Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. blosson

    blosson Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    263
    Пол:
    Женски
    Готовоо, ги порачав ..благодарам на сите за искреното мислење. :)
    Мене ми беше за нему да не му е незгодно или непријатно оти знам дека е за патики ама не сака да троши периодов. Ама знам дека ако беше обратно и тој би го направил тоа за мене :hug:
     
    На Estranged, cresa-jagoda, *Amethyst* и 11 други им се допаѓа ова.
  2. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.276
    Допаѓања:
    50.912
    Пол:
    Женски
    Зошто да не, нема ништо тука лошо. И јас му имам купувано и тоа неколку пати, во долга врска сме и за родендени, годишнини си се прашуваме што да земеме еден за друг.
     
    На cresa-jagoda и blosson им се допаѓа ова.
  3. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Многу добар поклон за дечко, јас му земав пред неколку месеци и пресреќен е, секој ден си ги носи. :angel: Не гледам зошто би му било непријатно, може мислиш заради цената ама нема врска тоа. Секој сака поклони и едноставно ти сакаш да му купиш и нема зошто да се чувствува непријатно, сите си подаруваме нешта во врските, не е ништо лошо тоа.
     
    На cresa-jagoda, *Amethyst*, nevermet18 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.867
    Пол:
    Женски
    Мислите ли ако врската е сериозна и трае повеќе од 5 години, а нема прстен може да биде причина за да се стави крај?
    Или едниот ако сака да се мажи/жени побрзо и да има деца, а другиот сака покасно.
     
  5. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.852
    Допаѓања:
    80.887
    Пол:
    Женски
    Може. Кога едниот сака едно а другиот друго, кога нема усогласување на потреби, тоа значи дека едната страна мора да трпи, да толерира. Е, ако не може да толерира, тоа значи дека е време да најде некој со кој ќе има усогласеност и ќе го оствари тоа што го сака.
     
  6. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.248
    Допаѓања:
    33.076
    Пол:
    Женски
    Може да. Имав таков случај со моја братучедка, одеа долго, веќе беа во години, а тој не правеше никаков чекор. Беше сосема незаинтересиран и таа реши да стави крај.

    Искрено јас да сум на такво место ќе гледам прво да направам муабет со партнерот, да најдеме некое решение и компромис, сепак не е едноставно да ставиш крај на долга врска само поради различни ставови. Веќе ако нема договор, ако некој е тврдоглав и не сака да ја сослуша другата страна, нема смисла да се продолжи врската.
     
    На piksooki, cresa-jagoda, *Amethyst* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.494
    Допаѓања:
    22.469
    Пол:
    Машки

    Neli ti imase dolga vrska i mu raskina?
     
  8. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.867
    Пол:
    Женски
    Да, ама размислував за ова во последно време и ме интересираше.
    Пошто бев во таква ситуација, сега пак сум во слична.
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  9. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.752
    Допаѓања:
    13.714
    Пол:
    Женски
    За мене тоа не е причина за крај.
    Можеби нема пари сега да се жени а женачката не е мала работа.
    Можеби не се чувствува спремен.
    Можеби можеби можеби.....
    Едноставно треба да се разговара и да се види зашто така размислува.
    Пример ако ти имаш 22 години а он 23 и одете 5 години може он да не сака да се жени.
    И покрај тоа што сте долго заедно да мисли дека сте млади.
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.405
    Пол:
    Женски
    Да. Затоа според мене тоа порано се прави муабет, да знаеш дали си на иста бранова должина.
    Ја сакам деца на 30, тој ако сакаше деца на 20, ја ќе требаше сега за брзо да раѓам и да се мажам, а тоа никад не би се десило и би морале да раскинеме.
    Ја од старт се изјаснив што планови имам за во иднина и да не му текне да ме напиња за деца и брак, за среќа исто мислиме и тој деца не сака многу млад, без да имаш сигурна работа, свое живеалиште, автомобил, да можеш да им обезбедиш се, па и да се поужива и прошета малку. Се додека истово го мислиме и имаме ист став, за мене нема проблем.
    А, млади почнавме врска, нема да ме чуди ако сме пример здравје боже 10г заедно и напињаат за брак од околу луѓе. Мене ова нема да ме тангира, како што кажав ако и двајцата сме со истиот став.
    Ама ја мојот став сум го кажала на старт и ќе си останам до тоа до крај.
    И мислам дека ако има ваков проблем, да, спремна би била да раскинам.
    Секако прво ќе направам муабет ако има простор за компромис и разбирање ама ако другата страна запнала нешто со сила, се знае, раскинувам...
    Подобро пропадната врска отколку одлука со која не би била задоволна.
     
