Да рај е, особено кога сакам во еден ден да посетам пет плажи, ми текнало во сред ноќ да одам до Кучково да се изладам, сакам да одам на шопинг во соседните земји и да не зависам од никого за тргање и паѓање, сакам да одам на Водно, да пијам пиво и да го гледам Скопје навечер, обожавам кога сум скапана од работа и наместо да чекам автобус пола саат, да ме земе и да си дојдам дома да одморам, обожавам кога патуваме, си пуштам caffe del mar и уживам во глетката по патиштата. Самиот термин, кола, не е извор на среќа, туку спомените кои ги градиш, благодарение на истата. Think outside of the box,не биди буквалиста.
Ако на другарите негови им е проблем тие него ќе му кажат. Нема што нејзе да ја интересира дали на другарите негови им било проблем. Проблем со дечково ќе имаше ако тој нејќеше да купи кола, а чекал на нејзе за да одат по одмори. Никаде не прочитав такво нешто. Таа е таа што напиња за тој да купи кола иако и таа нема. И никаде не прочитав дека таа ќе си купи кола. Мама и тато да и дадат пари за кола не се важи. Кога зборува за амбициозност треба да е спремна на финансиска независност. Не знам што е толку тешко да се разбере. Јас ако немам пари, немам кола, друг ми го плаќа одморот, нема да напињам за одмор. Ако сакам одмор, ќе работам, ќе заработам, ќе купам кола и ќе одам на одмор. Тој одел на работа, во исто време студирал, и треба да се мисли и за нејзе да ја носи по одмори. Па уште и нејзините и коментирале зошто дечко и уште немал кола. За разгалување зборуваме овде. Не за амбициозност
Во ред е сето тоа, затоа и јас реков ако има потреба девојката да си купи кола. Ама да бараш од друг е баш безобразно. Јас лично би се навредила дечко ми да ме форсира да вложувам пари во нешто што не ми е приоритет во моментов. Како и да е, ако тоа и е толку битно нека му направи услуга на дечкото и на себе и нека раскине.... Инаку не знам колку години имате ама баш е незрело да си кажуваш желби без да размислиш за околностите. А ако врската ти е начин за да дојдеш до тоа што го наброја погоре... нема што да правиме муабет, очигледно сме на различна фрекфенција
Би сакала да најдеш некој, каков што јас имам. Мојата среќа му е најбитна и не ги гледа работите како што вие ги прикажувате, ниту се чувствува како таксист, ниту пак искористен. Знае дека сум најсреќна кога патуваме заедно и не му е проблем ама ич да ми ги исполни желбите. Како што кажав, страв ми е да возам и маж ми тоа го знае и не ме форсира да правам нешто што не сакам. Затоа се вика љубов, нема вага, туку си правиме како на нас ни е убаво.
За првото болдирано - те молам не ми посакувај нешто што јас не си го посакувам.... да најдам некој како твојов бе фала ама добар ми е тој што си го имам. За второто болдирано - се согласувам потполно и затоа не сум за убедувања и уцени. Треба да прават како што на нив им е убаво, а не само на едниот...
Најинтересен момент е што она има кола на располагање (небитно дали е од нејзини пари), има возачка, ама од некоја причина пак има проблем за шетање поради тоа што дечкото мора да е тој што ќе вози.
А ако дечкото смета дека не му е потребна кола зошто им се тупнува на другарите за шетање и развозување? Нека си иде со автобус бе.
Што е со коментарите луѓе, партал ја направивте. Да му е страв на човек да побара мислење. Какви се не заклучоци донесовте врз основа на само неколку коментари. Неа ја мачи пасивноста на дечко и и недостигот на желба за воопшто некогаш да вози кола. Да немаш кола на 22 години не е big deal. Млад е, има време да заработи и да си приушти тоа што сака во иднина. Проблем е да нема воопшто никаква заинтересираност од негова страна ни за сега, ни за во иднина. Неа не и треба моментално решение на ситуацијата за да може да шета. И самата веќе положила и почнала да вози. Проблемот е што дечкото ја нема истата желба. Да не се лажеме, колата е огромна потреба денешно време, посебно кај нас каде јавниот превоз е една чиста нула, со исклучок на Скопје. На крајот не можеш некој на сила да натераш да вози кола. Или сака или не сака. За мене лично би било проблем.
