Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Artlover

    Artlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2017
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    Не му ѕиркав јас случајно му стигна порака додека праќав нешто од негов фб (тој ми кажа) бидејки имам лозинка.
     
  2. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.380
    Допаѓања:
    5.868
    Пол:
    Женски
    @angelche16, искрено одвратно се почуствував кога го прочитав постот, ми се згади од однесувањето на момаков. Не знам на која возраст си, но како сопруга и мајка на девојче би ти рекла ова е недопустливо и по мене нема простор да разговараш со ваков човек. Што ќе му кажеш, дека те повредил? Дека те навредува ваквото однесување? Дека е еден вид неверство? Ништо не треба да му кажеш, со ваков човек е апсурд да разговараш, ништо не рашаваш. Јас би му свртила грб и нека си продолжи со виртуелните дами покрај нешто вистинско.Ти си му девојка и нема што да се задоволува со слики од други жени и така отворено притоа да си кажува за што му служеле истите. Нему очигледно поважно му е сопственото задоволоство отколку ти и твоите чувства.
    Друго, извини, ама на каков тоа сајт тој има акаунт и зошто активно го користи истиот имајќи девојка при себе?
    Зарем не се почувствува понижено кога таа рандом девојка ти кажувала дека и барал нејзини слики?
    На крајот, неговото однесување и нападно барање слики од девојки ( без оглед на каков сајт се појавуваат истите) ми е форма на изнуда и не е нешто ред што треба да затвориш очи.

    Според мене со ваков маж нема убава иднина!
     
    На Billy Idol, Alisa22, S.W.A.G и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.399
    Колку што прочитав Ангелче16 има или 17 или 18 години. Момакот гарант има +- 1, 2 години. Уште во фаза на откривање на сексот. Ако сака да гледа фотки од други жени, на глава таа да се намести, тој пак ќе сака. Прашањето е зошто го прави тоа на сељачки начин, и зошто не е дискретен. Ваљда, млад, зелен, вишок хормони...најреално е да престане да замара жени ако може, туку фантазиите со good old porn да си ги смирува. Јас не би го доживеала као лично предавство, туку дека е смотан и зелен. Нема врска со неа тоа, туку е глуп што дозволува да се избламира толку за неа да и пишуваат некои непознати од Инстаграм.
    Значи девојко, рачунај тој има некои фетиши ваљда кои тебе ти се безвезни и те повредуваат. Ниту тој ќе престане ( можда ќе се крие само подобро) , ниту тебе ќе престане да те нервира и повредува ситуацијата. Размисли до каде ќе му дозволиш да продолжи да се глупира.
     
    На x.Daisy.x, FVP, 1209 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. flawless_

    flawless_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2020
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со поголем дел, но секако дека има врска и со неа. Тој нека гледа колку сака, никој не може да му забрани и не е некој проблем. Ама јас ова би го сметала за понижување на девојката пред други личности, без разлика познати или непознати, бидејќи стварно е невкусно некоја да ти прати слика како твојот дечко моли за такви слики.
     
    На Dentina и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  5. tijanana

    tijanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    3.642
    Пол:
    Женски
    Такво однесување на дечко во врска пред се е многу понижувачко за него, а башка и за девојката ма нека има и 18 или 28 или колку и да се години. Не е се до тоа зелен е, млад е, не е зрел. Нема оправдание за ова, бар јас не наоѓам. А ако си му простила тоа значи ја прифаќаш неговата грешка и не се замарај да не можеш да спиеш. Ама мислам дека довербата во него ти е разнишана и затоа толку се замараш. Ако продолжи да ти пречи ова го знаеш решението.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Sejfullai

    Sejfullai Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2019
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    14.790
    Пол:
    Женски
    @angelche16 не, не, не и не.
    Покрај толку петабајти порничи на интернетов, он најде да пишува по женски, да ги напиња да му праќаат слики?! Ма дај.
    И тоа претпоставувам дека оваа една која го разоткрила е just one fish in the sea. Денес е барање слики за да “си заврши работа” ( :puke: ), утре ден ќе биде one night stand, исто така за да си заврши работа. Ако стапите во брак скраја да е ќе биде швалерка, исто така за да си заврши работа.
    Пресечи тука, и не му давај ни простор да се оправдува и да продолжува да те нервира. Пошто ако те сакаше, немаше да те изневерува. Да, изневерување е ова и немој да дозволиш некој да ти го испере мозокот дека не е, и дека треба да дозволуваш вакви срања. Не.

