Значи сите што не сме купиле кола сме неамбициозни? Не знаев дека треба да барам дечко со кола, а не дечко кој ќе ме почитува и сака. Очигледно се пронајде во постот и ти, па затоа вакво мислење. Btw добро што си му раскинала на дечко ти, барем си го спасила од твоиве примитивни ставови.
Па ако не чека на готово зошто она не си купи кола? Или ајде ќе очекувам само он да има кола и да ме вози пошо е муШЧина.
Кога ќе има пари да си купи своја кола и да ја вози тогаш може да ми кажеш дека не чека од некого. А не, тате има кола јас се вежбам на колата од тате, ама дечко ми мора да си купи кола. Ни дечко и ни таа имаат кола. Дечко и е далеку поамбициозен од нејзе пошо тој работи и студира во исто време. Таа е таа што не мрда со прст.
Ете јас уште 2 месеца 30ка ќе правам, па абер немам ни од кола ни од дозвола, иако можам да заштедам. Не чувствувам никаква потреба за кола за сега, а желба немам ич. И да излезам некаде, ќе треба да не пијам, да не се опуштам. Па ете и без кола пак сум нашетана. Да имам деца, би купила и би положила. Во Македонија, се согласувам дека е потреба тогаш. Превозот инаку е општа катастрофа. Ама на 22 години, далеку се од тие потреби. Колата ја гледаат за шетање, според постот. На крај краева, ако јас сакам да шетам некаде со кола, многу е едноставно. Ќе земам да положам и ќе си купам. Зошто да чекам од друг, кога и јас сум способна. А амбициозноста, не знам. Секој различно ја гледа. Некој преку кола, некој преку стан, некој преку сопствен бизнис. Секој со своите приоритети. Доколку приоритетите не се компактибилни, може подобро е секој на своја страна.
Па можеби нема пари за да си купи кола, не можам да знам зошто не купува кола. Не дека ја оправдувам што чека дечко ѝ да купи кола ама не е баш точно дека чекала се на готово, си има положено најверојатно планира да купува кола или ете можеби родителите ќе и ја дадат нивната.
А вие да го видите брат ми 30+ е, секогаш дотеран во одела, висока позиција во банка па абер нема од кола. Ете не сака. Не дека нема услови да си ја купи, има и тоа каква и да посака. Неќе, бил учесник во сообраќајка и има страв, и без тоа не е некој фан на автомобили. Не бил амбициозен дека немал кола. Хаха
Па може и дечко и нема пари де. И да има пари, која е таа да му кажува како да ги троши парите за кој што тој оди на работа и ги заработува. Ако немаш пари нема да плачеш дека неможеш да одиш на одмор. Ако сакаш да одиш на одмор ќе заработиш и ќе одиш. Не да чекаш од други да се ангажираат за тебе. Одморот не е неопходност.
Не знам како се движат цени, ама за помалце од 1000 евра...Једино некој што ептен не му се битни пари па да ти ја продаде колку да ја оттараси. Татко ми стара кола што му стоеше така некое време нерегистирана ја продаде некаде за 1000 евра. А обично вака по огласи сум гледала за 1500-3000 евра може да се најде на старо. Од салон 5000+ Ете не е страшно и нејзините да и купат, ама да критикува некој од кој не е ништо подобра не ми е океј.
Абе пати ти колку сакаш, факт е дека колата е пред се потреба и нема ништо погрешно да сакаш за себе да ја имаш или пак партнерот да има. Материјалист била што сакала удобност и приватност со дечкото, да заминат некаде сами, без да чекаат превоз од некого или да се ебава по автобуси кои и те како се оскудни со линиите во државава. Божем го тера Масерасти да земе а не кола која едноставно ќе им врши работа. И да беше материјалист, ќе била до некој кој веќе има кола а не со некој кој не му треба кола, а се шлепа упорно каде и да се оди.
Не се секирај ти за мене, среќно мажена сум и сум исполнета на сите полиња. А дали јас имам примитивни ставови според тебе, баш ми е гајле, на крајот на денот, мој живот, мои желби, моја работа.
Поентата е дека дечко ѝ не е должен да купи кола.Она не треба да чека.Ако толку сака кола,нека си купи или ако нема пари,нека ја позајми таа од татко ѝ.
Мене ова ми западна во очи ; "Дури и моите понекад ми го спомињаат ова, знам дека се во право ама не знам шо да им речам. " .... Твоите те прашуваат зошто дечко ти не купи кола да те шета низ Мк ? Нека ти купат тебе па ете ти него шетај го
Не знам дали разбираш истото го мислиме. Ниту јас, ниту ти ја оправдуваме што чека дечко ѝ да купи кола. Не е ова 19-ти век, па мажот да морало да ја зема девојката ама поентата ми беше да не ја обвинуваме дека таа ништо не прави и дека си чека на готово. Пак ќе кажам можеби планира да купи своја кола, штом положила тоа е најлогично.
Која потреба на 22 години??? Да има деца да разберам, ама вака не. За да шеташ, можеш да шеташ кога сакаш. Кога патуваш со авион колата случајно со себе да не ја земаш? И да, си материјалист ако удобноста и приватноста која ја бараш од некој друг неможеш сам да си ја дозволиш.
Не мислам дека е материјалист, ама мислам дека има погрешен став. Неа и боде очи како тоа е машко, а не вози. Од една страна се бориме да рушиме стереотипи, а од друга страна срамота е да го развозуваат него како машко. А доколку бил женско, тогаш нема проблем.
Мислам дека премногу го нападнавте чупето. Човек да не можи да си ги пиши маките тука, подолу од го*но ќе биди направен одма. Јас сметам дека неа и пречи пасивноста на дечкото, како шо прочитав во постот тој сакал да вози и имал положено, ама не сака да си го испоти газот и да тргни настрана, да створи нешто негово. Кога веќе се има желба и финансии од негова страна (така прочитав) а не сака да преземи ништо, тогаш да, пасивност е во прашање и нерешителност. Одма ја нападнавте, ќе и изигравал таксист, па размазена била, материјалистка била, ко да побара на месечина да ја однеси, бог да чува. Уште еднаш ќе пишам @Sarichkaaa, на твое место не би ја раскинала врската ради оваа причина. Ама, ако овој проблем влечи подлабоки проблеми понатака (пасивен е, нерешителен, мрзлив), тогаш секој на своја страна. Не си приморана да запаѓаш во монотонии, барај си нешто шо ќе ти одговара.
Не можам ни да ве дочитам сите, ама ај сите што ја браните, ОД КАЈ ЗНАЕ дома каква му е ситуацијата? Може им оди по сметки, може кирија плаќаат, може некој кредит имаат. Како може да донесува вакви заклучоци јас не знам. Ете таа имала кола, зошто па да не му ја даде нејзината, м?
Ах деца муабет готово. Имаш право на "повластици" едино после брак. Не губете се и не навредувајте го девојчето што сака да живее а не да се клошари у најубавите години. Не знам ни зошто пишувам со тебе уствари, кажав што имав на членката и верувам дека ќе е паметна доволно да постапи како што и кажува инстинктот. Зз.
Можам да замислам само какви ќе беа коментарите да го пишеше ова машко , дека девојка му не си купува кола да му глуми такси.