И треба да ти е голем залак тоа богами. Се граничи со посесивност и зависност еден од друг, што ич не е здраво.
Тоа е проблемот.. Затоа што јас таа посесивност и зависност ја немам, а таа ја има ... На некој начин опседната е..
Ау, оток. Ако било вака само заради инфекцијата, ај и да сфати човек, можда нема навика на гинеколог да оди, па срам па ова она. Ама ако била и претходно таква, хммммм.
Мех, мене најискрено ми е замарање тоа. Колку и да сакам некој мислам ќе ми скурчи да ми се јавува нонстоп, по 50 пати на ден да ме прашува кај сум, шо праам, како сум. Другар имаше таква девојка и Боже, мене ми се смачи од неа додека бевме искочени со него или нешто, а не па на своја кожа да доживеам такво нешто. Едно е грижа и покажување љубов, друго е ова. Според моите стандарди.
О па ти си за орден цела година што си го трпел ова не здраво, упс да не сме сурови @WildMk a? па ќе пишеме само сурово човечко однесување од нејзина страна. Чист си ко солза ти пишав јас, ај сега уживај и не и се замарај
Никогаш не сум се јавувала 50 пати. Ниту некој ми се јавувал мене 50 пати. Колку ја звонев, толку и он... Добро е... има и полошо
Другарче, ти си во право. Дај си време да се опоравиш од ситуацијава а и на нејзе истото би и го кажала. Си направил се што можеш, едноставно со некои луѓе не можеш на крај да излезеш. Си се трудел, си ја терал да оди на лекар но повеќето од времето не можеш да им помогнеш на луѓето доколку тие сами не си помогнат. Можеби и грешам душа бидејќи била болна но сметам дека за се има граница. Не можеш да бидеш тука за некој кој не ги разбира твоите барања и личен живот бидејќи сака само на неа да и обрнуваш внимание. Не дозволувајте некој да ве влече надолу. Тоа не е љубов. Се надевам дека и двајцата ќе го извлечете најдоброто од ситуацијава и ќе работите на себе после ова. Don't be so hard on yourself!
Како не ја сакал. Сакање значи да го сакаш некого таков каков што е. Чим тој не ја сака ваква, значи не ја сака нејзе. Треба да си најде друга. По негов терк.
Девојката ваљда нема појма што значи работа, а особено две...можеби учи или ништо не прави па има време да се опседнува и лути за се и сешто. Нека најде 2 работи, ќе се прероди
Бетар од војна, 50 пати во денот некој да те праша каде си и како си, а ти втора смена у маркет во време на корона
Добро сега не буквално 50 пати, ни јас а ни таа не сме ѕвонеле толку.. Али сакав да кажам премногу очекува од мене да и се посветам, ваљда на секое треба да и ѕвонам да и досаѓам за да види дека се грижам за неа....
Епа типот дошол да бара совет зашто има совест, го јаде совеста. Ипак ја сака, што би се замарал ако не ја сака. Зошто би трпел 50 повици у ден и зошто би ја молел да идат на доктор ако не ја сака. Логично е.