Срцка ти да имаше нешто постигнато немаше на други женски да им даваш совети да бараат маж што ќе ги вози, наместо да станат независни, да си купат своја кола, да си положат и да не чекаат од мажот да ги префрли од едно на друго место ко да е 18 век.
А што ќе ми е вака да те прашам кола, кога веќе имаме една. Или па ти си таа ,,успешната" што си праите возен парк со дечко ти. Немаат логика твоите муабети. Всушност сама себе си ги газиш зборовите, значи сепак според тебе е успех да си купиш кола?!?!? Или уште поубаво, кажи ти вака, што имаш направено во животот, па да те кренам на пиедестал...
Моето мислење беше резултат на оние што викаа дека нема ПОТРЕБА да имаш кола. Има потреба и тоа голема, и многу олеснува ама нема да го осетиш тоа додека не ти дојде јајцето на газот. Посебно сега во време на корона, кога треба да се возиш со 40 други луѓе во автобус во кој клима не постои, а одат на 20 минути. Впрочем моето прво мислење тука беше дека не е туку така да купиш кола, а ова што го допишав беше надоврзување на некои други коментари. Ете, може он се осеќа дека нема потреба за него, ама ако неа и е цел у животот да шета, да истражува а него не му е тогаш... Нека си бара друг дечко, или направат некој компромис. Викаш, не го вози. Ама ете, ќе почне кај и да е, чим веќе почнала да се вежба. А и никој не рече дека она треба да му кажува на што да ги троши парите, тоа си е одлука на дечкото. Одговорот е многу јасен, ако неа и смета ова толку многу што не може без кола и шетање, нека раскине и нека си најде друго човек со кој повеќе ќе се поклопуваат со своите мислења. Немаш уште, затоа што тек сте 1 факс, за 4 години многу работи се менуваат. Не е исто на 18 и на 22 години, многу мислења се мењаат. Плус, сите што положиле прво вежбаат на кола што ја имаат дома, или постара некоја. А и, ако имаш дома кола на твоите, а ти ја даваат да ја користиш и не им смета тоа, можеш да се возиш и така. Имам другари што имаат свои коли, си собрале од матура пари, нивните им додале нешто, си купиле количе што ќе ги служи додека не соберат пари за поубава. Машките се позаинтересирани за коли, женските другарки слабо Само 2 другарки имам што возат, едната си има своја кола, си заработи пари си ја купи, другата од нејзините ја доби на старо поклон Нема врска сиромашни, туку блискоста до Центар. Кога треба да зависиш од ЈСП ќе сфатиш дека многу попаметно е да возиш кола. Ќе си купиш кола од 800 евра, и вака така ќе те служи како знае и умее. Не е океј да форсираш некој, затоа треба да си размисли дали може без тоа или не. Ако неа и е тоа deal breaker тогаш фер е да раскине. А паника зад волан е сосема нешто друго, и ако некој те форсира да возиш а ти е страв тогаш тој треба малце да си се преиспита себе и своите постапки. Али и тука важи тоа дека ако е дилбрејкер - крај на врската.
Женската сака дечкото да и има кола и тоа е тоа. На некого му е важно љубов и внимание, на некого кола, стан и пари и тоа е тоа можеби не е материјалистка ама си сака човекот да има за да не се гребе од неа и да биде на нејзин грб цел живот. Еве дечко ми нема кола ама па не му ни треба, јас му викам да си купи точак он или пешки или со автобус иде. И сега јас да му раскинам ли зашто не сака да купи точак? Мислам проблем е да ама па сега не за до толку да му раскинеш.
А кај прочита ти дека тој се гребе од неа? Тоа кај го прочита? Јас прочитав дека тој работи, воедно и студира, за разлика од неа која чека друг да купи кола за да ја вози. Кој од кого се гребе тука а?
За секој дијлбрејкер се раскинва без разлика колку ситен, то дефинитивно. За членката, ако сепак смета дека поважни се др аспекти јбг ова е то преку кое би требало да помини. Ако ова е сепак толку важно за неа, раскин е секогаш опција.
Ама јас те прашувам кај ги читаш измислициве што си ги вадиш од ракав? Во цел пост никаде не се спомна дека тој чека таа да купи кола, тој воопшто не ја форсирал да положи или да купи кола така да не знам која ти е поентата да измислуваш.
Ти девојче незнаеш да дадеш совет, ти напаѓаш, ти се караш и пак не ми одговори. Што имаш направено ти во животот твој, што знаеш може имаш студирано и работено ко мене по 16 саати на ден и си купила стан, со се опремнина со се се, си ги плаќала студиите и возачката дозвола? А? Или за тебе е успех да дојдеш и да ми кажеш дека ЈАС сум чекала од маж ми.... Тргни од себе, па коментирај за животите на другите.
Вака, треба да размислиш дали тој за други работи е амбициозен или не. Бидејќии јас така ко помлада имав дечко и сите воза коли тој таКА се мавташе, и му викав човек можеш да си дозволиш земај полагај , изгради се. Ама дечково како и за колата така и за сите работи. Сега после многу години кога ќе го видам дека се оставил така во животот и нема мрднато со прст ич не ми е криво. Затоа ти викам гледај дали е таков за сите работи или само во поглед на колата. Има 22, не се и баш малце. Што на 30 години ќе прави такви работи ...
Ова ти се вика ни за рај видело ни за рај плаче. Возикајте си се по автобуси колку ви душа сака, оставете не нас материјалистките да се материјализираме до крај.
Никој не ви вика дека треба да се возите во автобус. Кај виде овде некој да романтизира возење во автобус Само не чекајте на мажите да ве преносуваат од едно на друго место ко да е 18 век и фатете се за работа да си купите кола и да си се возите сами
Не сум знаела дека да имаш кола е мерило за амбициозност Потреба е да, ама ако толку и треба на девојкава нека гледа она да си купи а не да напнува друг Тоа што некои девојки даваа примери за дечковци што се мрзи е сосема друг муабет што нема врска со имање кола. Дечково можеби си има други цели и приоритети во моментот многу попаметни од купување на кола.
Алал да ти е ако возење со кола го споредуваш со рај, врв во животот нели? и после истиве спомнуваат амбициозност...
Колку и да пишувате сепак потребно е да се има кола во ова време. Друго е кога знаеш дека имаш нешто твое а не зависиш од друг, тоа што дечкото нема амбиции да купи кола девојката треба да ја дознае причината зошто тоа е така. Тргнувајки од мене би сакала да имам своја кола а и дечко ми негова. Не сакам да зависам или чекам од некој. Ни па сакам тој да чека и зависи од мене.
Проблемот не е во тоа дали денес е потребна кола или не. Дечкото смета дека него лично не му е потребна. Девојката сака ТОЈ да купи кола и да ја вози по одмори. Ако таа смета дека треба да се има кола, таа треба да си купи сама, без да го замара него. Просто и едноставно
Да но девојката може планира да се заедно и понатаму и не сака постојано он да се шлепа кај другарите за превоз, сака да шетаат и тие моментално, колку и да зборувате и на неговите другари ќе им стане досадно постојано да го развозуваат. И јас сум на нејзини години и би ги сакала тие работи сосема ја разбирам. И девојката кажува дека понатаму и она ќе си купи кола. Нејзе и е проблем што дечко и не сака кола... може му е убаво постојано некој да го развозува место од негов џеб да си даде пари. И да на одмор деуго е кога одиш со твоја кола а друго со автобус, ќе можеш постојано да шеташ и на други места а не да се стационираш на едно