Сакате дечко или кола со дечко па да ве развозува? Треба да сфатите дека не е секој за у кола, едноставно нема желба или има некој страв јебемга. Имањето кола нема врска со амбициозноста, мој професор на факс( инаку еден од најпознатите историчари у државава) немаше возачка, жена му го возеше. Ух мекуш неамбициозен, како може маж да не сака да вози срамота А тоа дека е потреба навистина е, не можам да го замислам секојдневниот живот без кола ама нема ништо страшно некој на 22 да нема кола или возачка па да го оговараат по форуми. Еден совет за членката, нека си најде дечко шофер у јсп, ќе ја вози у секое време.
Во другите теми се труби за феминизам а сега пошто е он машко мора да има кола ? Ако толку сака кола нека си купи она а не да очекува од дечкото , на кој што му треба сам нека си купи .
И вчера и денес ја читам темава и "проблемов" па морам да спомнам нешто. Не знам колку facepalms ми изеде фацава. Па добро бе, никој никаде не рече дека колата не е потреба не знам за шо к*р го објаснувате тоа со страници и страници. Проблемот е што она ИМА кола ама чека ДЕЧКО и НЕА да ја шета. И вие шо пишувате дека сакате до Кучково да идете на полноќ или 5 плажи у ден да посетите, значи можете и сами вашата кола да си ја запалите и да си се извозите колку ви душа сака. Не сфаќам зашто и за ова МОРА да се чека од дечкото, стварно не гледам причина. Дека е потреба за понатака во животот, е, и никој не го оспорува тоа. Ама ти да пресметуваш примања на родителите на дечко ти и да тераш студент што истовремено студира и работи да купи кола за да ти го шета газот по одмори е крајно безобразно и ненормално и јас не би толерирала ваква глупост ни минута повеќе. Би се засрамила.
Е тука сакав да го пишам мислењето на кое што се изнасмеавме во темата за машки совети. Нејзе повеќе и е дека другарките се возеле со дечковците низ Мкд, а таа е само во Ск. Има начин да се среди тоа, да научи да вози самата, да си купи кола и сите среќни и весели. Туку, сакам да прашам мислење, совет. Имам другарка која е мажена, и долго е во брак. Скоро цел живот се знаеме, куќни пријатели сме. Маж и повеќе е на пат само за да и овозможи нејзе да има ама исто така и и посветува внимание, не можам да кажам лош збор за човекот, мирен, душа. Она не е вработена моментално, беше отпуштена од работа поради икс причини, проблеми во фирмата. Нејсе, да преминам на главното. Во текот на еден разговор дознав дека има намери да се разведе со нејзиниот сопруг, а со тоа да почне и нов живот. Кога ја прашав за причини ми кажа илјада банални глупости, не и давал пари да се луксузира. Останав запрепастена со тоа што ми кажа илјада приказни дека се осеќала ко затвореник што реално не е во право бидејќи она може да оди каде сака и да троши колку сака, може да си оди и кај мајка и додека тој е на пат. Пред некој ден дознав дека прифатила дејт со дечко кој го знае преку интернет и е многу помал од неа, да не претерам ама чинам разликата е 8 години. Од една страна ми падна криво за нејзиниот сопруг ккој се убива од работа, од друга страна ако толку и е лошо во брак како што вели нека започне постапка за развод и подоцна нека прави што сака. Проблем е што и се премислува постојано, ем да го користи маж и, ем да види како ќе биде со новиот што го запознала на интернет, ако не се случи ништо никому ништо. Ако започне постапка за развод, сигурна сум дека сите ќе и свртат грб, не мајка, не брат, сите. Сакам да и помогнам да донесе права одлука, не сакам да си го уништи животот поради каприци зошто помладиот дечко сум сигурна дека ќе ја одјебе прва прилика. Од друга страна си викам точаче, не се мешај нејзин живот е, ама не знам веќе што да ја советувам секогаш кога ќе отвори тема за тоа.
