Разделете се на одреден период, без никаква комуникација. Дајте си време да видите како се осеќате еден за друг.
Како бе сексот служи обично он да си заврши работа? По се што прочитав само едно сфатив дека ти си несреќна со него и остануваш само ради навика. Мој совет е да не си го трошиш залудно времето и животот и да изиграваш мајка Тереза ма и најдобар на свет да е дечково. И друго ако не си сигурна што да правиш постави си ваква ситуација ако ти си на место на дечково колку и дали он би те толерилал тебе или било кој друг дали би те толерирал? А тоа пак излезени и него нон-стоп му ѕвони тел. no comment
Раскини му ако не се чувствуваш среќна, стави се себе на прво место. Дечко секогаш ќе најдеш друг ама ако не си среќна и задоволна тоа само ќе се провлекува и ќе биде полошо со тек на време.
Сметам дека ние женските сме секогаш тие што даваат ,,време на времето,, надевајќи се дека нашиот партнер ќе се смени,се така давајќи надеж си поминуваат годините,а ние се повеќе се тупиме и полниме негативна енергија,влегувајќи во брачните води условно речено ради реда пак жалејќи за годините поминати со него и нормално : што ќе речат луѓето. Јас сум тип на особа што најпрвин гледа да спаси она што може да се спаси,меѓутоа во твојов случај во 2 години врска ниеднаш да не ми даде комплимент што е 2 секунди работа !? Па заслужуваме макар и тоа да не го мисли во тој момент...секое женско заслужува . Он дава приоритет на работата,губејќи те тебе.Седнете разговарајте и ако пак е истото напушти си терен. Поздрав
Овие реченици најдобро опишуваат ситуацијата која си. Вака изолирани за убаво да ги видиш пак. Не си среќна во врската, не си задоволна од врската, сметаш дека заслужуваш подобар и не гледаш иднина со него. Зошто си уште во врската? Дека него му е тешко? Дека тој те сака? Шо е со твоите чувства? Шо е со твојата среќа? Ако не оди - не оди. Тегнење на врска до неповрат само можи да направи нахнади проблеми, ама нема да реши проблемот. Нормално, прво би ти пишала да разговарате на темава ама ти пиша дека сте разговарале и дека е џабе. Ако разговор не помогни - ништо друго нема да помогни. Ете, разговарај уште еднаш да не биди како да си се откажала без борба ама некои работи можиш да ги лепиш само одреден број пати. И поправање над одреден лимит само можи да ја премини врската во некоја токсична средина во која нема да се сакате веќе како личности и едноставно „поздраво“ е да раскините како пријатели. Можеби сте „точните“ личности, во „грешно“ време. Пробајте разделете се на одреден период, да видите како ќе биди. После прва работа - не одма заедно туку разговор за граници и правила и „трајл“ период да видите дали се ќе оди по мерка. Ако пак не оди, жал ми е. Нема да се среди. Постојано раскинување е само loop кој мора да се прекрши.
Јас после предходната врска три години немав дечко и не можев да се опоравам, многу се врзувам за луѓе, многу се посветувам и после многу ми е тешко да се разделам. Исто и со овој дечко. Не сум среќна тоа ми е јасно како ден, најверојатно е навика и се плашам, ме фаќа паника што ќе правам без него, ќе бидам осамена, ќе ми фали ама ако дојде до тоа и тоа е еден циклус што мора да се помине.. Ви благодарам многу на сите за советите. Мислам дека ќе го седнам уште еднаш, да му објаснам по не знам кој пат и ќе побарам одредено време да не комуницираме (ама не верувам дека он нема да ме бара и пишува) ама уште тоа да пробаме, иако не верувам веќе дека постои нешто што ке го врати "сјајот" во врскава и се што е изгубено..
Иста сум ко тебе за приврзувањето ама ќе ти кажам нешто. Без секој се може, без секој. Ова ти го кажува личност која раскина на човек кој го сакаше повеќе од се, пред речиси 2 години. Знаеш што? Тоа е најдобрата донесена одлука евр, во мојот живот. Не можам да кажам дека не ми фалеше, ехе, и тоа многу. И ден денес ќе се присетам на него, бил дел од мојот живот ама успеав и без него затоа што имав желба и волја. Дали го сакам уште? Не, ама секогаш ќе има место во моето срце, секогаш. Сама сум откако раскинав со него, не брзам да влезам во врска, убаво ми е и вака. Ќе излажам ако на моменти кажам дека не ме дрма самотија и осаменост ама подобро сама отколку во лоша врска кај што не се чувствувам среќно. Не се плаши и доколку донесеш одлука да прекинеш. Не си должна ништо да трпиш. Со среќа.
