Поздравчиња Хахахх, не сте вие криви, некој ве воспитал да зборите за "вистински" и лажни ваљда мажи. Девојчето наместо да захтева од дечкото, нека захтева од себе . Плус со какви придавки и епитети го части по форум, жал да го фати човек. Ако не ви чини некој, автопатот е ПРАВ, што толку туфкање ко богзнае што да е проблемот.
Се шали , секако дека се плашат и машките ама не би ме чудело да им е срам да кажат на женски што ги притискаат да купат кола.
Може па дечкото сака парите да ги вложи во нешто друго, може имаат кредит за исплаќање, која е она да му кажува како да раководи со парите?
Ние сами себе жените си се потценуваме, а пак после сакаме еднаквост во општеството. Се додека ги гледаме мажите како поспособни возачи од нас, жените, или пак дека срам е жената да го вози мажот, ќе си тапкаме во место. Или посоодветно кажано, ќе се враќаме назад кон антиката. Кажаново ''маж без желба за возење не е маж'' е подеднакво грешно ко ''жена без желба за готвење не е жена''. Многу ме интересира што ќе направиш ако дечко ти штеди пари за на крај да купи некој електричен тротинет oд 1500 евра? Тогаш не може да те вози.... ќе речеш дека себично ги потрошил парите и само на себе си мислел, така? Тебе не те боли брига што он не се труди да заштеди пари. Ти си гледаш само во своја корист, нема кој тебе да те пренесува и другарките да ти завидуваат, ко ти што им завидуваш на нив.
Така де, имаат различни ставови, што не значи дека и на двајцата се погрешни. Но и доколку страшно и пречи тоа, треба да се поздрават и да си речат збогум. Ни прв ни последен на 20 години. Муабетот ми е, уживајте во своите млади години и правете што ве прави среќни. Дали некоја Стојна, Петранка ќе ви каже дека сте спонзоруши, не треба ни малку гајле да ви е.
Долго се заедно, сигурно од почеток знаела за неговиот став во врска околу тоа. Не е крај на свет ако нема кола периодов. Може во иднина ќе купи, не мора кога сака она. Мене никогаш не ми пречело што мој партнер немал кола ете, најубавите авантури и случки за паметење ми биле и додека со бус сме се возеле. Се океј, пак ќе кажам кола е потреба ама не значи дека мора да го труби за финансиите на него и неговите родители.
[QUOTE="martiiinna, post: 5090903, member: 108073" Кажаново ''маж без желба за возење не е маж'' е подеднакво грешно ко ''жена без желба за готвење не е жена''. Многу ме интересира што ќе направиш ако дечко ти штеди пари за на крај да купи некој електричен тротинет oд 1500 евра? Тогаш не може да те вози.... ќе речеш дека себично ги потрошил парите и само на себе си мислел, така? Тебе не те боли брига што он не се труди да заштеди пари. Ти си гледаш само во своја корист, нема кој тебе да те пренесува и другарките да ти завидуваат, ко ти што им завидуваш на нив.[/QUOTE] Жената без желба за готвење не е жена да. Затоа што жената утре ќе биде мајка и барем на нејзините деца би требало да им подготви храна. Сите ние имаме убави спомени од храната приготвена од нашите мајки. Од друга страна предностите од возењето ќе ги придобијат и дечкото и девојката кои заедно ќе патуваат некаде. Па затоа ако дечкото си купи тротинет нека си се вози сам со него. Моето мислење пожелно е и двајцата да готват и двајцата да возат.
или А што и фалело со истото телефонче наместо да го викне другар и, и да изиграва damsel in distress, да си пушти видео на јутјуб за како се менуваат гуми, или кој треба да бара за помош во таква ситуација и сама да се снајде?
Потреба е .Ај да живееш во Скопје друго е имаш автобуси и сите институции ти се таму,ама еве замисли да си од некое село или помала општина каде што нема превоз во одредени термини нема болници,кафулиња,дискотеки итн а најблискиот град ти е 30км.Колата е потреба посебно за млад човек.
И најскапиот Мерцедес да го има,џабе е ако не е човек. Според она што го пиша членката,они двајца во друго се погодени,што значи типот е арен.Тоа што тој нема кола не е валидна причина за да му раскине. И колата е материјално добро за кое таа се запнала дека дечко ѝ мора да го има. Како да не ја гледаме како материјалист кога постот ѝ вришти од тоа?
Мене друго ми е чудно, како така водите рачун што и колку неговите земаат пари, па и за негови пари како ќе ги трошел? Јас знам што работат неговите, но ниту им знам плати, ниту есап сум им правела колку и каде трошат. Сигурно на луѓето не им е лесно, 2 студенти дома имаат и да им плаќаат и превоз и студии, храна, облека, трошоци си се тоа секако... И сега јас да му барам во ситуацијава да купува кола за мене да ме шета или да полага возачка за дечко ми да имал возачка...? Млад е, здрав, прав, нема на 20 и некоја кола, но тоа не значи дека за 2-3г нема да се промени откако сам ќе си работи, ќе си штеди и слично. Уште кога го запознав знаев дека нема кола и нема за брзо да има зошто студира и нема пари да се луксузира. Знаев и дека нема на одмори да идеме во блиска иднина, знаев дека едноставно ќе е поинаку од просечните врски. Еве 2г сме заедно и не ми пречи уште, ни па ќе ми пречи. Истото и од него го очекувам. Ете пример, лани имав околу 500 евра прилив на сметка како награда од државата за нешо (не се голема сума, но бидејќи само што завршив средно, таман ми беа искрено и за одмор еве да сакав со него или нешто), знаеше дека сум ги земала тие пари, го почестив еден ручек со дел од тие пари и ниеднаш не ме ни прашал, ниту спомнал во што ќе ги вложам, недај боже па да ми рече нешто за негови каприци да е да исполнувам. Тие пари се мои, му кажав отпосле дека ги заштедив и моментално не ми треба во ништо да ги вложам, но си планирам некоја подолгорочна инвестиција (во мојов случај кола, која сакам лично јас да си ја купам за некоја година со мој труд, а не со парите на моите). Само ми рече браво, паметно си направила, убаво што си мислиш на иднината и толку. Година дена немам слушнато збор околу тоа и приговори како он би мислел дека требало да ги потрошам. Навистина е токсично и невкусно да некој ви кажува со ваши пари или парите на вашите родители што треба да купите или да направите. Јас искрено не би трпела вакво нешто, секоја му чест на дечкото... Еве и другарки имам во врски, голем дел од нив ни коли, ни возачки имаат, сите се 20 колку девојчево што пиша. Прва во друштво од другарките земав возачка и уште само јас имам возачка, едноставно не сакаат да полагаат другите. И нивните дечковци немаат. Сите се студенти, немаат свои приходи и не чекаат од нивните да им купат коли. Не сум слушнала ниеден да се жали. Изгледа сме се нашле обични смртници, па сеа ќе се задоволуваме без коли и така си ја пропуштаме младоста без да шетаме, шмрц... Мене ми личи ова само на разгаленост и ништо повеќе ама ај...