Проблемот е во мене но зошто тој да не ми каже за дотичната? Како што он го знае секој мој другар или колега сметам дека и јас треба да знам. И одговор на тоа дали има другарки има, и ги познавам и јас лично и он и за тоа нема никаков проблем.
Не е крива ништо девојката па да ја нарекуваш дотична,вина барај кај дечко ти. Прашањето е колку ти е тој тебе верен? Можеби има некои ххх работи за кои ти не знаеш т.е. допрва дознаваш. Размисли.
Затоа што смета дека не е битна особа за да ти ја каже,завршил работа тоа со графичкиот дизајн и толку. И мене ми се десило еден човек да не го кажам не од причина што имам нешто со него,туку затоа што сметам дека не е битен. Засега сметам дека не треба да се паничи нити па крева галама. Сепак ти си знаеш најдобро. Позз
Таа го знае најдобро и кога мисли дека нешто е сменето кај него можеби навистина е. Работа е работа, како што гледам не е завршено туку продолжило и во приватниот живот.
а зошто би вратила на некој таков воопшто, мислам се знае зошто ти пишал. Не мислиш дека тоа ќе вроди сомнеж во твојот партнер?
Мене ме фасцинира вашата посветеност и контрола над партнерите. Секоја ви чест како успевате да најдете кој нов член го заследил на инста од 400-500 други пријатели што ги има. Значи секој ден листате по пријателите на партнерите нагоре-надолу и ги скенирате фаците нивни, информации, профили, лајкови, интеракции. Намалете со опсесивново однесување ако сакате да сте среќни.
Могуче ли е врска од 5 години да заврши толку лесно како да не чуствувала ништо спрема мене 1 месец е вака ниту сме се карале ниту сме делеле нешто а веќе се спремавме за зимање средување купување сЕ заедно биравме и оп одеднаш не чуствувам ништо спрема тебе не ми е верно 5 години не се малце ај биди паметен
И тоа како. Мене 7 годишна врска ми заврши така. И верувај не е одеднаш, јас пред да раскинам официјално у глава и срце ми беше завршена врската од пред 2 год.
Коа го имаш имаш истото доживеано и ми вели да останеме другари??? Како да останеме другари после ова
Ако нема чувства за тебе, нема да и' е тешко да останете другари, а ти ако сеуште ја сакаш, поарно за тебе скроз да се дистанцираш.
Можно е и те како. Најчесто не е тоа одеднаш туку се провлекува со тек на времето бидејќи не знаете да ги препознате тие работи кој се случуваат и иницираат на разделба или не сакате да мислите на нив. И кога ќе дојде тој момент, ден мислите дека е одеднаш ама не е. ДМ имал пред мене врска која траела многу години а сега си е среќен со мене и тој како тебе ист бил. Ништо не се случува одеднаш. Прашај ја, разговарајте, дај и време да размисли и да види што сака. Или ќе ти се врати или ќе си стој на одлуката. Твое е да прифатиш што и да реши.
Чекај сега малку, никој не раскинува врска ( а уште помалце толку долга врска) пошо така му паднало на памет. Проблемот е што не приметуваме кога некој ни зборува константно да направиме нешто или да смениме нешто и си тераме по свое и мислиме се е супер и на крај приказната завршува вака како кај тебе. Осврни се наназад, не само последниве месеци - дали можеби била несреќна? Дали сакала нешто, а ти не си го правел? Или може правиш нешто што и смета, а упорно не го менуваш? Сега одлучивте да се земете, може мислела дека е касно... зборувај отворено со неа и прашај што е проблемот и види дали може да се реши или тоа е тоа.
Има нешто што не и се допаѓа кај тебе или можеби сака промена. Ако ја молиш после ова, само ќе се дозакопаш негативно. Сега ти е тешко и размислуваш можеби и да ја убедуваш, ама немој. Јас имам направено така.
Не е можно. 5 годишна врска не се прекинува туку така. Ти за 5 години толку не ја познаваш да знаеш во што е проблемот? Сигурно имало проблем кој не сте го решиле.