@Darlingzz и јас бев/сум во таа категорија на емотивките. И јас имам прекинато врска која немала сјај и од раскини-смири се допринела да се случуваат непожелни и според мене неприфатливи појави. И би се надоврзала само на болдираново на @bicycle , тоа што му раскинав во тој период беше најдобрата одлука во животов, евр. А сега по огромна временска дистанца сфаќам дека таа моја одлука била и најдоброто нешто што сум го направила и за него, евр. И да секој поранешен партнер си има некое посебно место во срцето, мислите, ама кога не оди мора да ги пуштиме и тие да се развијат во тоа кое треба да биднат и ти да си продолжиш и се развиеш во тоа што треба да бидне од тебе. Тежок е тој период по прекинување на врска, ама знаеш што уште потешко и полошо е продолжување на таа агонија ради навика и страв од непознатото по раскин, што не очекува, колку ќе не боли, колку ќе сме осамени и она најлошото ќе се заљубам ли пак во некој?
Љубовта сама си доаѓа не кога ние сакаме и не треба да се форсираме да засакаме некој и да бидеме со некој само за да не бидеме сами. Тежок е раскинот ама по некое време се чувствува олеснување. И да сака да ги исправи грешките откако ќе прекинете ништо нема да биде исто. Скршеното не се лепи. Може срцето да го излечи само некој подобар од него, ако дозволиш. Јас сум таква, повреди ме неколку пати ќе ставам крај, посебно пак ако не ме сфаќаш сериозно и играш мајтап со мене. Абе плачев, се трескав, паѓав во депресија, за црни мисли да не зборувам, ја тупев цело време, нема решение. Да не филозофирам, сума сумарум, држи се до своето, или иде или не иде. Нема вака така. Ако сака иднина мора да промени некои работи, поточно однесувањето, не да те повредува. Побогу, сите имаме проблеми, и јас сум имала додека сум била во врска ама незадоволството не сум го истурала на партнерот. Сакаш внимание, јасно, која жена не сака бе внимание? Сите сакаат да се чувствуваат битни некому а не само кога му е денот.
Точно така. Јас не памтам кога сум се чувствувала убаво, посакувано од негова страна. Дури почнав да си набивам комплекси. Пред да пишам овде се сомневав дека можеби премногу барам, но после вашите одговори сфатив дека се што сакам и очекувам е нормално и не е премногу. И нормално сите имаме проблеми и нервози, имам и јас, можеби моите се помали во споредба со неговите, но никогаш не дозволувам тие да влијаат на него или на нашата врска. Колку пати ќе се разбудам расположена , ќе се спремам, ќе се дотерам за да се видам со него и он ке дојде скиснат, напнат и автоматски мене ми се крши филм, не можам постојано да изигрувам циркузант за да го расположам него, сакам и мене некој да ме насмее..
Кај мене беше дел од тоа што прекинав со него, често незадоволен, често уморен, се нешто му пречи а иницијатор за средби. Додуша, секој контакт со било кој после него сум прекинала баш поради тоа, ќе започнам разговор со некој, па триста ствари ќе им текне, па де едно па де друго а претходно ти прави филмови и ќе се осетиш ко задно ѓубре на светот. Истата грешка не ја повторувам. Во ред, секој има обврски, ама времето со тебе треба да биде само тебе да ти го посвети, проблемите нека ги остави на работа. Ок е еднаш или два пати да се пожали ама не нон стоп. Не бараш многу, ако не може да ти го даде, јбг, решението е одлазак. И претходно мислам дека спомна дека си пробала со разговор, требало да сфати до сега дека некои работи не се во ред. Иднина нема да имаш со тој човек ако продолжи така и да ти ја цица енергијата.
Милион пати имаме разговарано, он вели да во право си, но јас се нервирам бидејќи ова се го правам за да имаме убава иднина блабла.. Но мене не ми вреди убавата иднина ако сегашноста не ми е убава. Ветува дека ке се смени, но тоа трае два дена после разговорот и пак по старо. А и многу пати не е свесен како изгледа и колку е нерасположен кога ќе му кажам. И сепак работата негова е само една од причините што ме прават несреќна. Не ни можам се да ви кажам и набројам зошто крај ќе нема. Друг исто голем проблем е што во нашиот град немаме услови каде да бидеме заедно опуштени. Он живее во стан со неговите каде што мене ми е глупаво да одам или да преспивам, јас исто така живеам со моите кои што сеуште не би ми дозволиле дечко да ми виси дома иако имам 25г. и ние буквално немаме каде да легнеме филм да гледаме , а не дај боже нешто повеќе. Има викендица во друг град и одиме таму по неколку пати годишно, но секогаш сме со "багаш". Сестра му е без осет и секогаш ни се става со дечко и и постојано се расправаме и за тоа затоа што не може да и каже дека сакаме САМИ да одиме, ни фали мир, да сме сами, а не со нив. Така да и тоа ми е одмилено веќе и уште многу, многу други работи.
Јасно ми е. Слично беше и кај мене, секогаш кога сакав да си посветиме време еден на друг кај него посебно ќе се тупнеа комшии, другари негови, роднини да ме виделе небаре туристичка атракција сум. Сум ги почитувала неговите блиски и се тоа ама некои осет немаат. Ништо, дај си ултиматум и себе и нему до каде би оделе. Ако не можеш повеќе го знаеш решението. Можеш и да ми пишаш лп ако сакаш да си помуабетиме, тука сум да те ислушам.