Да, има некои места до кои нема автобуски превоз, ама не е крај на светот ако избереш алтернатива до која има автобус. И не дека ви поминал животот па готово, не сте прошетале нигде зашто на 22 уште не купил кола.
Не знаев дека на 22 години треба да се има кола. Дали ја сум многу заостаната или девојчето е многу напредно. Кај се меша во финансиите кај него па и го тупи со тоа дека кола мора да се има, пошто бил машко плус сите дечковци на нејзините другарки имале кола. Уау, кој напредок у живот е ако имаш кола. Сирот дечко.
Кој што сака нека каже ова навистина е голем проблем бидејќи доаѓа до судир на интереси тука. Да не мрднете од Скопје само поради тоа што на типот не му се сака да тргне настрана некој денар една кола шугава, никаква да купи каква таква барем да ја вози мене ми е сосема без врска. Зборувај му цело време, инсистирај кола мора да купи а да не зборувам дека има коли и од 300 евра на плин. И евтини и евтино за возење.
Е потреба, да, ама ако тој не сака да купи кола и да вози, погрешно е постојано да го убедуваш. Не е убаво некој цело време да слуша нечие незадоволство и форсирање нешто за што тој јасно си кажал став. Ако толку сакаш да шетате, еве ти велиш дека учиш да возиш, кога ќе научиш, одете со твојата кола и решен проблем.
Е каква ке најде за 300 евра, може само југо на плин и после треба да се плаше да не остане дефект на пат.
На старо го има. Нејсе, овде има убави коли за 500евра ама зошто да си ги давам парите, ќе соберам повеќе па ќе си купам поубава и од салон. До тогаш можам да се задоволам со велосипед важно е да се сакаме и да сме среќни.
Е Голема работа немал кола, другарките шетале морала и она Па и јас со мм прво немаше кола, после една година заедно полагавме,па си зема обично пежо го исчука цело и у отпад Сега веќе после 5 години си има супер автомобил еве планира да го менува. Полека ехе,тек му е 22ра Мојот повеќе сакал мотори затоа не полагал, а сега не се вади и до маркет со кола иде Не е битно да имате кола,битно е да знаете да управувате со неа. Вие и двајцата уште не сте сигурни дека знаете бараш кола да те возел сигурно по Козјак Охрид итн. Абе ајде
Па она како што ја замислила и да купи малиот кола дополнително секој викенд ќе му требаат минимум 200еур за шеткање. Доколку сите другарки и одат некаде зошто не се договорат со нив. Очигледно е дека само колата овде не е проблемот. Мислам дека девојчево не ја познава доволно финансиската состојба на дечкото или ја познава, но ја негира.