Бооо не можам да поверувам колку работите се сменаа...Пред 6 месеци ви пишував како ми е страв да не пропадни и оваа врска...да не не бидам заинтересирана...а сега е се поинаку...инаку веќе 1 месец кај што му имам раскинато...веќе се преку глава ми дојде...во почетокот беше супер се...затоа и можи најмногу се разочарав бидејќи од оваа врска најмногу очекував...а испадна сосем спротивна...после 4 месеци стана неподносливо...буквално молев за внимание...за некој најобичен гест...во принцип не сум романтична...но барав како и секоја девојка едно најминимално внимание...барем толку сум заслужила...кога ќе ми текни дека буквално го молев...а тој ми викаше не можам вака не сум рает...а не барав ништо посебно само мало внимание...не можам да си поверувам...откако раскинавме дознав за некоја си мувачица дури одевме и морав да му пишам да си олеснам и се му окарав .. тој како што и очекував ми врате : што ти е мори која мувачица загреота си...на другарите му викал дека не направил ништо...добро ај и да не направил но сепак постоела...како и да се помина...иако првпат засакав некој... се разочарав...сега чувствувам некој гнев во мене огромен...незнам зошто...сакам да продолжам понатаму...ни на колена да моли нема да му се вратам...но зошто уште сум гневна...не можам ни лице да му видам...сеа ми е страв да влезам во нова врска...се плашам од ново разочарување...едноставно изгубив доверба во сите...а за додворувачи имам..не можам да се пожалам...но не можам веќе да препознаам кој вреди а кој не...и кога ќе дојди тој вистинскиот незнам...не ќе знам да го препознаам
Наталија уживај малку во слободата ако не си спремна за нова врска. Вистинскиот ќе го препознаеш - не се сомневај во тоа . Нема потреба од трчање во нова врска.
Ете сум јас пак со мојот проблем! Пак и пак и пак ме пукаат нервози. Неможам повеќе.Осеќам овој пат и врската ќе си ја расипам Ама стварно не знам што да правам,звеснувам во секунда.Сега како би сакала да му кажам дека не е во ред тоа што го прави ама свесна сум дека ако го направам тоа ќе се испокараме. Како да се справам?????
Па кажи му. И покрај тоа што може да дојде до караница. Тебе те плаќа некој за да трпиш нешто што не ти одговара ? Не би рекла. Ако тој те сака, ќе се смени. Ако не, има и други риби во морето.
Ќе те послушам.Ќе му кажам вечер пред излагање. А сега ќе го изгасам мобилниот.Или пак подобро не ? не знам што више да напраам премногу сум нервозна!!
Зошто да го исклучиш мобилниот ? Нема потреба. Вечер седни и зборувај со него. Па заклучи од неговата реакција, дали тој вреди или не.
Значи емоцииве ми се растур буквално. Да напоменам дека сакам некој ама нашата врска не е возможна заради разликата во годините. Е сега, вчера бев на забава и таму додека седев со другарки ни пријде еден дечко, а мене ми се виде прилично голем. Забележав дека мене прва ме запримети и ми даде рака, а потоа ми побара и број. А дечкото беше навистина преубав и имаше шарм, не можев да го негирам тоа. Не знам, изгледа ме понесе бурата од емоции, нервозата што одамна не сум била со некој и веќе почнаа да ме маваат кризи + хормониве.. Што да ви кажам. А дечкото и онака беше неодолив што исто придонесе да излудам.. Незнам се се случи во рок од 10 минути, зашто јас требаше и да си одам. Инаку, он е втора средно, а јас сум осмо. Мислам дека разликава е колку - толку, нормална. И се смувавме што се смувавме, ми рече да излеземе утре. А јас незнам, незнаев што мислам и чувствувам. Ми се допаѓаше, тоа да, ама не бев сигурна дека сакам нешто повеќе, можеби беше само за една ноќ и толку.. Ама, видов дека се заинтересира овој, си разменивме фејсбук и броеви.. Ме викна да излеземе денес, ама јас не можев зашто си имам проблеми од дома.. Сега не ми е јасно со оваа бура во мене, што да направам? Дали јас го засакав дечково или дали ова е само заљубеност или свиѓање? А се ми се чини дека овој е едно големо женкариште и тие негови ласкања и убедувања не ми палат некако.. Мислам вчера сум го упознала а да ми збори, еј као супер си, па не стварно најубава си, овие другарките не беа ништо посебно.. Како да те убедам дека ми се свиѓаш? Абе, јас се си мислам и другарката моја да беше со него истово ќе и го викаше, него која и да му рече он одма ќе прифати. Незнам.. А сакам друг. Незнам едноставно дали да продолжам со овој. А и исто имам проблеми за излегување од дома. А некако како да ми се намалија чувствата кон оној што навистина го сакам, или тоа е само од возбудата? Незнам што да речам.
