Е ајде де. А таа зошто не си купи кола ако толку и треба? Или сега ќе паѓаме у несвест леле другарките штом имаат дечко до кола и шетаат морам и јас . Глупости. Нека си купи она кола ако толку и треба а не да чека од дечко и .
Да де, во право си, ама имаат по 20 и 22 години, има време. Не можеме ние да знаеме во каква состојба е дали може да си дозволи кола или дали може собира пари за кола, има многу може. Ај да беа во брак, по 30 и кусур години да имаа ќе речев океј, пасивен е, можел до сега да направи нешто, ама на 22 год не е лесно со свои пари што си работел 2 години а си од просечно семејство да си купиш добра кола.
Преисфрустрирана си и лута пошо си материјалист и чекаш некој да те земе од некаде со кола и да те однесе кај што ќе ти текне. Не чекај од дечко ти, не биди зависна од него пошо нема никој обавеза да те пренесува тебе од едно на друго место, не си мало дете. Викаш дечко ти не бил самостален пошо немал кола, а тој студирал, во исто време работел. Мене ми изгледа на океј дечко кој има материјална девојка. Човек апсолутно може да е самостален без возачка и кола. Ти повели положи, купи си кола и возете се ако сакаш, немој неговите пари што тој ги заработува да му кажуваш за што да ги троши и за што да штеди пошо не е твоја работа тоа. 2020 година уште да се чека пари од мажот, страшно. Реално ти не си независна финансиски. Уште твоите ти даваат пари. За какви црни одмори зборуваш жити се, ако тие одмори друг ти ги плаќа. Стани независна и не кажувај другите што да прават
Нема таа кола. Тате има кола. Независната женска со кола од тате нашла да збори дека другите немале кола да ја возат
Ама акцентот е на тоа дека Не сака и смета дека не му треба. А знае да го намести газот у туѓа кола кога треба да се иде негде. Иди братче со автобус па ќе де најдете на одреденото место.
Каква врска има полот со интересот за коли и возење?! Многу ме интересира, до кога ќе ги има овие стереотипи, за шо треба да се интересира еден маШ...? Можеби не е добар возач, па едноставно се откажал од тоа, или можеби порано немал пари за да инвестира во часови, или едноставно не сака и тоа е тоа, АМА неее, кај се видело маж да не вози!!11 Пу, пу, подалеку од такви.
Јас не ја гледам девојкава како преголема материјалистка но не ја ни подржувам. Си имаш возачка и ќе си возиш. Тој нема да вози и тоа го гледаш па твое е дали ќе останеш или не.
@Sarichkaaa Не ги глеј другарките и нивните дечковци. Дечко ти не е должен да купи кола и да те вози. Можеби нема доволно пари за тоа,можеби не може да позајми пари од неговите.И добро ситуирани луѓе понекогаш запаѓаат во финансиски проблеми. Можеби попрво ќе штеди пари за нешто што му е побитно. Можеби му се развил страв од возење. Има многу можни причини. Некои на 20+ немаат доволно пари ни за јадење,а ти за кола си се запнала.
Епа ако не е добар возач тогаш зошто ми коментира додека возам? Факт е возењето многу работи ги поедноставува и дека на многу мажи силата му е во тоа. Зборувам за основна кола ништо луксуз. А тоа што има момци што се фалат со добри коли и девојки кои паѓаат на нив е друга тема.
Значи само во Македонија делењето на кола со некој е искористување а не практичност. Мора секој своја кола да има инаку не го бива. Амбициозноста се мери со тоа дали во животот успеал да купи кола или не. Не е важно колку дипломи има и на која функција е, ако нема кола не е ништо. Мора сам да го загадува воздухот, оти само така си чорбаџија...Од вакви луѓе си патиме.
Така е нинче,јас од социјално живеам, ам' се срамев да кажам во вака префинето друштво. Прости ми плиззззз
@Sarichkaaa ако ви е навистина се таман во врската, не вреди ради ова да си правиш проблеми со дечко ти. За ова нема компромис, или сака или нејќе да си купи, не можеш да го натераш. Ако толку ти се шета, прочепкај низ интернетов, има многу убави места низ Македонија до кои можеш да дојдеш сам со автобус/воз или со организиран превоз од некоја агенција. Не е исто удобно како со кола да одиш, но не е ни толку страшно. Млади сте, еден ден и со сопствена кола ќе шетате.
Извини, ама не ти требаат неамбициозни лигуши во животот. Кола имаш и за помалку од 1000 еу, па бар за низ Македонија ќе брка работа. Батали што ти зборат, дека си спонзоруша, дека си размазена.... Не девојко, ќе си чиниш што те прави среќна, еден е животот и твој е. Имаш 20 години и овие ти се најубавите години. На крај краева, премногу си млада да влегуваш во монотонија. Јас да сум на твое место, ќе си барам чаре, ако неможе за кола да извади, утре нема и за многу други побитни работи, а на крај краева, сигурно нема ти да бидеш таа што ќе го спонзорира него. Прави што те прави среќна и немаш потреба да даваш образложение на никој. Имам раскинато врска, не ради кола, туку затоа што нигде не му се идеше, пошо немал пари и толку се утепав, што дремев во Скопје со години. Полудев... а на крајот од денот, можеше и работа да најде а не да кука.
Ај да бидеме реални дека да дојдеше дечко да се жали дека девојка му нема кола, он ќе испандеше крив пошто не треба на девојката да чека или треба сам да си обезбеди. @Sarichkaaa ти немаш твоја кола исто така. Купи ти за тебе. Или сепак не си поспособна од него нешто?
Заради вакви женски уште се силни стереотипите дека жените не се добри возачи, дека пари дома носи мажот, е од вакви што чекаат на готово.
Како да го спонзорира таа него кога тој ем работи ем студира во исто време. Тој ќе заврши факс и веројатно ќе најде работа по струка, а таа е таа што чека некој да ја спонзорира, да ја носи по одмори за кои патем нема пари пошо тие одмори или тате и мама или дечко и ќе ги плати и нема кола пошо нејзината кола не е нејзина туку од татко и. Треба да правиш малку разлика меѓу амбициозност и мрза пошо не е амбициозност да бараш дечко кој има кола, туку тоа е мрза. Ако си амбициозна ќе се испотиш да заработиш и сама ќе купиш, а не да чекаш на готово од некого. После спонзоруши ве викале, не бе ич не сте спонзоруши.
Не чека на готово. Убаво си кажа дека вози ама сѐ уште не е сигурна, да чекаше на готово немаше ни да има положено за возачка.