Не се видел со нејзе два дена, а воедно верува дека има гонореја, и плус СПБ е гонореата, па може и се сомнева дека ја изневерува... Тајфекта за пропаст!
Оф, зошто ме тераш да враќам назад. Еве тој што пишал: Што се 2 дена Вајлд кога има полициски час од 7 а тој работи до 6? Таа му кажала дека мисли дека е гонореја, не тој. Не е ни битно, не би да навлегувам повеќе, го кажав своето мислење кое се базира на неговата приказна.
Ама признај дека е интересно, што на истата приказна, две различни личности донесовме различни заклучоци?
Не е вреден да трошам време да барам, ама уште на почеток спомна дека тој и рекол гонореја е, па тука кога го просветливме дека не мора да значи дека жолто-зелен исцедок секогаш укажува на гонореја, рече не знае инфекција некоја е. Ама што ќе го дискутираме и понатаму неговиот љубовен живот. Ете чист е ко солза и со среќа нека му е со другата, ако и пише воопшто и му упали
Да било еден месец, исто ко ништо да не било. Во право си бил, имаш ти уште многу други работи за кои треба да размислуваш.
Дечково 100 приказни смени за да испадне таа крива и да му е мирна совеста. Бара оправдување. И мене не ми е јасно како може човек што навистина сака некого и до вчера бил во врска со него, денес да сака нова личност. Извини @covid19 ама не го мачи девојчето кога веќе си пишуваш и со други.
Во ред е, неизмерно ви благодарам на сите.. Нема потреба повеќе од дискусија на оваа тема.. Пишав дека сакам да стапам во контакт... со женсками раскинав можи има веќе 2 недели.. Јас ги изгубив и другарките и сите што сум бил во контакт предходно, ваљда имам право да го продолжам животот нормално... Се затворив првите 2/3 дена, претешко ми беше незнам ни самиот како издржував...Почнав да излагам со друштво едно друго, сакам да сум во комуникација со личности безразлика дали на другарски или поинаков начин... Можда ќе ми биди подобро.. Тешко ми е сепак сеуште ја сакам али неможам више, почна да претерува без врска па морам сам да пресечам, едноставно премногу сум уморен од сите глупости...
Аман бе престани со тоа лицемерие- се уште ја сакам ама затоа сакам да се допишувам со друга и реакции на сториња и пуштам, а пак таа ми залепи срце. Ај ќути таму како не ти е срам.
Не ми се поклопуваат овие две работи. Ако толку многу ја сакаш како што тврдиш, не би било сеедно дали некоја ќе ти биде другарка или девојка. Мислењето за друга си го напишал пред една недела а сте раскинале пред две. Извини мене ми е пребрзо, и сигурна сум дека си пишувал со другата пред да раскинете. Ако сè уште си ја сакал, немало да бараш друга по неколку дена па тука да си бараш оправдувања.
Чекај малце, јас со таа личност (па и некоја друга) воопшто не ни почнав да пишувам па за таа да ми лепи срце или незнам што... Како што пишав помислив (уште мислам) дека ако стапам во контакт со други личности дека ќе ми е доста полесно пошто додека бев во врска ги изгубив сите другарки што ми биле како сестри па и другарите на кои што можев да им кажам све.. Нема ваљда јас да се затворам дома (не сум таква личност) да патам и плачам за тоа што несакам да бидам со личноста во која што сум вљубен, едноставно разумот го победува срцето... Едноставно ќе го продолжам животот..
Тогаш не пишувај дека ја сакаш кога разумот ти го победил срцето и терај си со реагирања по сториња не на една, на која стигнеш. Мора одма да надокнадиш што си ги изгубил сите другарки додека си бил во врска.
Ова ти е толку честа појава денес што стана дури и норма. Чим се раскине, одма се продолжува со контактирање со други личности и од двете страни иако сеуште е жешко и емоциите не спласнале. Денес дури и пишуваат со други и кога се во врска, па раскинуваат и одма продолжуваат со таа другата личност другиот ден како ништо да не било, а оваму даваат некои глупи причини за раскинот, или се лутат за овака некоја безвезална ситница која не држи вода ниту малку и се решава многу брзо, ако се сака. Ама во случајов се нејќе. Така да, сигурно и она веќе пишува со некој друг, може и дејта веќе. А и да не пишува, дечкото е слободен и може да прави што сака. Не е убаво, ама тоа е...
Не ич не е убаво, кога уште не ти се расчистени емоциите и кога наместо со емоции со разум т.е. со свои лични калкулации се впушташ во лов на нова жртва. Како мува без глава се трча по друг/друга ко најголем грев или зло да е сингл да си некое време и да расчистиш со се во себе. Затоа се овие брзи дејтања, брзи врски, несериозни, нестабилни кога не се базирани врз емоции.
Како прво јас не стапив во контакт со друга личност во овие 2 недели туку само прашав на кој начин али ништо..... како второ и да стапам тоа ќе биди најпрво другарски без никоја цел... па за потоа ќе видиме има време, не ми се брза.. Крај краева моментално сум слободен исто како и таа, можи више и има излезено со друг???
Да се пати во самотија или да се бара утеха во друга личност...? @covid19 го одбрал второто. Форумов му дава само уште една прилика да го реализира тоа. Ниту прв, ниту последен. Има и девојки такви многу на форумов што баш како него ја одбираат втората варијанта, па може ќе си се пронајдат. Е сега што се банира за ова, друго е...
И со другиот под рака на гинеколог може има отодено Ти пиша дека си и реагирал на сториња, значи си дал сигнал дека си заинтересиран ама заљубен ди во другава што ти раскинала така?
Па се банира затоа што првично форумов не е наменет за патење во друштво, бар така налага форумскиот куќен ред
И пиша да ја прашаш како е? Дали била на гинеколог? Немаш ни мала грижа на совест, ниту се чувствуваш виновен. Од вакви мажи ми се гади.