Имам прашано дома не ме оставаат моите. А и не можам да ги лажам дека ќе возам јас пошо уште не сум сигурна ни јас самата, ни мене не ми ја даваат. А и тој шо има врска дека има година и пол возачка, нема кола и два пати дали има фатено волан, не ми е нешто сигурен.
Ко ќе почните да излегувате со твоја кола, тогаш ќе свати дека стварно кола е потребно и ко ќе почниш да шеташ со друштво со колата тогаш ќе му текни. Неможам да сватам машко да неќи кола. Почни да возиш па ќе видиш како ќе се одвиват работите.
Можеби баш поради тебе не купува кола. Денес е кола, утре којзнае што ќе побараш. Да имам девојка како тебе која се меша во финансиите на моите родители колку тие имале, немале, колку постигнале и јас не би купила кола.
Ете ова највише ми иде на живци. И да почнам јас да возам џабе мислам ќе биди, и сам знае дека кола е потребна, вака ќе си легни на брашно јас дека возам и уше поќе ќе му стани сеедно. И нон стоп ми збори као сака да си купи, гледал, разгледувал али не мрда со малиот прст. Толку време работеше, по 50евра да тргаше настрана за еден најобичен автомобил ќе собереше досега. Не агилно створење.
Кој рече дека му барам јас кола, читаш ли шо пишував? Имам јас кола, во фаза на учење сум кај и да е ќе и го земам редот. И не се мешам во ничии финансии, треба сам да е свесен дека е потребно и дека не може цел живот да чека на други. Ете тераме убава сериозна врска, зборувам за негово добро, не чини да е толку пасивен.
@Sarichkaaa Раскини му! Нема да го трпиш без кола сигурно, што има врска што сѐ друго е одлично во врската... Чим нема кола, ништо. Негово си е дали ќе купи кола или не, нема што ти да навлегуваш во финансиската состојба на неговите за да одлучуваш дали се способни да му купат кола. Боже, боже... сѐ живо испоразгалено.
Бог да чува сериозно бог да чува...кас ти велам скарај му се, подобро ќе му биде без ваков напорен створ ко тебе..
Ако тебе кола ти е приоритет и нешто што ете секој треба да го има, него не му е. Има и други начини за транспортација, ако се сака се може. Тебе ти е приоритет, си положила, вежбај и кога ќе си спремна вози го каде сакаш. Твоите потреби се различни од другите. А како си троши пари, тоа си е негово, може си чува за некој одмор на остров? Џабе си се замараш со глупости.
Потценувачка врска. Не разбирам принцезо зошто си со некој кој го потценуваш и омаловажуваш? Ти си толку совршена а он пасивно, неагилно створење. А ти да си легниш на брашното а???
Или прифати го фактот дека не му е потребна кола и дека не му е приоритет, или не знам стварно. Ете гледај убрзај ја постапката, научи се да возиш и возете се со твојата кола, чаре друго нема. Освен да му купиш ти, очигледно ако е таков каков шо пиша единствено кола ако му се падни на лото само ќе ви заврши работа. Мајтап настрана, ако ви е друго се погодено нема потреба да се нервозираш за вакви работи, не вреди.
Можеби не е во состојба да купи кола,може нема финансии инаку добра кола за 1000 евра не може да најдеш.Разговарај со него кажи му дека сакаш да шетате дали планира да купува кола.Само не биди нападна ке помисли дека не го сакаш пошто нема кола.
@Sarichkaaa Ако не се реши ситуацијата може да одите на викенд со автобус. Автобуси до Берово, Охрид, Крушево има, така да, не би требало колата да ви е проблем за да не отидете некаде. Плус ете, и да купи кола, не е само да ја купиш, треба да ја одржаваш, треба да и плаќаш регистрација поправки, летни, зимски гуми, не е само купи ја и вози. И он додека се научи и биде сигурен на подолг пат, сигурно ќе помине уште 1 година најмалку...
Така де. Јас мојов го малтретирам некаде со автобус да патуваме, повозбудливо ми е. Дури и за у град ја користи колата нон-стоп. А јас обожавам да пешачам.
Од каде знаеш дома како му е и дали имаат тие на страна пари или не? Ти уште од сега му се мешаш во финасии дома Тој ако сака ќе тргни пари, ако сака нема. Сигурно тој си знае шо му е потребно повеќе од тебе и шо сака и дали воопшти сака да си купи кола. Не му е на секој тоа приоритет. Мислам дека ова е поголема болка, оти другарките секаде шетаат со дечковците, а вие седите во Скопје. А зошто му зборуваш? Ако сака тој, нема ти шо да му зборуваш. Работава е шо ти сакаш тој да има кола за да шетете, а тој не. И има луѓе шо не сакаат баш да шетаат. За твојот "проблем" не знаеме како да ти помогниме. Има и автобуси крај краева, не мора со кола.
Па и дома и зборувале за тоа. И фино лепо и ја наполниле главата дека маж мора да има кола и да ја шетка момата. Ајде сега назад во реалноста и сериозно остави го по со време да се спасе од тебе. Тек во брак што би било