Барби јас би била искрена и ќе му кажам дека не ме интересира. Плус има женска , ете ти уште една причина против
Барби, никој не се грижи за твоите чувства и на никој не му е грижа дали ќе ти ги повреди чувствата. Биди ладна, не му пишувај или одвраќај му на секое, ако продолжи ја имаш опцијата што ти ја предложив. Ако не ти значи ништо уште полесно.
Јас на такви кога ме замараат им викам имам дечко и многу е љубоморен и го сакам и неможам да се запознавам еве може единстено тука да правиме муабет. Стварно се некои луѓе напорни.. Единствено можеш и ти да смислиш така некоја причина што ќе му даде до знаење дека НЕ може да се видите и да не напнува или па избриши го од фб и стај му блок да неможе да те најде и да ти пишува инбокси и такви работи
Ви благодарам женски ќе се потрудам на фин и леп начин да го откачам. Ако не сваќа или пак продолжува со прикаските ме боли главата од што се нервирам ќе мора да употребам и Избриши од пријатели. А оффи и мене ми се згрози искрено од типов па ова веќе е претеризам. Ако продолжи на мобилен - го кажувам на женскаму па нека му ја мисли! Ете вака ќе му се заканам. (Или цветче ќе пробав со твојот предлог , добро смислено)
Еден дечко ми се пушта веќе подолго време, а јас од почетокот знам дека неговата мајка ми е втора братучеда. Значи јас му паѓам тетка... Е сега како да му кажам...?
ке му кажеш мил на тетка но не ни е судено да бидеме заедно мислам шала на страна но ако сте крвно поврзани објасни му убаво, најверојатно ако не знае кажи му дека си му тетка, и дека не идеш со внуци
Еххх....нормално дека треба да му ја објаснеш роднинската врска.....кутриот, сигурно незнае дека сте нешо роднини. Или пак ептен е затресканн, па не му е важно Ама во врска со тоа како (у смисол на кој начин) да му го кажеш тоа...јас ти предлагам у фин разговор, на најфин можен начин и мноооогууу директно...немој да заобиколуваш одоколу демек знаеш да не беше ваква ситуацијава.... А и подобро би било да му кажеш отколку да го откачиш и да го ставиш во мисла а причината само ти да си ја знаеш
Здраво девојки.Нова сум на форумов и сакам да го споделам мојот проблем со вас,и ме интересираат ваши мислења.Значи вака-со дечкоми бевме во врска околу 6 месеци,првите 4 месеца нашата врска беше прекрасна...но последните 2 месеца беше прав пекол!!Со него се запознав преку неговите две другарки и на почетокот се беше како што треба.после извесен период јас имав едно недоразбирање со нив двете и од тогаш тие се свртија против мене...сакаа да ми ја растурат врската и што е најжално им успеа,му ја полнеа главата со разни глупости...дека сум го изневерувала...ме опишуваа со најлоши и најгрди зборови.Oд тогаш почнавме со дечкоми да се расправаме секој ден...тој почна многу да се сомнева во мене..не ми веруваше како порано....на секој можен начин се обидов да му докажам дека ништо не е точно,дека со никој не сум била,дека немам очи за никој друг,дека го сакам само него...но џабе...тој падна под нивно влијание...и заборави се што сум направила за него.Раскинати сме скоро 2 месеца и во саботата прв пат си прозборевме но не правевме муабет за нас туку ме праша само како сум бла бла....I сега следува најлошото TOJ SEGA E SO DRUGA.Gо гледам само викендот и не го тргнува погледот од мене иако таа е до него...иначе девојчето е мн растурена и со нејзе си го прави само кејфот.....И сега незнам кој му е филмот но пред 1 недела им се јавил на моите другарки за да одат на кафе и цело време збореле за мене...Признал дека ме сака но дека бил многу разочаран од мене(он уште си мисли дека муабетиве се точни)и им рекол да ме пазат да не се изглупирам и да одам со друг....и сега нон стоп ме прати...го прати секој мој чекор...со кого одам на кафе со кој сум излезена викендов и тн......иначе MI BESE PRV! Mногу го слушав и го почитував...нон стоп го информирував каде одам, понекогаш и го прашував дали воопшто можам да одам!...несакав да излегувам без него..многу бевме поврзани и на крајот се падна во вода....Dевојки верувајте многу ми е тешко,премногу го сакам....пробав да си пишувам со некој дури деца но џабе...во мислите ми е само он и неможам да се замислам со друг.....Iзвинете за преголемиот пост,но сакав да ви дадам јасна слика за тоа што е било и како стојат работите мегу мене и него.Поздрав
6 месеци и не е баш мал период...доволно за да се приврзете двајцата,да стекнете доверба еден во друг,да се засакате...иако тоа никогаш не престанува-во текот на целата врска се гради и доградува.. Nе за џабе јас викам: љубовта е како кула од карти-тешко се гради,а доволно е само малку, за да лесно се растури.. но,не грижи се..остави го малку,јас мислам дека тој треба да сфати,ти доволно си му објаснила..тоа значи дека тој воопшто не ти верувал.. тебе најмногу те погодува фактот што ти е прв..сите ние мислиме дека нашиот PRV и ќе остане прв...(не велам сега..може некоја ќе остане до крај со тој што и бил прв) .. но ако гледаш дека не бива..побарај ја среќата и на друго место..можеби во некој скриен агол некаде..нечии други заљубени погледи те бараат тебе... сега за сега малце паузирај..види тој како ќе реагира..ако продолжува да те следи и се интересира за тебе..значи дефинитивно има нешто,тоа со другата девојка е само за да ти докаже колку многу го повредило тоа што го дознал од другарките па поздрав и пиши што ќе биде понатаму...и среќно!
