2468 фала за советот, сево ова го знам ама нејќам да го прифатам, се лажам себе си. Инаку за смирување незнам дали ќе се смират, затоа што она е од друг град и фактички и она испаѓа ко една од неговите за пополнување временце. Кога ќе дојде она овде со неа, следниот ден со друга. Незнам искрено како издржале толку во врска, а штом еднаш варал, којзнае со уште колку ја има варано.
Уште живееш во не прифаќање на реалноста....ако верувањето дека и она му е за пополнување време те прави да се чувствуваш подобро, слободно, но на тој начин покажуваш дека ти се задоволуваш со тоа да си втора и за пополнување време? значи на еден начин покажуваш дена не се цениш самата себе...Ај освести се, мавни еден ладен туш може ќе ги видиш работите реално !!! Што друго и да пишувам веќе ти го кажаа во минатите постови
devojki pomos!!!! se iskaravme so decko mi ideme 9 meseci veke 10 i denes mu rekov demek nesto se smenilo da ne me lazhe deka ne e taka i toj se iznerviraa premnoguuu i rece ajde legnav pokasno ke zborime.. znaete pms!!! a i denovive ne ni odi bas najdobro.. sto da mu recammmmmm sto da pravammmmmm ve molam za sovet (((((((((((((((((((((((((((((((((((((((((((((((((((((((((((((((((((((((
Остави да се смират страстите, потоа ако си ти виновна за караницата пиши му порака, извини се, објасни дека си била во пмс. Обична караница, ќе помине Башка ако идете 10 месеци ваљда се познавате малце повеќе и ќе те сфати не е крај на светот.
Девојче кажи му што значи пмс и што се случува со тебе тој период тогаш ќе сфати, после извини му се .. не е сериозно јас со мојот обично не се карам многу а кога се скараме, вели пмс а? и да сум во пмс и да не сум мора да се насмеам
Девојче не можеш да дозволиш луѓето вака да те влечат за нос.Денес е само ова утре може да биде пострашно.Сеуште си мала но кога ќе пораснеш може да ти остане таа навика да дозволиш да бидеш втора и не само во врските туку и во животот.Мисли на него како за некој кој би требало да те сака и да ти биде поддршка а не само колку да се каже дека сте заедно.Не го идеализирај и тој е човек во твој случај со многу мани.А и нели мислиш дека таков човек кога веќе еднаш преварил би можел и тебе да те превари со друга?
Најлошо и најтрагично нешто за секоја девојка е да си допушти да е втора. Тоа значи дека не се почитуваш како личност ти а не па дечкото да те почитува. И да расипеш врска и по тоа да бидеш таканаречена прва девојка тој пак ќе си најде некоја, чисто од навика.
Ајде овде...ама девојки стварно ми е потребно ваше мислење. Мислев дека можам да се справам со ситуацијата, но очигледно ми треба совет! Како почна се (нема да должам многу во кратки црти ќе ви кажам) : Се знаевме само на видување низ град. Една вечер, летото кога отидов да се поздравам на масата на која седеа мои познаници, таму беше и ТОЈ. Нормално се поздравив со него. По два дена ме додава на фамозната социјална мрежа фб. По некое време (не знам дали беше 1 месец ) ми пишува. Јас не се позамарав со него тогаш. По извесно врме пак ми пиша, за да потоа дојде до тој степен ние деноноќно интензивно да си пишуваме. И за време на тоа пишување што се случува - беше 1 часот по полноќ и ние како и по обичај се зафркаваме на чат и ми вели дека е гладен јас му велам ајде да одеме да јадеме бурек (значи јас цело време мислам дека е зафрканција). Ми вели ајде за 10 мин сум готов дај ми моб. ќе ти титнам излези ти (а си знаеме дека живееме). Јас му давам број од т-мобиле што ми е недостапен. И јас цело време зафрканција и фино лепо си легнувам и спијам Утредента ми вели фала за бомбата. ТОЈ излегол, искористил да ми го „дознае“ бројот, а јас му ја удрив бомбата. Е од тогаш веќе не е исто. Ретко си пишуваме. Неколку пати му велам да надокнадам за „бомбата“ а ТОЈ го менува муабетот. Помагајте женски, што да се прави сега???
