Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Аман бе девојко да имаш 15 години да разберам, 18 имаш и би требало позрело да размислуваш. Со кој памет си дозволила да бидеш црна вдовица и како си му дозволила да те оттргне од друштвото и од светов? Ти викаш дека го сакаш, меѓутоа тој тебе не те сака. Една врска без доверба неможе да опстои и би те советувала со време да се оттргнеш од него, затоа што сигурна сум дека после некое време ќе се каеш. Свесна си дека тоа што ти го прави не е добро и сеуште си со него...неможам да те разберам. Ти се заканува дека ќе ти раскине ако излезеш...мајко мила :tmi: Оди излези со другарки, шетај и уживај затоа што имаш 18 години, а не со некој недоквакан мочко да се зезаш...Извини ама многу ми е смешно тоа што си го прашувала на секое, дали множеш да излезеш :o Ти не си негова сопственост и нема право да ти забранува да излегуваш!
     
  2. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Велиш дека го сакаш....а јас не те разбирам искрено.
    Сакаш да си со него и покрај тоа што си свесна дека врската е целата нервози, што е опсесивен, што те тера да бараш дозвола од него за излегување, не излегуваш , веќе не си со друштвото , ти става рестрикции.... И?
    Што чекаш?
    Да почне да ти се заканува ли?

    Како си дозволуваш твојата слобода да зависи од него?
    Не сте долго во врска, а како што гледам тој нема доверба во тебе и има опсесивно посесивно пореметување.
    Што да те советувам не знам, освен да ти кажам дека си млада и дека можеш мnогу брзo да си најдеш друг дечко и да се заљубиш. Батали го....
     
    На Kala007 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. papuca

    papuca Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    3

    POSLE PRELJUBE

    Krpljena ljubav,
    uvek negde propušta.
    Rešenje je rastanak,
    ali navika nam to ne dopušta!

    Posle prevare,
    sve više nije svoje.
    Ako je moje, bilo jednom tuđe,
    onda ne može opet biti samo moje.
     
    На peperutkaa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Kala007

    Kala007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    6
    Ти благодарам на мислењето.И мене ми е смешто тоа што не ги прашувам моите за да излезам туку него и знам дека е погрешно и касно малку за оттргнување дека ќе ми биде тешко зошто веќе сум се заљубила незнаејќи дека ќе дојде до волку работава,но барам од вас некаков предлог како да го прекинам ова.
     
  5. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Кратко и јасно без заобиколување кажи му дека не ти одговара и дека сакаш да си го продолжиш животот слободно како и пред да се фатиш со него. Сигурна сум дека ќе си најдеш нормален дечко, што ќе те сака ;)
     
  6. Kala007

    Kala007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    6

    Така сум пробала многу пати.На пример кога нема да ми дозволи да излезам,и ќе ми се закани дека ќе ми раскине,јас го прифаќам тоа и излегувам и тој ќе ми каже готово,крај но никако да ми го дозволи тој крај.Многу пати се случило така да ми раскине и после неколку дена не ме остава на мира ми ѕвони на телефон и ми дише во врат,позади секој мој чекор е. :worried:
     
  7. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.008
    Не се лечат само грипот и настинката,се лечат и комплексите...ама ако се сака :!:

    Само искрено не знам кој од вас двајца треба попрво да се реши на таков чекор :^)
     
  8. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Кала зошто попушташ и зошто пак му се враќаш? Ондак немаш цврст став и си несигурна. Не му кревај и стави му до знаење дека нема да попуштиш и дека нема да се ми се смириш. Тоа е твоја одлука и барај да ја почитува.
     
    На Kala007 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Кала јас мислам дека самата со тоа што го изнесе проблемот си одговори на прашањето.

    Велиш цела врска ви е нервози, ама премногу го сакаш. Епа чиста математика бе душо, пресметај колку се нервираш и колку убави денови имаш со него. Пресметај колку се тие нервози за глупости а колку за многу битни работи.

