веќе шо така помислил.
    Боже, гад, мене би ми се згрозил после ова и ќе го избришам од животот.
    Не те заслужува ваков, не те цени, нема почит према тебе уште и муабетите шо ти ги врти, бљак. :puke::puke::puke::puke:
    Извини вака ама типичен сељак. :tmi:
     
    На Nausicaa, sparklie, Moon.Girl и 17 други им се допаѓа ова.
  4. Liu

    Liu Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2016
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    2.498
    Пол:
    Женски
    Не знам баш искрено дали те сака кога бара слики од други реални и плус им пишува за да си заврши работа тој. Дури си ја врши работата сигурно на тебе не мисли. Многу мизерно оправдување е тоа само да завршам работа. Мани го што побрзо и не биди толку сигурна дека те сака, тој на секој начин од било кој профил гледа да искористи некоја на сексуален начин. Извини ама да молиш и да малтретираш девојка за да добиеш слики и да го дрвиш на неа ми е многу манијачки...А ти не дозволувај да те понижува пред други и во очи да те лаже. Ова однесување ми е многу детско, ако сте тинејџери, тој е млад и сака да проба со други веројатно има и фантазии ама ја претерал со сликите. Ако сте повозрасни 25-30 типот не е тачен. Штом пишел со неа, пишува и со други и со ова докажа дека не е човек на кој можеш да му веруваш.
     
    На Konfetka, Billy Idol, tijanana и 9 други им се допаѓа ова.
  5. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.808
    Допаѓања:
    10.921
    Пол:
    Женски
    Какво завршување работа бе? Типот те изневерил. Денес неа ќе ја присилува да се слика утре што? Утре тебе ќе те присили на секс? Воопшто не знам па колку слободно си го ставаш тоа „Да заврши работа" во ист ред со „Ме сака". Тој може те сака до некаде на некој начин ама на неубав начин. После ова ти никогаш нема да имаш доверба во него. И не треба затоа што ќе се повтори а сигурно веќе и се повторило.
    @angelche16
     
    На tijanana, Alisa22, *Amethyst* и 5 други им се допаѓа ова.
  6. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Не го гледам како неверство,ама да сум на твое место истото ќе го направам. Ќе си направам акаунт,ќе си ставам секси слика и истото што го прави тој ќе го правам јас.
    Ама прво важно е тој да биде у твоја близина кога ќе го правиш акаунтот за да му текне колку е тоа неправилно и колку е понижувачко. Ќе сфати,веруј ми.
     
  7. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    6.561
    Пол:
    Женски
    Не можам да се сложам. Зошто би паѓала на негово ниво, само за да докажи поента? Ако имаат здрава врска и комуникација, би требало да можат проблемот да го решат со разговор. Е сега колку е здрава врската се гледа по постапките на типот, мада во секој случал јас лично не би се понижила на таков начин да правам акаунти, да ставам свои секси слики и да пишувам на луѓе, кога тоа не сум јас.

    @angelche16 Немој да бидеш наивна во врска со ситуацијата, едно е да гледа порно, а сосема друго е да пишува на девојки и да им бара слики. Посебно е проблем фактот што ги повторува истите грешки, иако знае дека ти смета и сте разговарале на таа тема. Овој пат немој да бидеш попустлива, кажи му јасно и гласно дека ќе те изгуби ако продолжи тоа да го прави.
    И каков е всушност тој акаунт? Зошто воопшто го има?
     
    На sparklie, tijanana, Youknow и 7 други им се допаѓа ова.
  8. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Си слушнала за “памти па врати”.
    Разговарале тие ама без исход си кажа самата.
    А за понижување тој повеќе ја понижува отколку таа него.
     
  9. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.808
    Допаѓања:
    10.921
    Пол:
    Женски
    Да на сите на чело им пишува се. Никиј досега не си го сменил карактерот во текот на една врска и не се променил на полошо.
     
    На Konfetka, S.W.A.G, *Amethyst* и 2 други им се допаѓа ова.
  10. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Која здрава врска се одвива на ,,памти па врати"? :^) Ако има проблеми, секогаш има начин, ова е толку незрело и детски.
    Плус, што има да се понижува сама себе и да праќа свои слики само за да му поентира на типот?
    Што ќе постигне со тоа?
    Магично ќе престане тоа да го прави и божем ќе сфати што губи?
    Доволно направил за да е свесен дека довербата во него е разнишана а ако сака да ги поправи работите сам ќе го иницира тоа и ќе си ја сфати грешката, која и не е така лесна за прескокнување.

    Таа нема никаква вина ниту па гледам поента во твојов совет.
    Ако одлучи да раскине, нејзина одлука, воопшто нема логика да се спушта на негово ниво и да му докажува нему, кој нема грам совест и осет што прави, ниту му е гајле како таа ќе се чувствува.

    И да, не секој сака така лесно да дели секси слики наоколу.
     
