@WildMk Ако добро сум разбрала од постот таа нему му раскинала. Мислам дека девојката импулсивно изреагирала. Можеби е малку комбинација од двете. На почеток и давал внимание и ја советувал да оди на гинеколог. Дефинитивно таа изгледа дека е исплашена од тоа што читала на интернет и можеби има некоја анксиозност. Ама само еден ден не се јавил и раскинала? Проблеми не се решаваат така. Делува малку избрзано, можеле барем да имаат посериозен разговор и бар да му објасни што и зошто ја мачи ако не и одговори еден ден.
Пак јас ќе се земам за пример, бидејќи нејзе не ја знам. Значи имам страв да одам на кардиолог. Ужасен страв. Маж ми ги знае моите стравови и знае дека знам оти правилната одлука е да посетам доктор кога имам некакви симптоми. Како постапува тој: Ме остава да одлучам сама кога ќе одам, а во времето додека 'се натерам', имам анксиозност затоа што во мене 'се борат' разумот и стравот. Кога ќе успеам доволно да го потиснам стравот, одам на доктор. Е сега.. во времето додека стасам до тој стадиум... да речеме недела-две, маж ми 'ме трпи' и теши и слуша. Верува во мојата одговорност, а воедно и не ги занемарува моите проблеми. Истиот 'третман' и тој го добива од мене. Верувам во неговата одговорност, а воедно и не ги занемарувам неговите проблеми.
@WildMk Да, ама во твојот случај да претпоставам дека сопругот го знае тоа затоа што сте разговарале и си му објаснила? Пишува дека ова траело веќе месец. Те разбирам и го разбирам и јас стравот, ама ете твојот сопруг е трпелив човек. Можеби ако добро му објаснила дали е страв/анксиозност/несигурност/што и да е, би ја разбрал подобро да и даде поддршка.
Ехеее.... дали сум му објаснила Уште во 2001ва кога се запознавме, точно му кажав со што ќе си има работа и ако има проблем со тоа, нека си се тргне со време, да не се повредуваме после еден со друг. И взаемно беше објавувајњето на нашите 'страшни' тајни. Тој мене ми кажа се' битно за него, јас се' за мене. И убавите и не толку убавите работи... Без целосна искреност, не може да функционира еден брак. Според мене.
Се согласувам. Ама изгледа повеќето луѓе се плашат да не бидат оставени ако споделат што даска им фали (а на сите ни фали некоја ).
И мене ми беше страв... дооолги години се плашев и срамев да признаам каква сум навистина. Дека имам 'недостатоци' и дека не сум 'совршена'. Ама се прекрши во мене моментот, кога едвај раскинав врска со насилен дечко и кога преживеав силување, па после неколкугодишно soul searching, се 'уклучи во мене сијалицата', дека: “Од сега ќе барам некој што мене ме сака, баш таква каква што сум. Со сите доблести и маани.“
Уште се замарате за љубовните проблеми на типов кој по неколку дена раскинување одма се распрашува како да стапел во контакт со друга? Чист ко солза... Девојката не чини, претерува, паничи, му досаѓа итн.....
Никој не му го оспори тоа право, но тоа зборува погласно за него покрај фактот дека не ја сака, отколку цели замарања негови и наши дали е во право или не што раскинал.
Која совест? Според мене девојката постапила најисправно, можеби претерува малку повеќе, но не без причина, очигледно.
Мене муабетот ми беше повеќе општо. Немањето асален разговор е најчесто причина за проблемите овде што се пишуваат.
А зошто е тоа така? Неговото однесување во врската и надвор од неа ( од самиот факт дека само што раскинал со неа тој бара начини како да контактира друга) мислиш дека не допринело за тоа? Па ја извадил од памет дека е гонореја, па после пу пу не важи може е нешто друго. Според мене неговото однесување не е во ред и не е однесување на дечко кој ја сака, нека не не мафта тука ја сакал и се грижел дали е во право што раскинале
Па сигурно има грижа на совест, чим две години бил со нејзе и сега сака да биде без неа. Нормално чувство е грижата на совест... и позитивно. Не е психопат па да му е сеедно.
Ако имал грижа на совест нема да стапува во контакт со друга 2-3 дена по раскинување. Мене повеќе ова ми делува без осет, не би рекла психопатски А тука цели раскази како ја сакал и се грижел за неа, само еден ден утнал да ја бара
Таа раскинала со него. Нејзина другарка се "посомневала" на гонореја, тој само се информирал на интернет штом му кажала. Баш ме интересира според тебе каде погрешил? Што се задржал на работа подолго и не се видел со неа цели замисли 2 дена? За тоа дали ја сака и зошто сака да контактира друга само тој си знае и е негово право.