Најискрено, не сум била во слична ситуација ама пази што и како ќе кажеш, за да не бидат после твоите зборови употребени против тебе и со тоа да ви пропадне долгогодишното пријателство. У ситуацијава мислам дека најфер за сите ќе биде да се разведат, ем она ќе може да си го живее животот како што сака, ем човекот нема да се убива од работа за да угоди на некој кој очигледно не го вреднува тоа. Баба ми вика за секое тенџерче си има капаче. Можеби не се погодени, можеби вистинските љубови ги чекаат зад аголот. А ти, ако мислиш дека е најпаметно да се повлечеш и да не и ги планираш наредните чекори во играва, тогаш тоа како другарка и треба да го направиш. Да не биде после, заради тебе го изгубив, ти ми рече да се разведам и слично.. Се надевам дека се ќе излезе како што треба. Поздрав
Ништо чудно у овие времиња, тешко е да се најде човек кој ќе те сака искрено и кога имаш и кога немаш. Велам човек, зашто спонзоруши има и мажи и жени, да збориме искрено. Прочитав пред некој ден една статија, велеше 'тешко е да најдеш жена која ќе те сака најмногу на свет кога си никој и ништо и тешко е да најдеш маж кој кога ќе има сѐ ќе те гледа само тебе, со исти очи како кога немал ништо'..
Од секогаш е ова вака. Секогаш имало и ќе има луѓе што летаат по материјалното и по некоја нивна замисла за човекот со кој што се. Едноставно треба сите да имаме ширум отворени очи и да ги забележуваме овие работи.
Те разбирам ептен како се осеќаш, зошто сум била во слична ситуација и јас со другарка. Ама најискрен совет е да не се мешаш, кога ќе почне да ти зборува за тоа без да навлегуваш детално само кажи и дека не е човечки тоа што го прави и толку. Доколку повеќе се мешаш утре може да дојдеш во ситуација да ти рече ти ми го растури бракот, или пак ново започнатава врска што и е, најубаво кажи и сама да си одлучи што ќе прави понатаму и дека други детале не те интересираат во врска со ситуацијата.
Фала ви дечки, ќе се тргнам на страна. За сега ќе игнорирам секогаш кога ќе отвори тема за тоа. Ме интересираше ваше мислење околу ситуацијата.
Другарка ми сеуште не успеав да ја тргнам од типот . Разговарав со неа џабе. Сабајле и рекол "не си ми битна" Оваа земала цел тестамент му напишала колку му значи и се. Овој и рекол"не ми пишувај бајки премногу сум зрел да слушам вакви работи" Оваа му рекла "да да премногу си зрел за на женска ти да и викаш небитна си а до вчера и викаш ќе те женам" И после тоа овој кажувал како она ме била ваква на почеток ова она .
Здраво. Ми требаат мислења како вие би постапиле. Без осудувања само ве молам. Се гледам со еден дечко 2 и пол недели. Досега имаме испаднато 4 пати, јас имав обврски и не можев да се гледам толку често, а он ме бараше. Дечково има 26 години, 4 години е постар од мене. Преубаво се понаша кон мене, кога сум со него се осеќам среќна, почитувана, обземена сум со прекрасни емоции. Но сепак мислам дека можеби се гледа и со други. Синоќа бевме кај него на викендица, ( претходно чат пат искачавме заедно, моето, неговото друштво и знае дека не сум имала односи.) Почнавме да правиме муабет за тоа, ми рече јас ќе ти бидам прв, тоа ќе не поврзе повеќе, ке ни биде преубаво. Но не знам како да мислам он оди у друг град на работа, зафатен е, но кога е со другарите не ми пишува многу често, некогаш на сеен знае да ме остави ама сепак он е тој шо иницира средби и се труди. Осеќам голема привлечност и хемија кон него, но страв ми е да не ме искористи, и да ме остави. Сакам да го имам првиот однос со него но ми е страв да не сум повредена и да не ме фолира само. Да не се приврзував толку брзо немаше да има проблем и сега седам и со песто прашалници у глава сум. Од пето, шесто искачање е прерано, но сепак сакам да пробам. Вреди да ризикувам или да не си правам со сила проблемчиња кај шо ги нема.