    И не, остај тоа возраст и хормони и глупости. Ако имаш 17/18 години значи дека не сум нешто постара од тебе, сум имала сериозна врска и ни јас ни бившиот не би оправдале или дозволиле вакво нешто. И имам и машки другари, ете, и не, кога биле во сериозна врска каква што велиш дека е твојата не правеле вака. Нема оправдување, ни години, ни нагон ни ништо не е оправдување за ова.

    Ова е само тест за тебе и твојот ум кој сѐ уште е во оформување. Ако простиш и пројдеш преку ова, жичките во мозокот ќе ти се поврзат во шема која секогаш ќе прогледува низ прсти за вакви срања, кои верувај дека не се во ред, воопшто. Не знам колкав е и не е ни битно, ама не дозволувај да останеш со некој ваков, за кој веќе знаеш дека има тенденции на изневерување.

    Знам дека го сакаш, ама дали сакаш и да останеш во врска во која ќе се осеќаш несигурно, недоволно добра и недоволно привлечна? Врска во која секогаш ќе те копка што прави, дали пишува со некоја, дали можеби е со некоја? Не верувам дека сакаш, тоа е измачување.

    Затоа, раскинете и идеално, блокирај го од Инстаграм, немој да му чепкаш по што следи, само полошо ќе си направиш.
     
    На Nausicaa, Annahhh, MeowMeow и 15 други им се допаѓа ова.
  7. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.399
    Не го оправдував туку во возраста наоѓам објаснување. Не е сеедно дали има 17 или 37 години. На 37 веќе има одредено искуство и ако пак се понаша ко сељак и фрик, има поголем проблем отколку ТИНЕЈЏЕР.
    Тој или е прв или таа него и ретко првите врски водат до бракови, има исклучоци се разбира. Но не е толку битно на крај.
    Затоа реков нема врска со неа. И друга да беше на нејзино место, пак лиглето ќе праќаше пораки за голи фотки..
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. tijanana

    tijanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    3.642
    Пол:
    Женски
    Не се согласумам со тебе за неговите години и однесувањето, воопшто.
    Имам право на свое сопствено мислење нели? :D
    За другото дека не е до неа, така е и со друга и на 17 и на 37 тој ќе бара слики како што и рекол да си заврши работа. Тој стручно во психијатрија се вика воајер.
     
    На Dentina, Sejfullai и Just.do.it им се допаѓа ова.
  9. covid19

    covid19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2020
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Машки
    Здраво на сите, имам мака со бившата неразјаснети работи па сакам да ми кажете дали сум воопшто крив за што би се рекло да ми биди мирна душата....???

    Бевме во врска нецела година и све беше океј, и љубов и внимание дури и повеќе од потребното... Во последните месец дена почна да има здравствени проблеми за кој од почеток се секирав повеќе од неа... и викав да оди на гинеколог, на лекар да бара чарето али несакаше да слушни и никому ништо.. Послендите 5/6 дена од врската девојчето почна да паничи и ја наполнил некој главата како било страшно нешто неизлечиво (а тоа беше само некоја инфекција)... 2 дена пред да раскиниме повторно почнавме со расправија за да оди на лекар, несакаше.. па што се вика кренав раце од тоа... Меѓутоа тогаш јас почнав да работам на втора работа при што бев со премногу обврски и бев во голема гужва.. тие 2 дена течеше ситуацујата сосема нормало али јас немав време за да излезиме да се видиме (од 19 е полицискиот а јас до 18ч работев) при што таа мене воопшто не ме разбра и почна да се мршти како не сум наоѓал време за неа (а тоа првпат во 5 месеци да неможам да излезам)... Вечерта сум заспал несакајќи уште во 22 часот (станувам во 07) при што другиот ден изби кавга како јас сум заспал мирно додека нејзи и било многу лошо, како јас не сум ја прашал како и било.. (иако ситуацијата не е ни полоша ни подобра од пред 1 месец)...
    И така на некој начин дојдовме до недоразбирање при што раскинавме со изговор како не сум бил доволно внимателен, воопшто не ми било гајле за неа... (иако признавам дека можеби не бев внимателен колку дотогаш али сепак и со работата преуморен и со обврски па и со некој фамилијарни проблеми)...
     