Блу, зошто брзаш да пораснеш ? Остави ги дечковците сега и мувачите, сосредочи се на школото сега и на полуматурата. Не без причина ти забрануваат твоите да излегуваш, мое мислење е дека си мала да запаѓаш во длабоки емоционални врски и во било каква врска. Уживај во овој период, дружете се со другарките, а таквите женскароши остави ги на страна, нека си бркаат други девојки. Ти си паметна девојка, се надевам и по паметно ќе размислуваш во иднина. Знам какво е чувството на полудени хормони, ама пробај да ги смириш П.С знаеш што имаат заедничко трудна жена и тинејџерка ??? Полудени хормони
Во право си Блонд Но нема везе тоа со моите, они и онака се строги, дури и брат ми што е машко порано не го пуштале толку.. А, за ова искрено ќе размислам. Во право си дека не треба да се замарам, имам време за се. А за хормониве - ќе пробам да ги зауздам, ама што да им правам, мене изгледа нешто појако ме дрмнал пубертетов.
Се наоѓам во една дилема, па потребни ми се неколку совети. Со еден дечко одиме неколку месеци, но чувствувам дека го сакам само другарски а не онака како што би требало да се сака дечко. Веќе неколку дена се сомнева дека имам друг, иако тоа воопшто не е точно, а незнам како да му кажам дека интересот веќе го нема од моја страна. Се чувствувам многу одвратно бидејќи јас бев таа што трчаше по него неколку месеци. Воопшто не сакам да го повредам, иако знам дека одиме релативно кратко за да има некои подлабоки чувства од негова страна. Ми треба совет, дали да бидам потполна искрена спрема него или да ставам крај на врската без некои дополнителни објаснувања. Ве молам за помош иако можеби ситуацијава е малку смешна од една страна, но сепак ме остава без сон заради грижа на совеста.
Најдобро е да бидеш искрена и да му казеш дека сакаш да бидете само другари во иднина.На некои луѓе прекинот на врска без конкретно објаснување им пречи премногу,така мозе и како другар да го изгубиш.
Фала за одвоеното време и за советот Теодора, искреноста би требало да биде подобро решение отколку да кријам. Навистина никако не сакам да го изгубам како пријател, а страв ми е дека ќе ме замрази ако му кажам се. Сепак, му должам објаснување. Поздрав.
Вака девојки. Ова ми е проблем со кој се соочувам многу години. Моите родители не ми дозволуваат да бидам со христијанин бидејќи јас сум муслиманка. И јас сум веќе 1,5год во врска со мајмунот мој .(го знаете тоа ). Проблемот е тоа што јас кријам од нив , скришно дома правам муабет и така . Лажам кога треба да се видам со него. Кај него не му прават проблем. Јас сум пресреќна со него , тој е посебен човек. Е проблемот е сега што преска се карав со дечко ми преку моб. и мајка ми ме слушна дека се карам со некоие машко и јас некако смотав демек со некој колега , бла , бла. Ајде можно е да ми поверувала. Давајте совет како понатаму да се понашам , не смеат да ме откријат , не сум спремна со нив да се карам , расправам бидејќи не ме разбираат. И уште е дно прашање , вие што мислите за ваквата врска, го одобрувате ли ова мое понашање , што ги лажам , што кријам. Јас нејќам ама тие ме тераат на тоа. Не ме разбираат. Ваши мислења , многу ќе ми значат.
