Дечкото немора и да и биде дечко ако не ја прави среќна. Кои сме ние или пак зошто да зборуваме во нејзино име, за нејзините гледишта, пасии и начини на размислување. Таа смета дека треба да си купи кола, end of story... и доста со феминизам, кога врска нема тоа со нејзините желби. Таа смета дека треба тој да има кола и и посакувам да си најде таков, доколку тоа ќе ја направи среќна. Не го живеете нејзиниот живот, не ја имате таа врска, а фрчите со мудрости. Што посакала, кон тоа треба и да се стреми.
Зависи од тоа дали сте на иста бранова должина. Јас имав врска од 4ипол години и му раскинав зашто не бев спремна за таков чекор, а он постојано зборуваше за деца и брак и демек факултетот да сум го продолжела со деца исчувани(медицина студирам) .. Мене тоа ми стана толку одбивно и толку страшно, постојано бев под стрес, посебно откако го извади еднаш кондомот "случајно"без јас да знам што се случува. Така да, такво нешто не се издржува. Според мене не се важни толку годините, колку што е важен менталниот статус на двајцата. Еве сега сум у врска година ипол со човек кој го гледа светот низ иста призма ко мене и можам да кажам дека (иако поминаа 2 години откако излегов од претходниот пекол наречен врска) сега сум спремна со овој човек да имам све.
Делење кола е океј, ако имаш со кого делиш, и зависи до каде. На пример да идеш од иста населба до работа со некој, или си му уз пат па те собира. Ама да немаш кола во голем дел од населбите е голем проблем. Да одиш да испазариш па не можеш до дома да довлечкаш тоа што си го купил затоа што тежи 15 кила. Да не зборам како сум се мучела и сум тегнела прашок од 9 кила, сум се враќала по него втор пат затоа што не сум можела све да однесам до дома. И да, потреба е кола. Да треба нешто итно да направиш, да одиш по лекарства итн, не би сакала да молам некој за помош или кола. Плус, да не заборавиме дека некои населби после 11 саат навечер мисловна именка е автобус. Па плаќај по 300 денари такси ако немаш попаметна работа, или снаоѓај се за враќање дома како знаеш и умееш. Еве, затоа што само си наѓаѓате фино лепо, а не сте биле у таква ситуација ќе ви кажам од прва рака. Да, ми скурчи да го возам дечкото. Да, ми скурчи тоа што него уво не го болеше за ништо, не сакаше да мрдне со прст за да напраи (заработи) нешто свое (тоа е таа незаинтересираност што ја збори @Sarichkaaa ) . Не, не е срамота да го возам, срамота е 1 и више година да не го мрдне газот, да не најде работа, да се жали дека нема пари, а да може да го намести у кола и да го развозувам јас насекаде. И не, не ми е гајле ако ми кажете дека сум материјалиста, не можев ја цело време да ја сносам таа одговорност, да ставам бензин, да возам, јас никогаш да не пијам итн. Плус, не знам дали сте знаеле, ама напорно е да возиш, и бара голема концентрација и напор. И да, убаво би ми било у ден коа сум била утепана да дојде да ме земе од дома ко госпоЖа и да ме вози, а не јас да се малтретирам секој пат. И ете, на крај патиштата ни се разделија. А дека е некое огромно барање да сакаш дечкото да биде самостален и да не зависи од тебе и твојата кола за да се видите, што знам Ако вас ви одговара така, тогаш супер. Кога ќе искусите колку е поубав, полесен, позабавен животот кога можеш кога ќе сакаш да седнеш во кола и да отидеш до кај ќе ти текне во тој момент, тогаш ќе сфатите на што се мисли. Сфаќам дека не можеш на некој да му кажеш да купи кола, ама самиот да не сака да се потруди барем, да видиш дека сака (дури и да нема у моментов)... Денес нема да сака за тоа да се замара, утре може нема да сака да штедите заедно за стан, итн.. Така го согледуваш карактерот на човекот со кој си, во малите нешта Е заради оваа причина (покрај други неповрзани) веќе забораив на кола кога идам со друштво. Затоа што беа сите научени со возачки дека само јас возам, и сите чекаа на мене за превоз, притоа безобразно ни еднаш не се понудиле да кажат да поделат трошок за бензин. (Чест на исклучоци) Па не сум јас ничиј таксист, ниту пак сум будала да трошам од моите пари кои и онака не ми стасуваат за да развозувам некој кај ќе му прдне. А сите возачка имаа
Се на место, ама ниту девојката го развозува ниту кажа дека е некоја мрза (баш спомна дека работел). Муабетот е дека неа и смета што немаат кола за да шетаат низ државава и надвор од неа, а за тоа не е потребна кола, бар не стриктно негова.