    Јас не знам како воопшто можеш да напишеш дека не ти дозволува нешто, било што и сеуште да се мислиш дали да си со него или како да постапиш. Јасно ти е дека не си ничија сопственост нели? Јасно ти е дека имаш уста и белким и некој здрав разум за да оцениш и процениш што е добро а што е лошо за тебе. Кој е бре он да ти дозволува нешто и како воопшто си дозволила до таков степен да се доведеш себеси? Поготово на тие години кога треба најмногу да уживаш а не да кинеш живци заради некој кој е посесивен до таванот на американски облакодер.

    Ајде те молам свести се малку и преземи мерки. Ако си цврсто решена за крај зарем тебе ќе те сопрат некакви си телефонски повици? Плус и велиш дека не сте од ист град. Не дај боже да премине неговата љубомора во понеиздржливи настапи, имаш закони кои те бранат.

    Знаеш, сите сме несреќни толку колку ќе си дозволиме и самите. Ако ти не преземеш нешто за сопствената среќа, веројатно нема никогаш ниту да ја оствариш.
     
    На marama, sesilija, Kala007 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.224
    Допаѓања:
    56.911
    Пол:
    Женски
    Кала не ти треба таков човек - кратко и јасно. Ако продолжиш само ќе се измачуваш. Дали тој има волја да се промени и да престане да ти го загорчува животот? Дали е свесен дека тоа што го прави не е нормално? Ако одговорот е не - најдобро ти е да прекинеш.
    И да го сакаш, се преболува. Ќе излегуваш со другарките, ќе се забавуваш, и по некое време на оваа врска ќе гледаш само како на еден лош период во твојот живот.
     
    На Kala007 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Kala007

    Kala007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    6
    Ти благодарам на обемното мислење,многу го ценам.И да додадам,значи не се само телефонските повици,туку и праќањето луѓе да ме следат и има дојдено до тој степен да зема снимки од разговори мои од мобилен од операторот преку МВР (има врски дебели ко гајтани) и да ми ги прати на мсн за да ми даде до знаење дека се што ќе посака може да дознае..Искрено ми е страв да превземам некои посериозни мерки. :worried:
     
  12. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Кала ти со Мијалков да не си имаш работа? :D

    Се шалам, извини малку шала не е на одмет ;)

    Сега сериозно, ако е до таму стигната работата си знаеш кои легални мерки можеш да ги преземеш, нема лабаво. Има и на форумов тема за правни совети, обрати се. Или ако имаш некој познат кој би те посоветувал, не може вака да живееш под катанец.

    Со среќа!
     
    На Kala007 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Ааа Кала тогаш не чини работата!Искрено ова веќе преминува во психичко малтретирање и загрозување на лична безбедност и приватност....Дефинитивно не му покажувај слабост,мора да разговараш со твоите и да кажеш што ти се случува.Тој е болно опседнат и љубоморен тип...со него се нема работа.Мора да го пријавиш.
    И смени број...одма.Никому не му кажувај, кој мислиш дека може да му го прекаже.
     
  14. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Девојче бегај уште е тазе работата,плус со вакви личности колку повеќе покажуваш страв толку повеќе се силаат.
    Несакам да те плашам меѓутоа јас имам многу лошо искуство со ваков тип,ми одзема добар дел од животот.Јас кога решив да го оставам бидејќи ми беше доста од неговите болни филмови,пратење до работа и назад,проверување на мобилен,скајп дури и запишување на изминатите киломерти на колата тој едноставно ЗБЕСНА,ПОДИВЕ и ме претепа до смрт.Завршив во болница со пукната аркада,12 конци во глава,скршена клучна коска,напукнати 3 ребра и изгубено бебе.Вечно ке им бидам благодарна на комшиите што викнале полиција инаку верувам дека немаше да останам жива.
    По постовите и овој твојот ги има сите симптоми на мојот бивш вереник затоа тргај се од него зошто верувај нема добро да заврши.
     