    На hermosa, piksooki, Moon.Girl и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.397
    Пол:
    Женски
    Зависи. Ако ти сакаш да имаш деца сега брзо, а тој за 5, 10 години проблем е. Може едниот да почека, другиот да убрза па да се најдат на средина. А за мажење женење, лично јас размислувам дека ако 5 години трае врската секој од партнерите треба за 5 години веќе точно да знае дали сака да е со другиот. 5 години не се мал период за да не можеш да се одлучиш. Ако за 5 години сеуште не си сигурен дали сакаш да си со него цел живот, може уствари да нејќеш, пошо ако си сигурна за него после 5 години ќе го познаваш перфектно и прелесно ќе одлучиш. Исто и за мажот. После 5 години ако не му текнува да ме запроси, ќе го прашам кој му е филмот. Бракот не треба да те промени многу. Не треба во брак да влезеш и да исполнуваш очекувања за домаќинка или не знам што. Ние со маж ми живеевме заедно и пред да ме запроси и одкако ме запроси не се смена ништо продолживме исто. Значи ако врската ви е убава, нема што да те плаши бракот. Ако те плаши, можеби партнерот има очекувања од бракот кои тебе не ти се допаѓаат. Мора да ги разговарате очекувањата и отворено да си кажите еден на друг што за вас значи бракот. За деца е сосема во ред да сака едниот сега, другиот покасно. Зависи колкав е тој размак. Ако е голем и не можете да се најдете, скрос легитимна причина е за раскид.
     
  12. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.790
    Допаѓања:
    9.959
    Пол:
    Женски
    Неколку пара имам во близина што идат повеќе од 8г, едните што ги знам се веќе 11год заедно, уште не се земени.

    Според мене нема потреба за крај, затоа што можеби сеуште едниот партнер не е спремен, па се чека на нешто и слично.

    Едниот пар што ми се блиски, баш зборев со дечкото планира сега да ја побара после 8г врска, вели дека сега се чувствувале спремни а дека до сега едноставно цело време имале други цели и планови.

    Така да, нема совршено време, се е до тоа колку и двајцата се спремни навистина на таков чекор.
     
    На Regina.Phalange, cresa-jagoda, buba4e89 и 4 други им се допаѓа ова.
  13. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    6.694
    Пол:
    Женски
    Како мој случај тотално јас несакав а на него време му било и му акнав клоца, одевме 2 ипол год
     
  14. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.953
    Допаѓања:
    31.490
    Немора да значи.
    Првин зависи возраста, дали си спремен, финансиска состојба.
    Сестра ми со зет ми, тогашен дечко, беа во врска 11години пред да се земат, ама врската ја почнаа на 17год.

    Исто многу нејзини другарки. Другарка ми после 9годишна врска се решија за брак, откако се средија, со работа, место на живеење.

    Треба двајцата да бидете спремни, а не дека сте заедно 5, 8год па мора брак, ништо не мора. Брак не е едноставен чекор.
     