Сиси Што ќе ти е покрај тебе дечко што не ти верува??? Сте биле заедно доволно време за да сфати каква личност си ти, не ми е уште јасно како им поверувал на другарките ....сеедно, тој асект не можам да го анализирам . Она што можам да ти го кажам од погоре напишаното е дека не треба да дозволиме да бидеме со некој кој не ни верува. Врската со подразбира разбирање, доверба, љубов и се остало . Тоа што ти бил прв.........хмм тебе може тоа навистина тешко ти паѓа, ама пробај да не мислиш на тој факт ти така само се опседнуваш со него и не си даваш простор да го заборавиш Верувај тоа нема врска денес, прв, втор тра ла ла (и гледај да не заглавиш со некој на кој тоа му пречи) Најверојатно си била секогаш добра, фина и искрена со дечкото, си му поднесувала извештај за се и затоа сега така те гледа и те прати во чекор- т.е. те чувствува како негова сопственост. Мој совет ти е продолжи понатаму, тој згрешил- што има ти да молиш ??!! Поздрав, ова е мој искрен совет
И ова според тебе вредеше да го правиш за тип што не ти верува ништо? Што повеќе ги слуша другарките? И да се смирите сега, пак тие утре ќе му кажат некој збор за тебе и тој пак нема да ти верува, тоа е, не ти треба таков. Зошто да си со него и да правиш се за него вклучувајќи го и ова што те цитирав (леле никако неможам да ги разберам ваквите посесивно работи), а тој да не мрда со прст за тебе, повеќе да ги слуша и повеќе да им верува на другарките наместо на тебе? Ако мислиш дека заслужуваш таков трчај по него барај го и моли го да ти верува, ако не терај си на своја страна, ќе сфати самиот дека требал да ти верува, ако не му биде касно тогаш.
Дали ти е океј да бидеш со тип кој прво и основно мораш да го прашуваш дали можеш да искачаш и второ верува на други девојки ? Да ти раскине зошто на нив им верува ? Кажи му ете повели имаш сега нови девојки на кои им веруваш и чаопријатно . Колку повеќе се оправдуваш , толку покрива си во неговите очи . Ич не му се замарај , знај дека со таа недоверба што ја има тој те изгубил . А кога ќе се врати ... ако си паметна нема да го примиш .
Девојки ајде помагајтее Сакам едно дете ама за жал тој не знае дека јас постојам Имам направено се за да ме запримети... поминувам покрај него секогаш кога ке го видам само за да ме запримети ама е таква особа што не се врти одма по секоја сега сестра на една моја добра другарка му е најдобра другарка и се договаравме да му речи нешто за мене да го гибни... ама не знам ... страм ми е да не ме откачи па после да не можам да го видам во очи и да напоменам негов другар мене ми е втор брачед ама не сме многу блиски со него и неможам нему да му речам што мислите вие... не е страмно јас прва да ја започнам работата ? Да му речи другарка му нешто за мене? Ме молам ваше мислење... Фала однапред
Нема ништо срамно ти да му пријдеш прва, денешните машки се се' само не машки Нека пушти другарка му некое зборче за тебе и ти потоа нападни го (ама со стил)
Анушка нема ништо срамно ти да му пријдеш прва,но треба да знаеш како..Обично такви "фраери" не сакаат многу внимание, па иако ти му приоѓаш прва биди малце ладна ,рамнодуша ко демек сипматичен ти е ,ама и да неќе не би те заболело ич И ако не прифати од прва ,ако му мавнеш ладен туш после,сам ќе си дојде
Анушка убаво ти кажаа погоре, не е воопшто срамно ако прво сестрата на другарка ти спомне нешто за тебе. Не значи дека секогаш треба машките први да преземат акција , некогаш е доволно и мал збор или поглед некое машко да го поттикне да дојде. Така да опушти се и чекај да видиш што ќе се случува потоа.
Порано ми се свиѓаше едно дете кое сега излегува во моето друштво. Кога го свиѓав му реков на еден наш другар да праи муабет дали би сакал со мене но тој тогаш ме одби, се помирив со тоа. Сега кога почна да излегува со нас седевме на дистанца никогаш не превме муабет. По долг период по малку почнавме да си зборуваме и тоа само некогаш кога сме на кафе а со сите останати во друштво е многу близок. По некогаш се зезавме дека ми е дечко ама сето тоа беа заебанции во дрштво . Минатиот викенд инсистираше да се смуваме и бидејќи бев расположена се смував.Ми беше мнооогу убаво <3. И сега кога излегуваме тој се прави ко да ништо не било. Но јас сакам да продолжиме да се муваме. Незнам што да правам...не би сакала да ја ''пропуштам шансата" да се мувам со него. Што да правам? Би сакала совет да видам од вас, што мислите?