Не дека е проблем. Но тој постојано не притиска да зборувам со газдата за покачување плата, а 4 месеци дум во фирма. И насекое, те искористува, не биди таква, не работи за 10 000 на пола осигурана. Но, работа има доста, работам на компјутер. Нз срам ми е да барам, страв да не ме отпушти Земав 15 000, сега поради корона земав 10 000 А каде да одам др работа да барам? Стварно ме напна, дека роб сум била.
Кај ќе работиш за колку и како е твоја работа не негова. Нема тој што да те притиска ко ти да си ненормална или мало дете па не можеш да си размислиш сама. Кажи му фала што се грижиш, ама не ми треба совет, ако сакам ќе заминам, ако не заминувам значи ми одговара.
Проблем е. Може совет, мислење да даде но не смее да те напнува. Воопшто не е правилно како постапува и како ти се меша. Твоја работа, твој труд, твоја плата. Ти ќе си одлучиш.
Колку време сте заедно? Ставовите и одлуките се одлика на твојот избор и перцепција. Ако не бараш совет, коментарите од негова страна се непочитување и дрскост.
Не е негово да се меша во твоите работа и финансии. И родител не смее за ова не па дечко. Мора да си поставиш граници со него до каде може да се меша и советува, а до каде не. Утре во брак ако ти рече, а нема ти да работиш ќе седиш дома тогаш што?
@GirlLove, пред се, иако ти побара совет за друго, јас ќе ти кажам да не бараш покачување сега. Да, газдата те експлоатира и платата ти е мала, плус на пола време осигурана. Но, знаеш колку луѓе останаа без работа сега поради короништево? Веднаш ќе ти најде замена. Додека трепнеш! И тоа без проблем ќе најде некој кој ќе се нафати да работи и за помалку. Моментално има премногу невработени а премалку работни места. Затоа, тој муабет остави го за малку покасно, особено ако си ок со останатите услови (културни колеги, нормален обем на работни обврски, исплаќање плата на време) Не си роб, паметна си и знаеш каде живееш. Е сега, за конкретното прашање. Ќе го седнеш и отворено ќе го прашаш дали му е проблем што земаш мала плата. Исто, ќе го прашаш дали би му било проблем ти да не работиш, зошто со ситуацијава ниедно работно место не е сигурно, освен на оние што се на државно со решение. Мене ми е многу несериозен неговиот однос, кога сите сме свесни колку е неизвесна и грда ситуацијава. Разбирам еднаш муабет да направите околу тоа дека платата ти е мала (да, ти е) ама да инсистира да бараш покачување? Каде живее тој? Сериозно, од Мк е момакот твој или е врска на далечина? Зошто едноставно не ми се верува дека некој кој ја живее нашава моментална реалност ќе дава такви контра-продуктивни совети.
20 000 не е малку.Во право си,ми нема логика да ги сака твоите пари,овие пари што ти ги спомена не се малку.Можеби не му се доволни. Како и да е,твоја е работата,ако ти си задоволна со тие пари,и ти се доста,ги покриваш сите трошоци,зошто него не би му биле.Одлучиси ти самата дали ти се доста,ако ти се доволни,не се жали на работа,ако ти се малку,размисли уште еднаш(за некој одлуки е потребно 24 часа)или побарај повеќе плата,или смени ја работата,каде што ќе имаш повисока плата. Ако не се проблем парите,брзо ќе се реши проблемот.
Пола од луѓето по приватни фирми ја изгубија работата, па ти размисли. И извини вака, ама ако добро се сеќавам заедно сте месец два, како може да си зема за право да ти кажува што да правиш и за колку пари да работиш? Искрен совет, после сите мислења во различни теми за него, не вредат минутите потрошени на него.
Извини но морам вака директно: те читам од поодамна, бараше совети често и сега делуваш ко “шуќур најде дечко” и само ќе играш по негови правила. Де за сексот со кондом, де за друго трето, сеа и во работата ти се меша. Прво, ти одлучуваш каде и за колку ќе работиш. Друго, нехумано е во вакви услови да бараш покачување. Газдата да можел немало да ти ја намали платата. Трето, ако се побуниш, немаш свое “јас” туку играш како тој ти свири и ќе си останеш без работа. јас мислам дека дечково не вреди толку замарање, се губиш себеси во врскава. Понатаму, ти си знаеш.