    На Dream-Girl, cresa-jagoda и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  15. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    6.694
    Пол:
    Женски
    Немора да значи дека сега ако сакаш некој ке сакаш цел живот пример со мојот бивши јас го сакам ама тоа беше период повеке беше навика многу е тешко да одлучиш дали да поминеш со некој цел живот и да одеш 5 години тешко е.. А брак и врска не е исто у брако имаш многу више проблеми па те со негови родители со деца меца треба да си спремен.
     
  16. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.397
    Пол:
    Женски
    Па не значи дека ќе го сакаш, затоа во брак се влегува кога ќе се чувствуваш созреан, јас маж ми не го сакам така случајно, туку одлучувам свесно да го сакам, е сега некои мислат дека љубовта така доаѓа и си оди кога сака, ама затоа треба да си созреан за таков чекор, јас ако одлучам свесно да го сакам до крај на живот нема сила што мене ќе ми ја смени таа состојба, пошо тоа не е чувство, тоа е веќе состојба со која живееш. Бракот не треба да те промени многу, ко прво не значи дека ако си во брак треба да имаш деца одма. Ко второ ако си во брак не значи дека треба да се расправаш со неговите родители. Маж ми секогаш им поставувал граница на неговите, јас на моите и никогаш немаме проблем. Јас не се чувствувам многу различно од кога сме биле во врска и сме живееле заедно, бракот треба да биде само како надворешна прослава за љубовта, а не да го гледаш ко затвор од кој нема излегување. Или кога ќе речат прво сакам да прошетам. Еве јас со маж ми се изнашетавме. Не ми влегува тоа во глава зошто бракот да те спречува да шеташ. Демек повеќе обврски, миење садови, перење, чистење, готвење? Јас мислам дека да стигнеш до години кај што размислуваш за брак и да те пере и да ти готви друг е срамота. Значи овие работи треба да ги правиш веќе сам безразлика дали си во брак или не. И за жени и за мажи ова. На 25 години мама да пере гаќи мене не ми е во ред тоа.
     
    На emiliana, CrazyGirl15, mila89 и 10 други им се допаѓа ова.
  17. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    6.694
    Пол:
    Женски
    Јас сум таков тип на особа самец не го сакам бракот незнам зошто некако ми е многу сериозен чекор ако бирам поарно би одела со дечкоми 20 години до 40 а можеби и цел живот, брак не е за особа како мене барем таква сум се запознала.. Брак не е за перфекционисти :\
     
  18. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.397
    Пол:
    Женски
    Епа добро тоа е во ред, и мажи полно има такви битно е да најдеш некој како тебе. Инаку што ти е чудно, кај нас многу жените се жалат од брак пошто такво патријархат општество сме, кога се мажи жената се очекува да стане заробеничка, затоа сите зборат изнашетај се, носи фустани, шминкај се дури не си во брак, а се од тоа јас правам и сега. А за перфекционизам, тоа според мене човек треба да го омекне пошо сите сме некакви и за било која врска во животов да ти успее мора да си флексибилен и спремен на компромис. Како да барам од маж ми да е перфектен кога јас не сум. Ама се прифаќаме, се разбираме, се трудиме да сме подобри секој ден и тоа е смислата
     
    На glosipgirl, Dentina и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  19. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.338
    Допаѓања:
    9.436
    Пол:
    Женски
    Епа не е исто кога и двајцата се спремни на таков чекор, и кога само едниот од партнерите е спремен.

    Мене ми е скроз океј да се стави крај на таква врска кога едниот од партнерите не може да го задоволи критериумот на другиот. Никоја страна не треба да биде притисната и принудена на нешто. Макар и 15 години нека се во врска.
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.494
    Допаѓања:
    22.469
    Пол:
    Машки
    теоретичари сето вака онака требало да биди, да според призмата на Вашето гледање. Не секој исто го гледа бракот. Мене бракот ми е само документче за да се идентификуваме и да поделиме сермијата. :D


    Ако ја сакам и и верувам на личноста/девојката, не ми менува дали сум во брак или не.
     
    На S.W.A.G, Luminary, Regina.Phalange и 2 други им се допаѓа ова.