Не го 'имаш' сега, па да ти е страв да не го 'изгубиш'. А ако му кажеш, постои шанса, вистински да го 'имаш'.
Не можеш да изгубиш ништо, if it was yours it'll stay, if not fuk it. Се шалам едноставно искажи се ти, ако не прифати his loss.
Како да признаеш на некој дека го сакаш, кога долго време си криела, ии плус веќе момчето не живее во Македонија (Но доаѓа)... Нема повеќе социјални мрежи. единствено нешто од што можам да го контактирам е брат му со кој пишуваме...Ве молам помош ќе полудам....
Ако имаш начин како да го контактираш, контактирај го и кажи му директно. Ризикувај. Барем ќе знаеш на што си.
Баш во тоа е проблемот, малку е постар од мене, порано доаѓаше кај нас дома пред да замини странство, и како од нигде никаде да кажам дека јас сум таа малечка...Би ме направил ненормална 100%-
не знам како е од машка страна кога некоја ќе му признае дека го сака, башка долго време да ја нема видено чудно е.
Пробај си ја среќата, кажи му на братот негов да ти даде број негов и кажи му. Не губиш ништо, барем ќе знаеш на што си. Ама ако ретко доаѓа овде и е настрана, што знам некако не е за многу очекување, ама види си..
Малку е пологично да му кажеш кога ќе дојде, покани го на кафе или нешто, ако прифати веќе е сигнал тоа. Не сум машко ама преку порака или телефон глупо ми е малку. Единствено порака дека би излегла со него кога ќе биде мк.
Добро ама кога веќе барам број од него да му пишам, и да створиме контакт мислам дека ќе сфати дека го свиѓам...
Па покажи интерес малку дека сакаш да излезите, оти како што прочитав ти одма сакаш да му изјавиш љубов? Не сум сигурен и малку крипи е. Не знам дали е љубов или само (пресилна) заинтересираност..? Како и да е, пробај стапи со него во контакт, комуницирајте и можеби зближете се?
@BonitaSenorita66 го поддржувам мислењето на Старк, посебно цитатов: Ти побарај му бројче, па со пораки почни некој муабет види како ке се одвива работата па од тоа ке видиш дали и тој има интерес, ако има тогаш признај си ги чувствата
Е па и тој ти пишал де, ти така си сфати кога доби порака од него? Многу тежина давате на една порака, ете и да си помисли, ништо страшно. Или ќе ти одговори, или не. Не е крај на светот.