    Последна измена: 26 мај 2020
    На Juicy, sparklie, Billy Idol и 19 други им се допаѓа ова.
  11. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    6.561
    Пол:
    Женски
    Ако разговорот е повторно без исход, секогаш има избор да стави крај на таа врска наместо да се бламира себеси со постирање секси слики и пишување со непознати.
    Ти сериозно би го направила тоа?

    Убаво ти објасни членката над мене и тотално се сложувам со тоа што го напиша.
     
    На sparklie, S.W.A.G, tijanana и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    И пишал на друга девојка да му пушти слики и ти му прости пошо го сакаш. Дечко ти е од оние на кои им се смееме по теми на форумов. Непристојно е да го правиш тоа без девојка, со девојка е скрос забрането. И како му го прости ова не те разбирам.
    И не слушај совети од типот "и јас ќе се сликам и објавам". Поголемо бламирање нема. Биди зрелата личност во ситуацијава
     
    На S.W.A.G, tijanana, waterllady и 8 други им се допаѓа ова.
  13. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Океј,темава е за совети. Јас не реков да прати секси слики туку да стави една. И верувам дека нема да ја стави ни таа затоа што тој нема да и дозволи.
    Секој има различен начин на советување,не мора веднаш да ми се фрлите. ;)

    П.С. Незрело и детски е на секој проблем да викате Раскини,секоја врска има проблеми и можат да се решат на повеќе начини.
     
  14. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.808
    Допаѓања:
    10.921
    Пол:
    Женски
    Да така е но има и проблеми кои не треба да бидат решени. Секако таа најдобро си знае.
     
    На Billy Idol, Annora, *Amethyst* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    А најглупо е да се осудува со коментари дека го сакала,му простила и тоа е. Тоа е голема храброст да простиш за нешто,што значи дека они може и немале проблеми претходно и врската им била цврста.
    Не осудувајте некој кој се решил на таков чекор.
     
  16. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.808
    Допаѓања:
    10.921
    Пол:
    Женски
    Не е! Извини ама да простиш е една обична глупост! Јас разбирам да простиш нешто од типот „ќе одиме таму и таму ама да му испадне нешто па да се откаже". Разбирам да простиш и нешто друго во контекст на она погоре односно нешто што не ме допира толку многу и што не ја разрушува мојата доверба. Ама да ми простуваш изневерување, насилство и тн не е во ред и никако не би го поврзала со храброст туку со глупост.
     
    На H.VAGA, Billy Idol, S.W.A.G и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Maro87

    Maro87 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    5.398
    Пол:
    Женски
    Ахх бе девојко, види разговарај со него убаво, седни го и кажи му дека ова што го прави не е во ред. Кажи му отворено ако навистина ме сакаш, зошто го правиш тоа со други девојки, зарем јас не сум ти доволна па нели ме сакаш. Ако не се гледате често поради ситуацијата, му фали онаа работа како што вика, што не побара од тебе слика...ако сте подолго заедно..
    Не ми е јасно ако те сака, зошто еве од тебе не побара. Да ти каже срце прати ми слика ми фалиш...Разговарај отворено..
     
    На *Amethyst* и buba4e89 им се допаѓа ова.
  18. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    А што има толку трагично ако се пофалил со сексот?! Ако те почитува, сака да е со тебе, каква врска има фалбата.
    Зарем ние жените не се фалиме на другарки? И ние се фалиме. Скоро и да не познавам мажи кои не се фалат за секс со партнерката. Јас не би раскинала поради фалба.
    Убаво му е со тебе па сака и да се пофали и да изиграва мачо мен пред другарите.
    Неверство не ти прави, едноставно сака да зборува повеќе за тебе, а бидејќи е нездрел тоа го прави на глупав начин.
    Ќе си седнеш ќе си разговараш дека ти пречи. Плус еден момент. Си му видела мсн. Значи ти тајно му проверуваш телефон. Е сега не знам што е полошо дали твоето ѕиркање во неговата приватност или неговата фалба?!
     
    На darlingdragon, S.W.A.G, Stark и 5 други им се допаѓа ова.
  19. bicycle

    bicycle Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    4.756
    Допаѓања:
    40.246
    Пол:
    Женски
    Уште кога ќе прочитам - имам дечко и тој многу ме сака и после едно big huge ама знам дека нешто не е во ред.

    Барал слики од други за да си заврши работа? Сериозно?
    Јас веднаш би ставила крај на таа врска, ај што пишувал со други девојчиња па уште се дрзнува да се оправдува.
    Непочит тоа кон тебе првин а потоа кон сите други девојки на кои си го тинка.
     
    На Nausicaa, sparklie, Avery и 13 други им се допаѓа ова.
  20. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.124
    Пол:
    Женски
    Од * не от печатна грешка.
     
    На piksooki му/ѝ се допаѓа ова.