А маж и има кола? Ок, озбилна. Кажи и дека повеќе проблеми ќе си направи доколку избрза. И сама на себе, може ќе се покае еден ден, и маж и ќе го повреди а и разводот ќе биде потежок ако прво го изневери. Да и солиш памет, нема фајде. Се гледа дека нит си го сака мажот нит го почитува.
Има и тоа она ја вози. Она нема татко, почина од удар, многу нервози соберено во себе и пукна човекот. Мајка и исто не е со добро здравје по смртта на татко и, другарка ми се расправа со нејзе за наследство, па ако се додаде на тоа и разводот не знам каде ќе биде крајот. Ја подржав околу разводот ако толку сака, ама ако има навистина големи причини а сето тоа што го кажа е смешно. Додуша со него се омажи доста млада за документи највеќе иако беа во врска долго. Не сакам да и судам, ама толку е решена што дури и да бара помош од мене во план сум да ја одбијам. Можеби ќе бидам лоша другарка ама ќе имам барем мирна совест. Како и да ја вртиш, решена е. Она глуми жртва иако не е.
Можно е веќе да се гледа со тој новиот, само да не знае како да ти каже па те припрема ? Не ми е јасно како толку лесно се решила за развод ако причините се како ти што велиш, банални. Можеби чувствата му се изладени веќе подолго време па и не гледа поента да остане во тој брак. Во секој случај, тука не можеш а и не треба многу да влијаеш. Можеш да ја советуваш доколку сака да разговара, да се бори за да го спаси бракот и да не избрзува со тоа што ќе го изневери. Ама сепак крајната одлука ќе биде нејзина. Ако не е среќна и исполнета, тогаш и подобро секој по свој пат. Сепак, барем јас мислам дека тука има и други причини освен тие што ти ги знаеш. Се надевам грешам.
Да сумирам накратко...Терај си го филмот и уживај во младоста и не дозволувај некој да ти каже спротивно. Што те прави среќна кон тоа да целиш... Се дрзнаа да те напаѓаат за размислувањата на твоите родители, оние кој што те школуваат, што ти даваат кров над глава, што те сакаат безусловно. Собрани ко стринки на чешма, ќе ти кажуваме што да правиш со твојот живот. Не треба да те интересира ничија финансиска состојба и ако тоа те кочи за ти да си го живееш животот, има верувај ми многу во кои ќе наидеш на исто размислување.Верувам дека пола од оние што ти пишуваат за финансиска независност, куцаат на тастатурите од своите детски соби и чекаат од мама 100 ден. за кафе. Исто така пола не ги интересира твојот проблем, а пола се насладуваат на твојата мака. Ти посакувам се најдобро и како ти каже душата, така постапи. Сосема си во право и доколку ме послушаш, за 10 години ќе ти биде мило што си го живеела животот каков што ти си го имаш замислено. Поздрав, секое добро
А во кои стринки спаѓаат оние кои се мешаат во туѓи финансии а притоа не дале ни денар кај нив? Како што таа се дрзнала да чека сè на изволте, а своето да не го дава, така и членките имаат право.
Ако сте баш блиски блиски можеш да и дадеш совет а ако не сте би ти рекла да не се мешаш. Секако таа си е возрасна и ти најмногу што можеш да направиш е да и дадеш совет а нејзино е дали ќе го послуша или не. Иако јас искрено не би се мешала освен ако не ми е најдобра другарка.
Да, дека да имаш свој стан во 20те години е многу едноставна работа. Извини, ама ја претера. Баш и кажуваме дека не смее да ги пребројува туѓите финансии, а сега и ти нашите ги пребројуваш. Никој не рече дека таа сама мора да си купи кола туку дека не е нејзино тоа да го бара од дечко и ако и сама не го прави. Да, куцам од домот на моите родители и чат пат ми даваат пари. Колку сама сум им помогнала тоа не го знаеш, а и не гледам зошто би те интересирало. Уште една "Ако не си мајка не треба да збориш за деца."
@bicycle Се сложувам со @Alisa22 . Ако ти е ептен блиска другарка,посоветувај ја да му каже на маж ѝ отворено дека сака развод.Да не се пушта во врска пред развод.Треба добро да размисли што сака. Ако не сте блиски,не се мешај.