Во право си, ама верувам дека 90% се млади и сеуште не ги разбираат тие работи. Утре први ќе се каат што не шетале кога немале обврски и кога можеле кај сакаат да отидат. Јас од секогаш сум барала маж со амбиција, затоа што знам што значи да е без амбиција и се каам за тие години што си ја потрошив младоста, затоа што некој го мрзело да направи нешто со животот. Ај да живеам во Пехчево со две улици, па не треба. Оди стигни од волково до лисиче со такси или па маткај се 100 саати со автобус. Да имаме развиена мрежа, со метроа, трамваи одма ќе се откажам од кола, бидејќи побрзо ќе стигнам. Ама у државава што ништо нема, кола и те како треба.
Ако не ми цвета на другите полиња у животот и ако си купам своја кола дали по дифолт сум успешна личност?
Не, не зависам туку пола запнавте дека дечкото МОРАЛ да има кола за да ја вози принцезата низ Македонија зошто дечковците на нејзините другарки правеле така.
Мене ми личи дека се некое друштво од тие "rich kids of Macedonia" пошо на една рака се бројат 20г у моја околина што имаат своја кола... Или јас па со такви немам контакт еве не знам. Почудно ќе ми е да некој има кола на наши години, него да нема.
Зависи дали под своја мислиш до нивни пари или од нивните родители ама на нивно име. Јас искрено знам многу што имаат своја кола (од двете категории) а далеку сме и јас и тие од Рич Кидс. Ама не верувам дека било кој од тие купил за да ја вози женска им, туку затоа што сакале или им било потребно.
@x.Daisy.x Не го вози.Уште е несигурна и вежба со татко ѝ. Таа пиша дека дечко ѝ работел и студирал,и дека за друго се погодени,што значи дека тој е ок човек. Не е должен да купи кола и да ја вози,ни таа него. Тоа што го возеле другарите не треба да ја интересира,ни да ѝ паѓа во очи.Ако на нив не им е проблем да го возат/префрлат до овде-онде,тогаш таа не треба да коментира. Која е она да му кажува како да ги троши неговите пари?
Под своја нивна лично, пример ко шо им купуваат нивните... И ја имам кола од моите ако сакам да ја возам ама сепак не е моја туку на татко ми, има разлика. Не можам да кажам дека имам кола кога уствари немам. Ниеден со кој се дружам нема своја кола, ниту вози. Само другар ми колата од татко му некад ја зема ама никогаш не сме му се тупнале да не вози...
Ама многу често родителите купуваат кола за детето, и таа кола е на детето. Тоа што не ја платил не ја прави помалку негова. Ко да речеш дека телефонот не е твој затоа што ти го купила мајка ти.
Абе реткост е да се има кола на тие години ама пак не е страшно како што се претставува ако нема. Луѓе пари за леб немаат, кров над глава немаат, едвај сврзуваат крај со крај она плаче оти дечко и нема кола. Оф...
Па добро, пак не познавам јас такви што имаат кола на нивно име... Ниеден. Изгледа се движам во "сиромашните кругови", тоа е.
Нема врска тоа. Еве јас не сум од богата фамилија ама моите купија кола при прв прилив на пари затоа што мајка ми не вози кола а татко ми често беше отсутен. И таа кола си е моја и на сестра ми, ама не е платена од наш џеб. На некои други може да им е поклон од баба/дедо а некои сепак може и да си имаат заштедено. Другар мој си купи кола во втора година средно откало цело лето работеше. Ама не секој има потреба да вози кола. Ниту пак желба. Некои се задоволуваат со автобус, такси, пешачење или велосипед.
Среќно мажена во превод најде маж што те издржува додека ти размислуваш колку си паметна што си нашла некој богат, а сите жени што сакаат да се надоградуваат себе си се глупи? Место ко тебе да си најдат богат маж и да лежат, тие кариера бркаат, глупи
Ако сте погодени во други аспекти - океј е. Кола не е мерило за амбициозност. Сепак е потреба. Океј е да сакаш кола, земи си. Не е океј да форсираш друг да земи. Од аспект на чоек шо паника го фаќа зад волан, ако некој ми напнува за кола за да не е само оти тој вози, јбг, нема долго да трајме оти јас зад волан не застанвам.
Каде прочита дека треба некој да ме издржува, што прочита и како тоа си го интерпретира во своја полза да се направиш паметна? Смешна си... Немам намера да ти давам отчет за она што јас го имам направено и постигнато. Коментираш за некој што не го ни знаеш. Терај си со своите детски филмови....