Ама и колата не иде на воздух. Колку само пари ни идат на гориво ... А кај е регистрација зелен сервиси гуми? Па и пари за шетање? Млада и незрела девојка
Да ама бидејќи е мало Фичото па можеш каде сакаш да го паркираш во шума, оди паркирај пример Ауди така да не се познава многу. Не можеш а Фичото можеш.
Ајде, ајде...не туку ја правете материјалистка девојката што само сака превозно средство да има со дечкото. Ко да бара спејсшатл боже сачувај. Истите би биле на нејзино место. Друго е да нема примања дечкото, ама кога веќе има може да се потруди да тргне некој денар. И да, има солидни коли до 1000 евра што ќе вршат работа. Е сега пошто негово е на крај како ќе си сака, таа или ќе се помири со тоа и ќе гледа да се усоврши да вози, или ќе го откачи.
Ако бара превозно средство, ете има она, мама и тато ѝ купиле. Нека вози, ќе се опушти и ќе го усоврши возењето. Она сака неа да ја возат, да не биде пониско од другарките. Во тоа е разликата.
Мене да ми се меша партнер у финансии и да ми кажува што да купувам со мои пари очи нема да ми види. Дека е потреба колата, потреба е, ама негово лично право е кога ќе купи и дали ќе сака да купи.
Можеби треба да размислиш дали делите исти потреби. Ти сакаш да шетате и ја знаеш твојата состојба, а тој не презема ништо за да ја промени ситуацијата знаејќи ги неговите можности. Во врска што добро функционира "малите проблеми" не предизвикуваат чувство на преисфрустрираност и лутина кога има разбирање и компромис. Почитувај ја неговата одлука.
И дечко ми нема кола, нема ни возачка, планира после факс да полага. Ја имам возачка, а сум помала од него ама не возам, не сум ни сигурна толку да зеам да не возам. И ние не идеме некаде надвор, па не го глеам ова ко проблем искрено. Како и да е, при крај е со студии, ќе почне да работи, ќе си купи и кола и стан и се, само полека. Имам разбирање, го гледам дека се труди и е амбициозен, баш уште поубаво во иднина ќе си викаме сме биле заедно и коа не сме имале нешто посебно материјално, а заедно сме успеале да постигнеме се. Ова се прифаќа од сам старт, сигурно си знаела као стојат работите. Имаш избор или да прифатиш као му е ситуација и да останеш со него или да бараш друг што ќе ти го пружи тоа што го бараш.
Тоа е проблемот тука, неговата пасивност. Ги оставам на страна неговите родители, никој нема право да очекува од родителот коли, куќи, станови да е должен да му овозможи. Ќе си заработиш сам и ќе си купиш колку што имаш можности. Но веќе кога имаш приход некој, а не сакаш да се замараш да вложиш во нешто што е потреба денес, за мене е неамбициозност тоа. Многу луѓе после и низ животот така тераат, незамарајќи се да достигнат нешто повеќе. Но пак ќе кажам, не и е маж па не може со сила да го тера или да напнува цело време, а најмалку да ги меша неговите родители и нивните финансии. Или ќе го прифати каков што е, или ќе си бара друг.
Полека со епитетиве, одма ваков бил таков бил врз база на еден пост. Може планира да вложи пари во нешто друго, па собира.Може има други планови, а нова кола му е на второ место.Може собира пари за поубава кола што сега не може да си ја дозволи.Можеби не ни има средства за нова кола иако членкава вика добро бил ситуиран ама па не му гледа она финансиски извештаи да знае дали има доволно или не. @Sarichkaaa не сте во брак, не можеш да го напнуваш.Ако не ти одговара, ќе си ќутиш затоа што не можеш ти да му наредуваш кон што да ги насочи финансиите или ќе го откачиш(иако би било преглупа причина за кола да го откачиш како што и самата викаш).
Да ме напнува некоја си да купам кола, ја оставам дур да речеш кекс, и со следната девојка каде и да ја видам ќе и блендирам на оваа со нова кола. Кое надобудно створењце
Здраво. Се приклучувам на разговорот бидејќи и јас сум во иста ситуација и потполно те разбирам. Разликата е што дечко ми има скоро 31 година и ниту има возачка ниту сака да вози. Јас положив и веќе добро возам. Претходно еднаш му спомнав во смисла зошто нема возачка и зошто не вози....и тој на тоа ми се налути дека сум викала дека е сиромашен. Демек копук. Јас тоа во никој момент не го помислив. Иначе во меѓувреме јас ја користам колата од моите и се карам дома ради тоа. А веќе три години збирам пари за моја кола. Кај и да е ќе биде. Потоа некое време уствари ми светна дека тој многу повеќе време е во работен однос и како што ми се фалеше дека без факултет земал поголема плата од мене со факултет, и му реков дека тоа да се има кола не е воопшто луксуз и дека е многу луѓе што се во полоша ситуација можат да си дозволат. Крај краева може да ја користи колата од родителите понекогаш. Сега сме во ситуација јас да го земам од пред куќа а ако го замолам да дојде во мој реон со автобус или слично нема шанси. Ако го земам и вратам ќе дојде. На плажа почнавме да одиме ради што сега повеќе ми ја даваат колата. До сега ништо од тоа. Реално многу е полесно со кола. Јас не можам да сфатам како еден маж не се интересира за возење. Другарите го земаат исто така кога излегува со нив. Се што би ми требало мене не би ми завршил работа зошто нема кола,а со точак не оди господинот. Јас живеам подалеку од џентар 10 мин возење и разбирам мене повеќе да ми треба кола. Иако тој живее во место каде што се е достапно пешки или со точак, сепак треба да мисли дека утре ќе има жена, деца....ќе треба на доктор да ги однесе, во градинка, на гости, на прошетка, на фудбал Да ме земе од некаде да осетам внимание дека некој ме чува ама ништо од тоа. Можеби во брак ќе се смени ама ништо не гарантира. Кога сега не одвојува пари (500 еур) барем да положи нема надеж.
Јас не го обвинувам уопште девојчето ниту пак мислам дека е материјалист. Да е материјалист би била со некој кој го има тоа што она го бара, а не со момаков. Јас исто пример мразам автобуси, кои често знаат и да не се појават, или да доцнат, или да се расипат на пола пат, пошто јеа македонија, се на се малтретирање ми е. Да кажеш дека кола не ти треба е сулуда ствар поготово у денешно време. Ќе зборев другачие ако дечкото е сиромашен, вака не. Научил веројатно да се шлепа по туѓи коли и не му е гајле што додека вашето друштво шета вие упаѓате у монотонија. Раскини му пошто очигледно не сте на иста фрекфенција и нема зошто да робуваш на неговата пасивност. @Sarichkaaa
Упте нешто ќе додадам. Финтата е колку и да си независна и да знаеш добро да возиш, да има некој МАЖ што ќе те земе ако си некаде заглавена. Ќе те однесе некаде ако имаш потреба. Ќе вози 10 сати само за да те види на 5 мин. Идејата е чувството на сигурност кое би го чувствувала девојката со таков маж.
Олкав реферат си напишала чиниш кој знае што е ако на 22 немаш кола. Поматеријалистички пост јас немам прочитано на форумов.