Работам физичка работа, сам сум шеф али објектот мораше да се заврши тој ден најкасно.. 18 часот, ми треба 15 минути додека стигнам дома, 20 минути да се истуширам, 10 минути додека појдам кај неа а во 19 е полициски час... Уосталом само таа ден и дента пред тоа се немавме видено (мислам дека нее ништо страшно дечко и девојка да се немаат видено 2 дена...) Следната ден секако имав работа до 14 часот и потоа бев слободен... Секако предходниве месец дена имав излезено најмалце 5 пати порано од работа... ( посебно кога беше полицискиот од 15 часот)..
Не си во право воопшто, и дечкото ми делува на добар. Ама и добрите дечки, не се доволно добри за да заситат одредени личности, че се дразнам да кажам за човек себичен. И не се работи овде за тоа што била болна, за која била крајно несериозна околу себе си, и да ги истура сите фрустрации врз детето.
Нема да одиш дома и да се тушираш! Еве ти го тој пола саат. Ти и' требаш нејзе. Без разлика дали си чист, или нечист. ТИ и' требаш.
не срц плаче за внимание и некој по гз да и трча , болен човек не бара причина да се кара , бара решение за проблемот
Па тој сам пиша дека откако има здравствени проблеми, ова почнало да се случува и ескалирало со разделба. Ај мајка ти ако се разболи, а на татко ти му е мрза да се расправа со болен чоек, нека ја испашка надвор.
Абе ајде доста прајте муабет и да му ја наполниме на детето глата. Зрела личност и онаа што знае што е разбирање емпатија и комапктибилност, че си биле заедно уште, а не при прва прилика да се занесува вака.
Реков можеби. Ако сака, ќе и' пружа и ќе и' даде време да научи. Ако е преголем залак за него, нека се повлече. Иначе, зборувам за некој кој бил во мојата ситуација. Не знам дали девојчево е манипулатор и нема врска со паничење *како што тој ја опиша
Претпоставувам можеш да замислиш колку е напорно тоа. Сум имала тешки здравствени проблеми од кои 2 завршиле со операција, и тежок опоравок и во двата случаи. Да можев сама себе ќе се оставев, не пак некој друг да ме остави, толку бев напорна. Ама сега ми е јасно дека некоја годинка гарант му имам скратено на муж од животот , со цел ужас околу тие настани. Не- по- дно- сли- ва. Се имам заречено, ма на смртна постела да сум, нема да му го изместувам од колосек веќе животот. Кај болеста основна, па и нервите мои да го јадат. Се надевам нема да има никаква хорор прилика пак, ама....ќе побарам психолошка помош место да им се сипам по дома. Не ме сфаќај погрешно, за себе пишувам, откога станав посвесна за ефекти на стресот. Не би правела пак така на особа што ја сакам.
Нема ковид го победивме! Тој туширан/ не туширан чист е ко солза Ај не го маткајте, таа не чини, арно биднало како биднало, лекција за двајцата
Не е дечкото виновен таа е. И да и мене ми било лошо, останувал дм со мене и обратно ама секој ден бре, па претеризам. Да не одиш на лекар или да мислиш дека не е ништо за мене е глупост. Значи подобро нека остави нека се оладат работите според мене неколку дена, нека размисли она, размисли и ти, мислам дека сама ќе те побара.
Да не продолжуваме во детали и да објаснувам зошто не сум пошол пола саат... Скратено кажано не дошло нож до коска за да излезиме, сепак секој има право да речи неможам денес, ќе излезиме утре..Секако следната ден ќе имавме најмалце 4 часа за заедно, без брзање без тензии...
Мене ми требаше време да научам. Ете.. касно палам за некои работи. На 20 не знаев... Признавам А претпоставувам околу таа возрасте е и девојката.
Затоа реков Еве веќе трет пат ќе се самоцитирам: Ако ти е премногу голем залаг ситуацијава, паметно е што си раскинал. Не и' се смирувај.
Никаде не пишав дека ми е голем залаг... Али под огромен ако подразбираш секој ден излагање (во спротивно одма лутење), на секој 30 минути повици, 24/7 допишување.. 50 пати во денот прашување како си ? , 50 пати убедување да оди на лекар.. Тогаш да, голем залаг ми е... Сепак крај краева не сме венчани... денес и утре ако неможиме да се видиме, ќе можи задутре... Ништо страшно..
Не сме ние, животот е таков, или ќе научиш да му се прилагодиш на животот и на околностите или тие ќе се научат да се прилагодат на тебе. Ама ова второво потешко некако