Ова не е проблем. Проблем е да има кола, да ја вози а да не сака да оди некаде со тебе. Или да оди со другари а со тебе не. Нема да ти речам дека си материјалистка, нормално е вакви работи да ти засметаат. Ама не е нормално да му пресметуваш заштеди и финансии дома. Јас имам кола (моја ама купена од родителите) а дечко ми ја вози колата од неговите. Многу почесто со неговата кола се возиме, ќејф му е да вози. Ама кога не може он да ја земе, никогаш не сум му рекла еј зошто не си купиш своја. Неговите се далеку постабилни финансиски од нас, ама не би се осудила никогаш такво нешто да спомнам. Ти рекоа веќе. Има автобуси а и можеш да му спомнеш да шетате некаде со друштво. Глупости. Каков маж? Шофер? Може и со такси да ја однесе некаде. И зошто би возел било кој здрав 10 саати за да седи толку кратко? Може 2те лица на пола пат да се најдат.
Ама зошто не му ја дава колата ако сака така да живее? Зошто сака да користи туѓо а свое не сака да даде?
Aбе проблемот е што он е тој што МОРА да има кола за да шетаат, она не мора. Па и дома и збореле зашто немал кола дечкото.
Па ја ако сакам да живеам нема да чекам на некого. Сама ќе си обезбедам сè што ми е потребно, во случајов кола и би го возела дечко ми. Нема да ми падне круната. И после не била материјалистка....
Абе, ако дечкото не ти ги исполнува критериумите, не се обидуваш да го направиш во личност каква што ти сакаш тој да биде, туку си бараш некој што ти ги исполнува. Тоа е се што имам да кажам да темата.
Пиша таа дека сега брзо положила и уште не била сигурна, вежбала. Чекала да научи поубаво да вози за заедно да шетаат. Читате бе вие нешто или само знајте да плукате?
Aма не е тоа поентата Алиске. Не чека она да и биде он такси служба, пошто ете девојчето положило и сеуште се вежба. Претпоставувам дека неговата пасивност и смета и за сметање е. Да не ти треба кола а каде и да идеш се сместуваш у нечија кола е безобразлук. Кола и возачка дозвола се потреба а не луксуз. Ние немаме добар транспортен систем на кој можеш да се ослониш, колку пати сум останала у друг град ехеее пошто превозот предвиден се нема појавено уопште. Пожелно е и двајцата да возат, првиот пример испил малце повеќе па другиот ќе го земе воланот, другиот не се чувстува добро,другиот ќе вози, идете на подалечна дестинација, ќе де менувате. Типов е претпоставувам како некои шо ги знам, кола не им треба а први се ееј ај да идеме оваму,онаму и газот први го сместуваат.
Па баш тоа и и пишав у првиот пост. Не се иста фрекфенција и залудно е. Она сака еден начин на живот, он друг и тоа е тоа. Ама тоа не значи дека нејзиното е погрешно.
Не знаев дека реалноста е плукање ама океј, ќе научам. Ако е така како што напиша, во случајов не гледам зошто бара мислење на форумов. Ќе си го реши проблемот кога ќе стекне сигурност. Ќе се изнашетаат каде сакаат. Или пак срамота е таа да го вози?
Ама ни тоа што типот не сака кола не е погрешно, посебно од недостаток на контекст не можам да кажам дека е пасивност, незаинтересираност или било што. Некој треба да ја раскине таа врска затоа што дефинитивно се на различни фреквенции и имаат различни приоритети. И таа заслужува тој да и раскине заради желбата да го контролира само за работи што нејзе и се битни. Таа очигледно не мисли на неговото добро во врската или на неговите желби, мисли на исполнување на нејзините. И затоа тој ви требало да и раскине. Тој или е пасивен или има планови и желби кои не се поклопуваат со нејзините, и затоа таа би требала да му раскине. Поентата ми е, на 20-22 години, someone should break this relationship up 'cos it's obviously not working.
Изгледа ги немаш гледано истите романтични филмови што јас ги имам гледано. Поентата не ми е дечкото да е таксист а девојката да чека на готово ама па и девојката да е таксист и тоа не бива. Дојдовме до време каде жените се издигнаа толку високо што многу жени се решаваат да си направат деца само и да се и мајка и татко на истите. Во случајов дечкото е мн млад 22 но на поголема возраст би требало да има возило или барем да не одбива одење со автобус. Имаше ситуација со една моја блиска роднина што се направи за дечкото плус од пред куќа го земаше а банката пасивен до немај каде. Изгубен во поим. Ја зафркаваат но таа упорно со тераше. Ете не бидна. Сега си има друг МАЖ во вистинска смисла на зборот. Секако не мора да значи заради тоа да се раскине врска. Тетин ми нема возачка ни тетка ми па убаво си живеат. Јас да не можат да шетаат негде ама со автобус. Секогаш има полошо на пример мажи што никако не им даваат волан на жените. Во некои држави воопшто не се исплаќа да имаш кола. Во други скоро секој мора да има. Сепак тоа е моето мислење.
Мое ново откритие од форумов - Ако нема кола, не бил МАЖ. Секој ден дознавам многу нови работи на форумов.
Значи ако нема кола и ако жена го зема го вози не е маж? Значи колку е маж се мери по колата, па ако има поубава,маж и пол ќе биди можи. Хм не знаев. Еве ти кажа дека имаш кола и дека дечко ти нема и ти е проблем, зошто тогаш него не му кажиш? Кажи му него, дека нема кола и не е маж, а жена да го вози и зема е навредливо. Wtf
Една од работите кои го прават силен маж е тоа. Но ако има реални пречки не мора со сила. Од друга страна на една другарка и се дупна гума на 1 сат возење од дома и бидејќи нејзиниот не вози го викна другар и, кој секако и наговори зошто маж и не дошол. Исто така ако дечко ми викне некој другар за да го превезе секогаш ќе има наговарање. За жал такви се пријателствата денес. Вистинска среќа е да имаш добар другар. Како и да е возењето е предност за секого и баш е супер и двајцата да возат. Секако не е пресудно. Најважно е мажот/жената да не те малтретира физички и психички. Да имате љубов и разбирање и да Ви е интересно заедно. Поздравчиња.
Вашите навреди, саркастични кометари, нема да и го сменат мислењето. Нејзиното мислење е сосема оправдано, затоа што е млада, сака да шета, да истражува, да си ги живее своите 20 години. И тоа е премногу нормално и реално. Еве и јас имам возачка, па не сакам да возам, затоа што ми е страв. И колку сакате плукајте, ама најубавите спомени биле благодарение на тоа што сме имале кола. Сакаме денес Охрид да шетаме, следен викенд во Грција, па ќе се изгубиш на прав пат, ќе забегаш во планина со слеп пат, па ми текнало ќе одиме на ручек надвор од Скопје. Едноставно е нужно средство, како сакате кажете. Сигурно нема да јавнам магаре и да одам на штипска пастрмајлија.