Да не се лажеме, секој е заменлив и сигурно дека и со друга би му било убаво, како и на тебе што би ти било со друг. Но, тој е со тебе и немаш потреба да се преоптоваруваш со друго. А ако не му веруваш сигурно има причина за тоа така да, ако мислиш дека кад тад ќе те повреди прекини на време. А, ако несигурноста е проблемот поработи на себе зашто истиот проблем ќе го имаш со секој нареден. П.С. Јас ако сум во сериозна врска би го прашала која е девојката.
Да, толку сум мала, ела зголеми ме. Ако имаш доверба во партнерот ќе се осмелиш да прашаш се што ти е чудно и ново, а не на форум да го правдаш како тој не правел така. Ние овде може совет да дадеме да праша или да не праша. Но проблемот е подлабок. Прво, што ја натерало да му копа во фоловерс ако тој е толку поштен и чеден и не следи непознати? Друго, зошто не се осмелува да го праша диреткно? Се плаши дека вистината нема да и се допадне? Пардон дис мала...
Тоа е друга тема и треба да поработиш на твојата самодоверба. Секогаш ќе има некои подобри и поубави од нас, ама битно е да си одговараме со партнерот И не, не се во право ако тоа нешто те копка и прави лошо да се чувствуваш. Биди искрена со него за сè. Не треба да е проблем да заследува личности кои ги познава и машки и женски, па и јавни личности. Ама некои рандом и јас мислам дека нема потреба, не знам колку сте отворени во врската ама ако имам проблем си кажувам очи во очи и се решава.
Не треба да се преоптеретуваш ама не треба ни да бидеш наивна. Кога веќе ти е сомнително или чудно, прашај го. Не гледам каде е проблемот и зошто се прави big deal од тоа. Барем јас лично во истиот момент си прашувам кога нешто ме интересира и мислам дека тоа е сосема во ред. Во сериозна врска не гледам простор за потиснување работи во себе, кога можеш едноставно да поразговараш за тоа што те мачи.
Јас некогаш ако видам некоја интересна личност што излегува на search ќе ја додадам. Што знам ама според мене ова не е биг диал ама ти си знаеш како за тебе.
Здраво на сите,има еден Со кој што се гледам некое време,но ми фали внимание од негова страна,пример да биде позаинтересиран за некои работи во врска со мене,преку демот кога пишуваме секогаш ми раскажува само за неговиот ден,само како тој се осеќа...му спомнав неколку пати но ете ништо се нема сменето.Тој работи преку денот и секогаш тоа е изговорот дека работи,зафатен е,изморен е,му се спие...Во меѓувреме се појави еден којшто ептен многу ми обраќа вмимание,ми пишува по цел ден,знае да праша како сум што сум и се тоа.Се ми е испомешано во моментов и чувства и се,знам дека почнав да пишувам со вториот од што искрено периодот ми е многу лош од други причини и имам потреба од некој за муабет и поддршка.Дали некој е бил во таква некоја ситуација и што да правам понатаму?
Ако сега на почеток не го интересира твоето секојдневние, не ни очекувај дека ќе го интересира во иднина. Дај му шанса на вториот. Кога немаш почнато врска е многу полесно. Разговарај, запознај го, па сама ќе одлучиш дали и колку ти одговара. Ако не ти одговараат и двајцата, ќе се појави некој трет
Ако на сам почеток не е заинтересиран да те слуша, што ќе стане понатаму. Овде не може во неколку реченици да се опише однос кој тек се гради, ама веројатно имаш доволно искуство за да процениш дали е заинтересиран за тебе. И како реагира кога пример ти му пишуваш за својот ден и како се осеќаш, не мора да те праша, ти раскажи му. Ако нема трпение да те чита, ох фајн, his loss. Побитни се дела од зборови. За вториот не знам шо да ти речам, не значи дека секој што убаво пишува, ќе ни одговара во карактер ин рил лајф. Дај си време и види како ке оди. Не мора ништо посебно да правиш. Ако те интересира вториот , излези и види каков е во живо и дали си одговарате.
Обрни внимание на овој, штом ти оди муабетот и има интерес за тебе, повеќе обрни на него. Но среди си прво мислите и разговарај со прбвиот види дали ќе се смени, што мислам дека штом до сега не сменил ништо, нема ни да смени. Не троши време со него и фокусирај се со вториот..
Изговор безвезен, што го кошта наместо да ти се жали дека бил изморен ова она, да те праша како си, каков ти е денот, што правиш. Батали го.
Директно да го прашаш. Мене ми е многу глупо и ова ми е муабет на 15-16 деца што се прв пат во врска. Јас сум била во делумно слична ситуација. Не заборавај дека сите се мед и млеко на почеток, поготово кога ќе преовлада монотонија. Ама, спомна дека не сте долго заедно така да самата си знаеш најдобро.
Кај сите на почеток е мед и млеко. Ретки се тие што од почеток до крај тераат така.Многу ретки. Разговарај со тој првиот дека сакаш да ти посвети малку повеќе внимание. Дај му последна шанса. Доколку не се обиде и не те разбере сврти му грбот и пред тебе си имаш некој кој ти посветува цело време внимание 48/7 ама ќе видиш дека со текот на времето ќе ви стане досадно и ќе барате да бидете сами.