Епа така кога ќе си праите муабет пак на фб речи му ај за 10 минути сум кај тебе ако не искочиш ќе ти ѕвонам на врата ќе искочи гарант и извини му се за минатиот пак, речи дека си мислела дека се зеза и дека сакаш да му надокнадиш што така ненамерно си го зезнала. Ајде без срам направи го тоа, ако му го знаеш бројот уште подобро, јави му се и речи му за 10 мин сум кај тебе излези, или отиди кај него и јави му се речи му да се симне Гуд лак
мислам дека мимс ти даде прекрасен совет може би и јас би играла така, само не те сваќам ако ти се допаѓал типот зошто не си искористила луда вечер со него. зошто си го заебала?? па макар и да те зезал за јадењето може му било финта да ти го побара бројот. а ти си го пресекла од корен. ех одвај машките ќе соберат храброст да направат прв чекор а ние женските оп за секунда знаеме да ги пресечеме ајде ако типот многу ама стварно многу ти значи постапи како што ти кажа мимс или земи пица и јадете кај него ако несака да идете никаде
Јас ќе излезев со него да не беше 1 часот по полноќ. Тоа ме кочеше Ама ако соберам доволно храброст, одам и ич не му ја мислам динг донг burek delivery
Па можеш и такво изненадување да му приредиш Баш ќе биде забавно плус во неговите очи нема да бидеш срамежлива и досадна Купи бурек заѕвони му на врата и речи му, "јас честам и надоместувам за бомбата"
Искрено те сфаќам зошто си го зезнала. Кај си мислела дека се шегува, па и 1 по полноќ било. Незнам колку години имаш ама јас сеуште после 12 часот не смеам да излезам од дома. Да се разбереме не дека не смеам да се вратам Нареден пат кога ќе си правите муабет, значи ќе бидеш сигурна дека е дома искористи го предлогот на Мимс. Па не мораш на врата да му одиш, ако живее во зграда чекај го пред влез, а ако е во куќа на улица, нема смисла на врата да му одиш.
Значи само храбро да настапам, па можеби ќе го придобијам уште повеќе. Сега го нема да пиши, можеби чека на мене, да види до каде можам да одам
а ти докажи му дека можеш да одиш до крај и се што фикс идеи имаш од тоа твое мало главче( добро не му кажувај дека имаш наша подршка ) меѓутоа во право беше некој што кажа погоре скрши го оној стереотип и биди луда, слободна и освој го неговото срце на начин на кој ниедна не го освоила ти посакувам среќа
Не дека е некој голем проблем, ама дечкото ме напњааа уффф Ми пишува постојано на фб штом се уклучам ми стигнува порака од него, ме напиња да се видиме и тоа никаков изговор не ми помага ни дека имам другарка кај мене, ни дека имам за учење или ќе одам на кафе. Тој ми само пишува ајде најди време. Сега му измислив ќе одам на кафе, ќе се шетам со другарка па таа ќе дојде кај мене (а нема врска) и тој ми пишува пак ајде пред да кренеш. А има и женска Му смислувам вака причини една недела, па преку глава ми е од него! И само ми пишува леле нервирам се сонце. Неможам да го откачам типов - жити све! Понапорен озбилно немам видено. После толку лажење и се што му пишувам тој дасаѓа па леле :geek: Кажете ми како да го откачам многу ми е досаден Па ми кажува по цел ден што ќе ми правел та како незнам веќе што Почнува да ми личи на манијак Знам дека не е проблем но мене ми стана. Ако се потрудите да ми кажете што да правам ви благодарам ако не фала што се помачивте да прочитате. Јас морав да се искажам некому.
Отерај го во 3 лепе. Друг излез немаш ако е напорен. Самиот прави да му ги повредиш чувствата. Јас така еден сакав да го откачам ама не биваше на мирен начин и претерано напињаше типот до тој степен што ми се згрози и на крај го отерав во 3 лепе и толку.
Барби не за џабе постои опција -Избриши од пријатели- на ФБ. Или па -избриши број- на мобилниот. Полесно решение, Амин!!