Зошто да ти пишува кога е со другарите? Гледаш погрешно на сексот. Сексот не треба да е ако имате секс вечно ќе сте заедно. И ти ќе имаш со него и тој со тебе, не мора никој на никого да го искористува. Ако не си сигурна тој како размислува прашај го. Ако нејќеш да го прашаш не мора да имате секс после 4 пати гледање.
Зборот ми беше да не се приврзам премногу оти ке ми биде прв, а 80% од машките се такви да го добијат тоа што го сакаат и да се сменат.
Ако сакаш да го направи тоа, направи го. Но, ако сакаш да биде со човек а не си сигурна дека тој е некој на кој можеш да му веруваш и те почитува, почекај и воочи како ќе се одвива вашиот однос. Никој не те тера да брзаш. Ако те брза, сама ќе процениш што му е главната цел. Разговарате ли за понатака? Дали се гледате заедно? Можеш да го прашаш што мисли и како гледа на сето тоа.
Премногу го идеализирате тоа " прв ми е па ќе се приврзам многу ". Ептен бајковито гледате на сексот. Јес да, за да имаш односи според мене треба да се имаат чувства, не да се легнува со кој било, ама не е страшно и во иднина да раскините. Еве и мене дм ми е прв, ама ако почни да оди надолу врската ќе раскинам без да се замарам дали ми бил прв, втор, петти. Гледај ја моменталната ситуација, батали ја иднината, шо би било кога би било.
Од кај го извади процентов, 80. И јас после 4 гледања со некого не знам дали ќе сакам да сум со него. И да сме имале секс можам да го откачам ако понатака видам дека не ми одговара. Тоа не значи дека сум го искористила.
Некако сеуште не се осеќам толку блиска за да го прашам, он прави планови убавко дека ќе ни било, следна недела да сме иделе на Матка, но ствано не знам, на моменти ми стои ептен загреан, на моменти како оладен. И уз муабет ми кажа за бившата шо се гледал, дека не можел да се гледа со некоја без секс, не знам дали се однесуваше тоа и за мене.[/QUOTE]
@Kjara15 па ако со некоја не можел да се гледа без секс нормално дека и за тебе тоа важи. Ама што има тука погрешно, за многу луѓе сексот е важен, некој нејќе да чека, тоа го бара во врските, ти треба да знаеш ти што бараш и да разговарате
Не можеш повеќе да направиш. Таа ја има целата поддршка да се оттргне од него на време, а пак упорно тера со глава во ѕид. Ако имаш нерви да ја сослушуваш, секоја чест. Но, делува дека она е решена да научи на потешкиот начин. Треба да одлучиш што ти е битно. Сексот може да биде и без обврски. Ако и двајцата уживате, тогаш зошто да не? Од друга страна, ако битно ти е да бидете во стабилна врска треба да разговараш со него. Довербата е секако битна и во едниот и во другиот случај. Не мораш да брзаш со никаква одлука доколку не си сигурна.
@Kjara15 се согласувам со @Bezimenka90 мораш ти да одлучиш што сакаш. Ако сакаш секс со такво лабаво гледање, океј направи го тоа. Ако сакаш врска па се останато, твој избор е и тоа. Разграничи што сакаш и разговарај со него. Кажи му ги твоите ставови, па одлучете двајцата дали ви одговара и дали делите ист став и желби. Најважно, мора да сте искрени.
Благодарам, ќе размислам добро. Но друго нешто шо ме буни, од синоќа скоро 24 часа никаде го нема. Нит да се јави, нит да пише. Некако е многу чуден. Некогаш е стварно душа човек, некогаш се повлекува исчезнува. Сепак мислам дека нема лоша душа, има респект, почит и осет кон девојка.