  10. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.867
    Пол:
    Женски
    Немало љубов. Јасно е како ден.
    За вакви работи не се раскинува, туку се разговара и се решава.
     
    На Sejfullai му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.494
    Допаѓања:
    22.479
    Пол:
    Машки
    Не си крив, да ти биди мирна душата и со среќа понатаму.
     
    На *Amethyst*, christinnn и Sejfullai им се допаѓа ова.
  12. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    10.940
    Пол:
    Женски
    Сте раскинале поради детски работи. Не сте седнале да зборувате и да разрешите се а ова е толку решливо. Не знам ама сепак чим толку брзо сте се откажале така требало да биде...
     
    На *Amethyst*, Star_dust, Sejfullai и 3 други им се допаѓа ова.
  13. tijanana

    tijanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    3.642
    Пол:
    Женски
    Добро на работа немаш бар 5минути пазуа да и пишеше, бар да ја прашаше како е? Иако и јас се согласувам со членката погоре дека почнало да снемува љубов и почнале да се множат недоразбирањата.
     
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.309
    Луѓето кои страдаат од болест, често стануваат милион пати пожелни за внимание и утеха од блиските.
    Тешко е да се живее така. И за болниот и за партнерот.
    Ама тоа е животот...

    Со кој и да живееш, нема да избегнеш да го видиш во фаза на болест.
     
    На flawless_ му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Maro87

    Maro87 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    5.402
    Пол:
    Женски
    Таа имала проблем, требало барем да и обрнеш внимание малку. Имаш пауза барем да и пишеш, можеби девојчето мисли дека веќе не ја сакаш. Разговарајте најубаво, ако сака таа нормално..
     
  16. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.252
    Допаѓања:
    39.639
    Пол:
    Женски
    Сељачиште и психо у најава. Е за таков човек гордо кажуваш дека го сакаш и наводно те сакал.
    Ценете се малце.
     
    На cresa-jagoda, Alisa22, Dream-Girl и 3 други им се допаѓа ова.
  17. flawless_

    flawless_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2020
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Не ве обвинувам ни тебе ни неа, и двајцата сте имале тешки моменти. Седнете и разговарајте како возрасни, ако сè друго е во ред.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  18. covid19

    covid19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2020
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Машки
    Никаде не кажав дека не пишувавме... Цел ден пишувавме и имаше најмалку 5/6 повици по 5 минути.. И нормално ќе прашам што си правиш, кога се разбуди, кај ќе одиш, што ќе правиш.. На крајот пишав дека ќе останам покасно на работа и дека нема да се видиме при што добив сеен, и на моите повици и пишување тек ми одговори другата ден.. При што потоа следуваше тоа како јас не сум бил внимателен бла бла..

    А признавам таа ден не ја прашав како е пошто како прво знам каква е ситуацијата и дека неможи да е ни полошо ни подобро.. а како второ да беше полошо (иако сум сигурен дека неможи да е полошо) знам дека во иста секунда ќе ме побара и ќе ми кажи.. Како што пишав предходно да не претерам минумум 10 пати дошло до расправија каде што ја молам да оди на лекар а нејзи воопшто не и беше гајле.. И на некој начин кренав раце и и реков дека повеќе не ја замарам со тоа..
    И како трето бев преоптеретен со работа и обврски тој ден при што на све заборавив...

    Инаку за некоја инфекција се работи каде што под хитно требаше да оди на лекар али неа и текна тек после 1 месец дека е опасно..
     
    На Stark му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Star_dust

    Star_dust Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2019
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    9.313
    Пол:
    Женски
    И двајцата сте згрешиле, но ова не е доволна причина за да раскинете. Вакви работи се решаваат со разговор. Ако постоела вистинска љубов меѓу вас немаше ова да ви биде причина за да разделба.
     
    На WildMk и tijanana им се допаѓа ова.
  20. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.494
    Допаѓања:
    22.479
    Пол:
    Машки
    Малку ми се чини ко таа да мисли дека светот се врти само околу неа, шо велите?
     
    На Losha_devojka_, Black__, Angie1432 и 12 други им се допаѓа ова.