Според мислењава испаѓа дека секој маж и секоја жена над 20 години имаат кола и возат. Да имаше машкото кола и да ја возеше женската насекаде, a да дојдеше на форумов еден од нив и да кажеше дека девојката го користи пошо не вози/нема кола а има пари за тоа... @GrimTheReaper ти кажуваш колку ти е убаво што маж ти има кола и те вози насекаде, ти ги исполнува желбите (што е супер ако и тој ужива во тоа). Ама баш заради твојата ситуација треба да имаш разбирање за дечкото во приказнава.
Мене не ми е јасно само, како немање кола се поврзува со пасивност? Дечкото студира и работи исто време, ама е неамбициозен и пасивен оти не сака кола да купи. Едноставно е, ако толку ви е проблем, раскинете, а не ќе се жалиме -" 3год заедно јас го возам, тој не вози, не ме шета...Јас имам кола тој нема и сл."Наместо по форуми да се пишува треба тоа в лице на дечкото да му го кажете и така ќе си решите. Мислам дека треба да почнам помалку да читам на фемина.
Хахахахха не не Мажот треба да вози и да има сопствена кола Ако не, не е маж. Оти имало ете правило, секој маж мора да вози, значи мора и да има кола.
Тоа можи башка -секој сопствена...една заедничка за ДА ГРЕЈТ АДВЕНЧРС. Кад је бал, нек је маскембал. Нека вози комшијата ако овие двата не сакаат
Јас уште се смеам за она дека нејзините и коментирале зошто дечко и уште немал кола Се гледа дека за никаква амбициозност не се работи тука. Туку за размазеност. Дете од 20 год кое уште е под влијание на мама и тато
А девојчето што пиша за колата и дечкото, треба да размисли дека е млада, има 20 години и најверојатно ова нема да и биде последен дечко во животот, и еве да речеме го натера да купи кола, ма и маж да е, а не дечко на 20 години, не е сигурно дека засекогаш ќе биде тука и ќе те вози. Не и е размислено нејзе толку длабоко сѐ, не мора да ја напаѓаме дека е материјалиста или било што, макар што: 1.Не треба да води грижа за финасиите на дечкото и неговата фамилија зошто не се нејзина работа и 2. Не знам како сите врсници имаат коли, може татковците нивни имаат по 2, па едната им е достапна цело време. Јас имам 25 години, па ретко кој од врснициве мои има своја кола. На факултет кога бев никој немаше своја кола, со од тато и мама некој ќе се возикаше, ама своја кола пред осамостојување тешко. А и откако ќе се осамостоиш, ако не те издржуваат од дома, нема шанса да зачуваш за кола, имајќи ги во предвид платите. Да се вратиме на темата, девојче ништо не е вечно, па така ни дечко ти, и за твое добро е подобро порано тоа да го сфатиш и да не се замараш кој како и што имал, па амбиции и слично. Немаат сите исти приоритети. Ако сакаш да си шеташ, извежбај си возење самата и купи си/ нека ти купат кола,како сте во можност. Зошто утре може нема да имаш дечко и нема дома да ти се седи магично. Пак ќе сакаш најубавите години да ги поминеш во шетање, па и со другарки да е. Затоа, осамостој се. Верувај нема поубаво од тоа сама да си возиш и да не зависиш од друг. Искусено ми е и тоа и тоа. Едно количе за тебе, малечко јас би преферирала и учи се на него, оди кај ќе ти текне, што ќе ти го дечко ти во секој момент.
И јас мислам тоа за амбициите и дека бил неагилно створење не и е измислено од нејзе, го има од некој постар слушнато. Лош муабет, типичен за северномакедонски родители што мислат дека сѐ знаат. Ваљда ќе и се разјасни нешто од 10 страни уназад напишани, да мисли со своја глава ќе се насочи
Јас имам навика, поради тоа што промената на името ми е апсурдна и смешна, а својствена за Македонија, на секоја особина што ми е типична и својствена за луѓето од нашето поднебје да додавам "северно". Во смисла Северна македонија. Го користам во негативна конотација само. Не мислам на луѓето од северот на државава, сите сме исто . Затоа што наш печат се родители што се мешаат во секоја манџа
Леле,ај достате со тоа „потреба“,па на дечкото можеби нешто друго му е попотребно. Во други теми трубите за феминизам и независност на жената,а овде ја поддржувате нејзината разгаленост и материјалистичкиот поглед.Дечкото требал,морал.... Ха,ха,ха... Немаат сите исти потреби.ОК? И повторно,дечкото не е должен да ја вози,ниту таа него. Ако толку ѝ треба кола,нека ја позајми таа на татко ѝ или нека си купи.