Чек, ако носи миничи, ако е со деколте, каква врска има тоа? Ако сакам јас ќе носам минич, ако сакам ќе шетам гола.Тоа е право на секого, како да се облекува, шо да носи и нема никаква врска со присвојност. Никој нема право да кажува на некого како да се облекува. Зошто таа да му покажува гестови ? Проблемот е до него, не до неа. Типот си има голем проблем. Значи другите шо не даваат пасворд кријат нешто ? Доверба и здрава врска не се гради со пасворди од, фб, инста.
Што ќе му смени нејзиното облекување и каква врска има со довербата? Ако се облече по минич ќе ја дели со некој? Проблем е дечкото да ми бара лозинка и постојано да ми чита разговори кои се моја приватност, не е проблем ако ми го побара телефонот за да се јави, најави и слично. Не чепкам по туѓи телефони и истото го барам. Нема оправдување за посесивно однесување.
@noteforself Твојата одлука би рекла дека зависи од твоето поставување. Може дечкото е така научен и од претходни љубовни искуства си продолжува така да се однесува и со тебе, а ти не си му објаснила дека не фукционираат работите така и кај тебе. Се гледа дека има некое застарено мислење, сигурно наметнато од околината што треба да се искорени од длабочината. Не велам дека ти си должна да го смениш дечкото или нешто слично, но ако доволно го сакаш би ти рекла да се потрудиш да разбере дека тоа што го прави е погрешно и дека не живее веќе во времето на дедо Ное. Многу е лесно да се прекинат врските и да се продолжи понатаму, тешко е да се соочиш со проблемите и да ја пребродиш бурата. Да напоменам дека ваквите прастари размислувања тешко се променуваат и дека ќе треба многу труд и од негова страна и од твоја. Но, доколку веќе си му укажала на грешките и си разговарала за тоа што не ти одговара, а тој се' уште е неандерталец, тогаш се разбира дека ќе го оставиш и ќе гледаш што е најдобро за тебе.
Не ве разбирам стварно. Во второ лице ќе пишувам ама општо кажувам. Минич и деколте облакаш и тоа автоматски значи дека сакаш да го вараш дечко ти и ќе го направиш тоа или па тој толку е несигурен што не може да поднесе ни некој да те погледне ? Сфатете дека облеката е ваш избор и не, не треба некој друг да се прашува за дозвола и одобрување.Тоа само мајка кога имаш 10 години. И ај ова некако ќе се реши, одиме на следното. Давање пасворди? "Не е страшно ако не криеш нешто? " Не, страшно е пошто докажува дека некој не знае да постави граници во врската.Профил било каде е мој профил, нема што да му давам пасворд на дечко или маж да ме проверува од време на време или па јас да го правам тоа.Ако имам некаков сомнеж е друга работа, се разговара, а не се прават вакви контроли. Ако не ајде сите кога влагаат во врска нека си прават заеднички профили и толку, немаш веќе право на свој профил, немаш право на ништо свое приватно. Значи, ако му веруваш на некој ќе му веруваш и без да треба постојано да му бараш отчет и нешто да ти докажува.А превентивно уклучување туѓ профил и читање пораки колку да си го провериш партнерот е само знак на несигурност и потреба за контрола.И не советувајте дека тоа е нормално зашто не е.
Само го кажав моето мислење од искуство. Можно е психички да е несигурен, да има претрпено нешто што го натерало да се сомнева. Тоа не значи дека има проблеми со умот. Затоа реков прво таа да размисли што сака. Точно е дека врска не се гради врз пасворди од социјалните мрежи, ниту пак довербата. Затоа нека проба да разговара зошто бара пасворд и како се осеќа. Нека се отворат еден према друг. Сепак, не ја знаеме причината како тој се осеќа за тоа и не е во ред да речиме дека "има проблеми со умот".
Абе шо. Тој ќе ми кажва шо да облечам, јас ќе разговарам со него да видам шо го мачи? Нека оди на психијатар ако го мачи опесивност и посесивност. На крај само може ќотек да јадиш со таков, нема да го 'превоспиташ'
Ако е психички несигурен има за тоа каде да се обрати. Ако мислиш дека онаков тип би се поменил, тогаш твое право. Онаков тип не се променува. Неговото однесување не е нормално. Ама ако сакаме да се лажиме, дека со шанси, разговори ќе биди нешто. Тој да ми кажува шо да облечам, а јас да му покажувам гестови колку го сакам и да му давам отчет за се
Да, нема тој проблеми со умот има со себе проблеми и тие се средуваат преку разговор со стручно лице. Кога влегуваш во врска не се очекува ниту да изиграваш психолог, ниту тебе некој да ти изиграва психолог. За стабилна врска потребно е веќе да се зрели и психички стабилни партнерите и врската не служи ние или нас некој да не оправа само со тоа што ќе ни удоволува во се. Сега е стилот на облекување и лозинката утре што ќе биде проблем?
Нема што да се полемизира, однесувањето на дечкото е крајно неприфатливо. Денес му смета облеката, утре којзнае што...
Ако тој има толку психички проблеми да оди на психијатар, а ти го сакаш и сакаш сериозна врска би ти препорачала да си му прва поддршка, а не да го тераш у ку*ац.
Да де, за поддршка кога ќе и забрани нешто таа да му напише љубовно писмо. Па следен пат кога ќе облече деколте и минич и тој ја зашамари да му напише уште едно писмо и да го залее со солзите. Колку години имаш ако не е тајна?
Поддршка на некој кој има проблем значи да го упатиш на право место кое се вика психолог или психијатар , а не да му дозволиш да бидеш играчка врз која ќе си ги проектира своите несигурности и притоа ти сама ко личност да се изгубиш некаде во тој процес.
Некогаш љубомората е знак на вистинска љубов, без разговор нема да ја знаеш причината. На крај краева, јас го кажав моето лично мислење и не очекувам од никој да се согласи. Единствено може да го кажите своето и да го почитувате туѓото. Нема потреба од караници и напаѓања. Ви благодарам.
Никогаш љубомората не е знак за вистинска љубов. Единствено е знак на несигурност во себе и ниска самодоверба.
Девојче моите искуства и твоите претпоставки за нив се неспоредливи со твоето неискуство и многу погрешни ставови во врска со љубовта и ќе ги препишам на тоа дека си испод 14години. Имаш време ќе созрееш, па ако се сетиш на муабетов само насмеј се за убаво и арно да е