Јас немам предрасуди во однос на религиите, кога двајца сакаат да бидат заедно па и јапонка и црнец да се нека си бидат, не го оправдувам и не го разбирам тоа што толку им пречи на луѓето, се додека тој не те тера да си ја промениш верата или обратно зошто некој би се противел на тоа. Најважно е и двајцата да се сакате и да бидете заедно без разлика на верските определби. Има многу луѓе од различни вери што живеат така, на пример на другарка моја родителите, татко и е муслиман, мајка и христијанка, дома ги слават сите празници, и Божиќ и Бајрам и Велигден, тоа не влијае и на децата, тие сами треба да си определат што ќе бидат, не е воре само тоа дечкото да ти ја наметнува неговата вера, другото според мене е сосема во ред. Но, ако твоите родители неможат да те сфатат мислам дека подобро е да продолжиш да ги лажеш и да си се гледаш со дечкото, се гледа колку многу си заљубена во него, и дека ти е возвратено, немој да го жртвуваш тоа само затоа што твоите родители не ти дозволуваат да си со христијанин. Кога ќе најдеш погодно време, разговарај со мајка ти, објасни и колку многу ти значи врската, таа е жена, би требало да те сфати, кажи и дека тој ни неговите родители немаат ништо против тоа што си ти муслиманка, и предложи и да го запознаат, кажи и дека тој многу те почитува и сака и никогаш не ти пререкол нешто нити ти се мешал во врска со твојата религија, прави и муабет нонстоп за тоа, ќе попушти постепено, а потоа е лесно и да го убедиш татко ти ајде малце натерај ги да бидат посовремени и во 21 век ли ќе одиме со тие верски предрасуди Ти посакувам среќа Скај, па пиши како ќе се одвиваат работите.
Тие за се се современи освен за оваа работа, оваа работа им е како Ахилова пета. Јас знам дека постојат повеќе проблеми кога се двајца од различна вера , ама тие проблеми се решливи со разговор. Сега за сега не можам да разговарам отворено бидејќи ќе ми забранат да се слушам , нема да ме пуштаат да се видам . Прво сакам повеќе да ја зацврстиме врската па потоа да дознаат бидејќи ако сега ми забранат да се слушам и гледам , како нашата врска ќе успее Затоа ќе бидеме повнимателни за да не не дознаат. Јас со него ќе сум се додека нам ни е убаво , трет нема да мешаме. Ние двајцата сме доволни за нашата љубов , сите други ни се непотребни. Фала мимс.
Скај, а тие воопшто незнаат дека си во врска? Оти, ме зачуди, ами како одиш во Охрид ако незнаат Или ги лажеш дека ќе одиш на друго место
Скај веќе еднаш ти кажав дека никој не е доволно важен за да се откажеш од тој што го сакаш. Знаеш и јас низ што поминувам, но не се откажувам. А ако ти забранат, зарем ти не можеш нов број да купиш или пак било како да се видиш , чуеш со него? Еве јас се слушам кога сум на факс, кога сум во тоалет итн. За се има начин ако сакаш. Нормално е дека ќе се бунат, не си ни прва , ни па последна што имаш ваков проблем, мислам на религијата. Но, ете сите сме сведоци дека такви врски успеваат. Јас сум сигурна дека за десетина години никој нема да гледа на тоа, кој од која религија е, но сега за сега тоа е табу тема.
Оффи не знаат ама баш ништо. Во охрид летово бев нели на одмор, зимово се гледаме во Ск.таму имам другарки што учат па кај нив , па во Битола , таму имам колешки.(да се наџемо на пола пута) е нашто. Лани зимото кога бев во Охрид бев со другарка која има братучетка таму па кај неа. Ги лажам демек со другарки сум , кај другарки ама тој доаѓа за да се видиме . Овде во Штип избегаваме да доаѓа оти е мало местото и ако не видат одма ќе се дознае. Марамке знам дека не треба да се откажам бидејќи тој ме исполнува , со мене е во овој проблем и тој се загрижува , пробува чаре да наоѓа , дури повеќе и од мене пази. Јас озбилно не би можела никогаш да си простам ако само нашто не успее зарди мојте родители. Ако дознаат ќе ми земат и мобилен и поретко ќе излегувам. Ќе ме контролираат , а јас не сум навикната на контрола. А и кај нас повеќе се сведува на слушање па затоа не смејам да дозволам сеуште да дознаат.
Скајче срце па ти си била босанка?? Па ти си пола наша! Не би требало да ви биде проблем за врската...Ај да е друга етничка група може би било голем проблем ама за вас не би требало да ви биде проблем да прифатат твоите.Чудно ми е...Не се откажувај од него, меѓутоа како и да еден ден ќе мора да разговараш со твоите од тоа нема бегање...И верувам дека ако покажеш цврст став нема да ти преречат.Само вие да се изборите за вас и се ќе си дојде на свое место. Има многу примери од забранета љубов со борба и многу голема волја се склучиле многу успешни бракови.