Хм, видов дека членките погоре ти дале генерални совети за врскава ама јас не сум толку присутна на форумов и не читам многу, па мојот совет ќе е за конкретното прашање тука. И не ме осудувајте сега ама јас би го излажала да сум на твое место. Убаво кажаа неколку членки погоре - ова не е моментот за ,,изводење” и барање покачување на плата. Факт е дека таа плата што ја спомнуваш е тешка експлоатација и НИЕДЕН труд не вреди толку малку (знам точно како се осеќаш зашто и мојата плата е тука некаде и живци скинав на темава). Ама исто така е факт дека за време на корона, газдите се склони да даваат откази и да намалуваат плати и не им паѓа на памет покачување. Дечково не мислам дека ти мисли лошо, сакам да верувам во тоа дека и тој е свесен за ова што ти го зборуваме ама гледа колку многу се трудиш и сака да си соодветно наградена за тоа, а не да те експлоатираат. Меѓутоа, ти најдобро си ја знаеш фирмата и си го знаеш шефот и затоа ти најдобро знаеш кога е вистинскиот момент да побараш покачување. Оттука, за да не ризикуваш сега да прашаш па да ја изгубиш работата, а и за дечко ти да прекине да те замара, најдобро е само него да му кажеш дека си зборувала со шефот и те одбил или евентуално дека суптилно си му спомнала и си сфатила дека нема шанси за покачување во блиска иднина. Некогаш ја претеруваме со искреноста во врските и го забораваме значењето на белите лаги и нивната корисност Иначе генерално до сите членки: полека малце со советот: Раскини! По секоја тема поврзана со љубовни проблеми, прв совет ви е тоа. Од тоа нашите генерации се дојдени до степен на зголемени стапки на развод и сингл луѓе што маки мачат да бидат со некој. Значи не викам да трпите свашта, ама па не бива на првото најмало проблемче да речете ајде сега раскини.
@GirlLove Да те посоветува океј ,ама да те притиска а у врска сте 5 дена е тоа не можам да разберам. Премногу си дозволува,треба уште у старт да го пресечеш за да знае до каде му е границата. А и некако не ми е нормално толку кратка врска а толку напорен момак али ај,со среќа нека ви е.
@GirlLove smetam deka e mnogu nekulturno od strana na dechko ti da se mesha vo tvoi finansii, a pri toa tolku kratko ste vo vrska. Sovet da ti dade, da, ama da te zamara postojano so toa, ne e vo red. Otvoreno kazhi mu da prestane za toa da ti zboruva bidejki te napnuva i pravi nervozna. I pokraj toa so koronava mnogu lugje ostanaa bez rabota taka da ne znam kolku e pametno da barash pokachuvanje plus faktot deka kratko rabotish vo taa firma. Ako postapish kako shto ti veli dechko ti znachi nemash svoe jas. Razmisli i vidi kako e najdobro dali da go poslushash ili ne
А што има она него да му кажува бели лаги и да не биде искрена за разлика од неговата преголема искреност до ниво на нападност и давање препораки што да прави со нејзината работа? За одма раскинување не сум ни јас, ете спомнаа погоре не се долго во врска може им треба време да се запознаат подобро и да научат до каде им се границите еден на друг, односно кој до кај има право да се меша и ''советува'' макар и добронамерно. Вака ми делува ја третира како мало дете кое без него ќе се удави во деловниот свет. Си придава преголемо значење дечково, така ми личи.
Те молам прочитај што сè барал од неа во еден месец врска и ќе ти стане јасно зошто се такви советите.
Воопшто не мислам дека требало да го лаже дека зборела со шефот ама ја одбил. Тоа не е бела лага. Бела лага е кога фустанот не ти стои баш убаво ама ќе ти рече ммм прекрасна. Тој не и мисли лошо ама има граница меѓу не ти мислам лошо и мислам дека си смотана да одлучиш сама. Треба да и ги почитува одлуките затоа што таа е возрасна и паметна особа. Нека почнат со лажење во првите две недели, тоа не се темели на здрава врска
Да, јасно ми е. Како што кажав - другите совети се генерално за целата врска и сигурно се покорисни од мојот зашто реално не сум доволно упатена во целата приказна. Прифаќам дека може не сум во право за советот што го давам. А за белите лаги сакам да објаснам на што мислам. Не викам да не бидеме искрени во врските ама понекогаш кога гледате дека нема друго решение и дека партнерите не се откажуваат од некоја идеја, тогаш можеби не е лошо да се искористи бела лага. Ова секако откако сте биле искрени и сте кажале се што сакате ама гледате дека не бива, а со цел да избегнете караници понатаму. Идејата ми е дека ние како жени сме склони за се живо да се објаснуваме па тоа доведува до караници па доаѓаме до советот ајде раскини сега. Полека, смирено. И зборувам за ,,помали” проблеми секако, ако е нешто посериозно, нормално дека треба да бидеме искрени и нормално дека треба да раскинеме ако нема решение. И знаев дека ќе го осудите муабетов зашто не ме разбравте.
@GirlLove и јас како и другите членки , не раскинување , туку разговарај . Навистина таа плата е мала за твојот труд ( башка , сите знаеме дека работата на компјутер знае да биде напорна , и штетна по здравјето ) и дечкото можеби се обидува да ти нагласи дека ти вредиш повеќе . Но , во време на корона , покачување на платата е невозможна мисија и мислам дека треба да му го кажеш тоа на твојот дечко . Седни го , кажи му дека сега не е вистински момент за да бараш покачување на плата , но штом се стабилизира состојбата со коронава ќе разговараш со твојот газда . Нагласи му на дечкото дека знаеш дека ти мисли добро , но сепак сега не е моментот .
Не те осудуваме, те разбравме скрос само не се согласуваме. Не мора да значи дека ако не кажеш бела лага другата опција е да се расправаш. Едноставно кажуваш тоа што го мислиш и не продолжуваш понатаму. Ако си со човек што упорно не прифаќа што му кажуваш и напиња цело време, тоа не е баш мал проблем што се решава со бела лага