За да сакаш некого треба да имаш доверба во него, доколку се сомневаш дека тој прави нешто со некоја друга значи дека не му веруваш, плус не е убаво да си премногу љубоморна. Ти него не го сакаш, најверојатно одиш со него само од навика, но не си свесна за тоа. Пробај да го промениш тоа доколку навистина го сакаш, ако неможеш тогаш мислам дека најдобро ќе биде да се разделите. Јас ти кажувам од искуство пошто и јас бев така и на крајот се разделивме.
Че станиш слаб и че развиеш мускули ако малце пробуричкаш на интернет и најдиш HIIT тренинзи или пак поосети било која теретана и лаички тренер да е, ќе те насочи кои (основни) вежби да ги правиш за да ослабиш и стекнеш некое мускулче и тело. И автоматски така стануваш поатрактивен и можеби ќе запознаеш некоја девојка таму. Променуваш начин на живот, почнуваш да стекнуваш самодоверба и така си поатрактивен. Вака очаен, девојките можат да те доотепаат само. Ако те интересира пограми нешто помош околу вежбање слободно обрати ми се во ЛП ќе ти покажам вежби за теретана и базични информации околу начинот на исхрана и што да исфрлиш.
Нема врска дебелина ,до карактерот е , еве и дечко ми е дебел па за мене си е најубав без разлика на тоа. Може премногу си нападен ,може си досаден ,може не знаеш да сврзеш муабет. Не секој гледа по изглед како пресудно.
Ако карактерно си ок а спрема тебе проблем ти е физичкиот изглед еве линк од милош. https://www.youtube.com/channel/UCkkZm4bBZw9shGGDLcoysmw Започни со исти тренинзи и начин на исхрана и ќе се средиш.
Не е нормално. Кога те запозна не виде дека носиш наочари? Сега наеднаш му текна дека не си била убава со нив? Речи му дека и тој не е убав со начинот на размислување. Поубав ќе беше да немаше глупави предрасуди како оваа. Раскини му, уште денес. Нема врска дебелината. Цел живот сум дебела, па не сум била без дечко/мувач/маж 24 години... енд каунтинг...
9 години е постар од тебе и е со вакво однесување... Каде има опсесија, контрола, посесивност, забрани, недоверба, незрелост, нема љубов, само една многу лоша токсична врска. Се надевам со време ќе сфатите колку навистина погрешно се одвива вашиот однос. Двајцата сте исти, токсични, и не знам колку би можеле да изменете нешто на подобро. Се уништувате еден со друг и негативно влијаете еден на друг. Вака, здрава и нормална врска не се одвива.
Немате вие воопшто добра врска, а тоа неговото не е сакање штом така се однесува. Покрај него и ти си станала таква, ти препорачувам настрана од него, ќе заглавиш и ќе си се уништиш психички самата..
Тој си ја има мувата на капата, па се плаши и ти да не му правиш исто зад грб. Нема љубов, само посесивност и токсичност. Раскини му најдобро.
Ау сеа го прочитав ова па ќе се надоврзам. Типична токсична врска ,а во овој случај и двајцата не сте сигурни во себе и си ги пренесувате стравовите еден на друг што ги посакувате... Во ваква врска нема здрава љубов...
Здраво... Имам проблем ве молам да ми помогните... Вака веќе два ипол месеци сакам едно момче ама тој незнај мислам незнај никој дека го сакам, тој и е другар на другарками сега е и мој другар ама се плашам да му кажам дека го сакам се плашам да не го изгубам, незнам како да му кажам дека го сакам бидеќи јас се страмам малце и ако му кажам дека го сакам после нема да можам да му се опулам бидеќи ќе ми биди страм, ве молам помогнетеми дали да му кажам дека го сакам и како? Ви благодарам од напред.
Да... Кога излегуваме во диско ми се пули секогаш кога ќе му се испулам јас пееме песни заедно, секогаш кога ме поздравува ме бакнува до уста, еднаш бевне излезени и некој ми се пулел и тој ме тргна за рака и ми рече да застанам донего
Бидејќи и бил другар на другарка ти претпоставувам е поблизок со неа, можеби таа треба да разговара со него.Ти можеш да и кажеш на другарка ти дека ти се допаѓа, па таа да разговара со него и да види дали му се допаѓа некоја друга или евентуално ти. Ако сакаш можеш и ти да разговараш ама имај во предвид дека некои погледи, насмевки и зборови не значат дека му се допаѓаш. Најлесен начин според мене во ситуацијата е да му пишеш за нешто, пр. да го прашаш кога ќе се собирате друштво или нешто така и ако е заинтересиран ќе го покаже тоа во разговорот. Ете ти неколку начини, па размисли и постапи како мислиш.Со среќа
Ти одговориле другите веќе Ништо, прочитај ги цитативе па подразмисли се дали стварно ви е преубо и дали сакаш да си у ваква врска, а и патем, поработи си на себе, зошто е очигледно дека тој мајндсет на љубомора и ти го имаш па само ке го пресликаш во следната врска.