Не можеш со сигурност да знаеш како таа се чувствува ако не ја прашаш Немој со претпоставките дека си бил сигурен дека не може да е полошо, субјективно е чувството кое таа го доживува, а опфаќа нејзина болка/мака/болест или конкретно инфекција. А може и е страв да оди на доктор, не дека не и е грижа, си ја прашал зошто не оди на доктор?
Кога си исплашен за твојата здравствена состојба и бараш разбирање и поддршка од најблиските ти се чини дека е тоа така од што мислиш дека светот се врти само околу тебе? Во состојба на болка, стравување за своето здравје свеста е изменета.
Тоа ми е јасно уште поодамна.. Баш и спомнав дека таа мисли дека таа ми е единствено нешто на што треба да сум посветен во мојов живот и несмејам да мислам на ништо друго освен на неа... При што нормално уште толку се доналути.. Не појде затоа што мислеше дека не е ништо страшно, дека е од прелада и ќе помини. Нормално јас паничев пошто чудна течност и излагаше... Одкако прочитав по интернетов почнав да паничам. да не претерам ама 1 недела напнував да оди на лекар, и кажував колку можи да е опасно али џабе...Се до последните неколку дена кога некоја другарка и кажала колку можи да е опасно при што почна паники да крева како крај на светот да е.. И нормално сеуште НЕМА појдено на лекар...
Тоа и ми беше поентата, таа е его центрична личност и треба да и ги задоволуваш сите каприци, извини вака малце сум агресивен на зборови...
А принцезата сака молење? Пошо ете самиот тој ја има молено да отиде на доктор а таа ете и ден денес уште нема отидено а она слуша други сценарија дека е неизлечлива болест и што ти знам јас. Светот не се врти околу неа. Колку пати имам молено некој без разлика дали е партнер или другарка да отиде на доктор ако е сериозна ситуацијата, ако не сака, не можам со сила ништо.
А што ако на пример дечково горе ја кажува вистината? Не е поентата да биде таа атеншн хор само за да привлече внимание па да му плаче дека не и посветил внимание, не може нон стоп да се убедува и да моли, кој и да е ќе му пукне еден ден филм. Можела да отиде на доктор, гинеколог наместо да слуша други сценарија и дијагнози. И она да е во право имало едноставно решение, да отиде на доктор наместо да одолговлекува.
Не можеме со сигурност да знаеме што тој кажува како што не можеме со сигурност да знаеме дека пример таа денес не отишла на доктор така? И уз пат решила да му удри клоца. Тој праша дали згрешил, ете го потапшавме дека е чист ко суза и чича мича завршена прича
Нема врска која страна кажува, јас кажав како што е со цел да видам дали сум воопшто крив пошто сепак 1 година врска не е малку... Денес можи да отишла на доктор али до пред 2 дена сигурно не пошто се слушнавме... Пред 10 дена раскинавме..
Ете ти ја грешката. Нејзе и е страшно, а ти одбираш да не си одиш барем еден саат порано од работа. Ако сакаше, ќе кажеше дека имаш приватни проблеми на шефот и ќе те пуштеше. Пола саат да и' одделеше, преблагодарна ќе ти беше.
Премногу детски ми е. Не знам што очекувате, при најмал, преглуп проблем решение ви е раскинување. Се седнува и се зборува отворено, не си читате мисли. Комуникацијата е сведена на минимум. Како ќе бидете во брак не знам.
Да. Јас сум таква кога не ми е арно. Пошто станувам ултра анксиозна и почнувам да добивам напади на паники. Затоа реков: Тешко е живеењето со болен човек. И за болниот и за партнерот. Ама ако има љубов, нема да го оставиш човек, кога најмногу му требаш.
Вајлд што ако не може да излезе од работа ? Што ако она на секое едно го бара тоа од него ? Не е решението на секој нејзин испад он да трча , ако е фер ќе укопча дека дечкото сепак не работи на 2 работи места од што дома не му се седи
Ќе укопча со време... Ама тој треба да и' го пружа тоа време. Се разбира, ако воопшто сака да биде со нејзе. Ако е преголем залаг за него, во право е што ја прекинал врската.
Не да плачи под пенџере Едноставно да ја договори да се видат на пола саат пред куќа кај нејзе. Да ја ислуша, да ја посоветува пак... внимателно... Можеше, ако сакаше