Моја другарка ми кажува еднаш дека на брат ѝ девојката за еден роденден му барала да ѝ купи нов телефон кој чинел ми се чини негде 9000. Дечково не дека немал пари, ама ептен глупо се осетил толку да дава одеднаш. Ѝ рекол нешто друго, оваа не, телефон сакала. Не ѝ купил, оваа му била лута па се смириле, па после заради друго раскинале. Добро што се спасил типот барем. И ваквиве како таа погоре примерот на @bicycle не се ништо поарни од мажи легачи што неќат да си зготват сами. Исти се. Ама не, да не кажеме лош збор за нив.
Exactly my point. Тргнете од себе, за вашиот живот, вашите достигнувања, вашите амбиции, па зборете за нејзиниот. Никогаш не сум сакала својот комплекс да го исфрлам на друг. Вие ја гледате површината на текстот, јас ја гледам суштината. Дали нејзиното размислување не чини, не е ваше да коментирате. Пример... во ред е да сакаш да шеташ, да си правите авантури, но разговарај со него, зошто не сака, што го спречува. Доколку неговиот одговор по секоја цена не ти се допаѓа, можеби треба да се ориентираш према она што тебе те исполнува. Ова е совет, а не ти материјалистка, спонзоруша, родителите ти се ретардирани. Мислам совети лудница еј.
Она не знае што сака, ама најискрено. Ден вика ќе се разведам, ден нема да се разведам ќе изгубам се што имам и сега оп, дејт на невидено со дечко од неа помал 8 години. Не сакаше ни деца да има поради еден друг со кој имаше интернет "врска" многу пред овој новиов. После вели дека го сакала нејзиниот маж ама скржав бил, yeah right. Инаку нема други причини, како сестра ми е, ми кажува се, знам за неа се, ја знам како диша. Се плашам да не ми направи проблеми со нејзиниот развод па мајка и да ме обвинува зошто немам кажано. Веќе почнав да игнорирам, сериозно, ми мава на психа, ова многу ми дојде. Гром од ведро небо, непланирано ептен.
@bicycle колку и да ти е другарка, не сметаш дека е себична и дека му го уништува животот на маж и? Нека се разведе и нека го остави човекот да си ја најде среќата во жена што ќе го цени. А тоа што ќе и свртат грб сите - тоа што си сеел тоа ќе си жнееш
Не знам за другите, ама мене маж кој сака да готви и ми спрема разни јадења ми е фантастична појава. Сакам да нагласам при тоа дека се залагам секогаш да сме еднакви, да не го навредам на никој начин, да не се почувствува "немажествен". Јас на пример како жена не сум воопшто фан на готвењето, тој напротив обожава да готви и експериментира. Но и покрај тоа сметам дека улогите во една заедница и нивната поделба на машки и женски работи се тотален идиотизам. Зашто ако маж ми сака да готви и нема возачка, да биде сметан за помалку маж? Зашто ја како жена што не сака да готви, знае да поправа автомобили и да цепи и реди дрва да бидам сметана за помалку жена? Скроз ми се глупи погледиве и се надевам дека во брзо време ќе се сменат и конечно ќе може да прави секој што му сака душата, без притоа да биде помалку маж/жена според некои глупи стандарди кои не ни постојат црно на бело.
На другарка ми дечко ѝ епа неговиот брат имаше едно време девојка која што ако не беше дечко и јас мислам гола ќе одеше и секогаш кога ќе се најдевме во муабет она кажуваше што и купувал, каде ја носел, како многу ја сакал и ценел затоа и купувал. И на другарка ми дечко и еднаш и кажа на таа девојката на брат му, и вика да не е брат ми ти гола ќе шеташ и она само се намршти а она уствари цело време си кажуваше што и купил не беше нешто ново ова што и го кажа тогаш. Кога типот смени работа и немаше пари за луксузирање како што имаше со предходната работа почна да се караа и раскинаа набрзо.