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.584
    Допаѓања:
    201.807
    Пол:
    Женски
    Кала, велиш дека го сакаш. Како можеш да сакаш некој што не ти дава да дишеш? :^)

    Мораш да го пријавиш, дефинитивно!
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Kala007

    Kala007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    6
    Ви благодарам на сите за мислењата.Ми беа потребни и многу ми значат.Дефинитивно ќе превземам некакви мерки.
     
  17. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.008
    Дај боже!...само жалосно е после се што си дозволила да трпиш,да кажеш дека ти било потребно некој да ти каже дека е редно време да кажеш СТОП!

    Затоа и погоре го напишав тоа што го напишав,не знам што е за чудење повеќе некој кој се дрзнува да изведува Тарзан финти, или па некој што доброволно подлегнува на тој психоделичен третман. :x

    И колку и да звучи себично јас навистина не можам да сфатам дека во таква ситуација некој навистина прашува што треба да прави???? :^) А уште понесфатливо е тоа што најголем дел од тие случаи на крајот завршуваат повторно во прегратката на истиот психопат за кој се пишува,разговара...ватевер на долго и широко,оти веруваат дека сепак љубовта победува се! :doh:

    Искрено се надевам и ти посакувам,да не бидеш дел од таа група ;)
     
    На Kala007 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ruza.Ruzica

    Ruza.Ruzica Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    24
    Благодарам за советот.Ќе почекам ќе се потрудам да го запознаам уште подобро па ќе видиме :)
     
  19. Ket.Rin

    Ket.Rin Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2011
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    970
    Кога читам какви се проблеми има глупо ми е да го пишам мојов, ама ај се во свое време. Значи вака, имам 16 години и муватор околу 1 месец и недела дена. Денес бевме на кафе и ми кажа дека се идело добро меѓу нас, ама дечкото нејќел врска и да се обврзуваме со сакања и такви ствари. Убаво си било вака, но ми даде до знаење дека ако си најдел он друга или јас друг да немало љутиш. Со ова дискретно ми кажа дека може во секој момент да ме зафркне и да си знам да не се затрескувам премногу. Меѓутоа сите знаеме дека не е толку лесно да се направи, колку што е лесно да се каже. Од една страна сфаќам дека нејќе одма врска затоа што до пред 1 месец имаше женска со која идеа година и кусур, ја вараше со мене, па раскинаа, па на нова година пак се смуваа. Неможам да го земам тоа ко неверство, затоа што не сме во врска, но сепак е глупаво. Испаѓа како он да поставува услови, а јас му одам по газот. Стварно за кратко време ептен ми влезе под кожа и учиме во исто училиште, ќе биде малце тешко да го заборавам, но ако продолжам само ја одложувам болката, затоа што знам дека на крај јас ќе бидам таа повредената. Пола и сама си кажав што треба да правам, но сепак ми треба некое советче од поискусните и поддршка да преминам преку тоа "нешто" што го има во него и што ме тера да ги заборавам сите негови лоши страни.
     
  20. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    ,, дискретно ми кажа дека може во секој момент да ме зафркне и да си знам да не се затрескувам премногу ,,
    Eве го тоа што треба да го знаеш, и тој ти го кажал тоа.
    Значи искрено, дечкото сака само да си потполнува временце со тебе, тој не гледа никаква иднина со тебе, дури и убаво ти кажал дека не сака врска, ама ако си најде некоја тебе кој те е*е.
    Е па пошто дечково бил ептен дискретен и искрен, биди и ти уште поискрена и кажи му дека вака не бива, тргни се од него додека е на време, зашто после по болно ќе биде, да знаеш.
    А и овој сигурно планира да се смири со неговата девојка.
    И девојко, знаеш зошто вака ти прави и не сака тој врска со тебе? Затоа што од секогаш си му била втора виолина! Па зошто му е таква за девојка, кога знае дека може да ја има кога сака, без да знае другата, која не се согласува да биде втора.
    И се додека дозволувате втори да ве свиркаат, вака и ќе биде!
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.