Не, но знаеме дека короната не се пренесува баш од бакнување туку и без тоа. Ако толку се плаши не треба да излезе сеа на состанок.
Леле аман Валјд, од кај имаш енергија за докажување во 9 сабајле? Да имаше таа таква намера немаше совет да бара, пиша дека ќе одат на кафе. Ако некој знае како се пие кафе со маска нека објасни. И откачи ми се.
Ќе ти одговорам коректно наместо и во име на сите херои од Феминава кои не се плашат од никакво заразување и мораа вака „фраерски“ да пишат за да го докажат тоа. Излезете на кафе, запознајте се, разговарајте. Не мора веднаш нешто да има. Во секој случај поубаво ќе биде и за тебе да го запознаеш во живо првин, затоа што не е секогаш исто она што се кажува на социјални мрежи и реалноста. Ако е океј, секако од идните средби ќе треба да го прифатиш и тој ризик на можна зараза што секако би можела да ти се случи и при други ситуации. Едноставно ќе се навикнеш дека опасност од заразување секогаш ќе имаш, па дури и дома од блиските. Внимаваш и запазуваш мерки за заштита колку можеш и тоа е тоа, останатото не зависи од тебе.
@ivanamackica сте разговарале до сега за ситуацијава? Какви му се ставовите? Нема ништо погрешно во тоа да се плашиш од зараза, јас од дечко ми се плашев ама не можам да бидам во врска без интимност. Крај краева, не мора да се бакнете на прв дејт. Ама ако планираш пак да излезеш со него и веќе тогаш некој од вас да направи чекор, исто ти се фаќа.
Па ако мислиш дека е океј типот вака барем по допишување, видете се. Само вие двајца во некој кафич каде нема многу гужва. Секако ако седите на кафе ќе сте близу еден до друг и ќе сте без маски, па и да не се бакнете, може да ти пренесе ако е носител евентуално. Така да бакнеж или не, нема многу да ти смени за ризик ако веќе се видите.
Не сфаќам што е толку за чудење? Јас лично периодов да бев сингл ни на крај памет немаше дечко да фаќам и да искачам со тип што го знам 2 недели од инста. Па и дечко ми кога ќе искочи со поголемо друштво, недела дена после тоа не се гледам со него. Здравје >> се остало ама океј, ако вие сте толку лабави не е секој.
И јас имав слична ситуација само што кај мене беше обратно, на дечкото му фуфкаше а мене не Муабетот ми е дека имаш две опции, пошто како што гледам решена си да се видите а и те поддржувам зш ова со вирусов ќе си потрајт. Прва опција ( поглупата варијанта ): да си стајте маски и да си седите во парк. Втора опција: да си седните фино лепо на кафе, со то што ако е заразен ( не дај Боже нели ) шансите дека ќе префатиш се екстремно големи, те бакнал или не. Ама претпоставувам дека да имаше симптоми момакот, или да бил во контакт со заболен немаше така лабаво да предложува видување. Ова го зборувам под претпоставка дека е личност со минимум совест. И вас, луѓенца, што ви се смешни прашањава стварно не ве сфаќам. Такво време дојде, we like it or not
[/QUOTE] Ако не се осеќаш блиска да го прашаш, не треба да се осеќаш блиска и да легнеш. Јас првиот пат не би го имала со човек во кој не сум сигурна дека ме сака и го сакам, нити втор, нити трет пат, нити 20 ти пат.... По твоиве постови гледам несигурност во тебе, а кога си несигурен, ако бираш помеѓу "to do" или "not to do" секогаш бирај ја втората опција, тоа ми е поука извлечена од последниве 10 години. Сексот не е само физичко задоволство туку и емоционално. Не сме животни па преку сексот да задоволуваме нагон, затоа биди внимателна и не избрзувај со постапки или заклучоци.
@ilyan Ти благодарам. Размислив добро и го ставив на игнор 3-4 дена. Почна да ми праќа снапови ама сеуште ми нема пишано. Го оставив на сеен. Не знам дали да му пратам јас или скроз да оладам, белким ќе сфати крив дека е.
Вака. Со дечко ми сме, или бевме во врска речиси два месеци официјално, иако и претходно се гледавме два месеци скоро цело време. Пред да ја официјализира врската сѐ беше розево, поминувавме по 24/7 заедно уште од првиот ден, речиси и да не се каравме. Откако официјално почнавме да сме сериозни еден со друг, од тука почнаа проблемите, односно недовербата и кавгите. Нема нешто за коешто ми верува, за секоја ситница ме испрашува, ме тестира дали сум го излажала, а не сум го. Пред неколку дена ми раскина, па сфати демек колку ме повреди со тоа затоа што навистина имав проблем а тој помислил дека се обидувам да се извлечам од разговор. Помина и тоа, јас се потрудив да го заборавам и се однесував како ништо да не се случило. Денес пак, после долго време конечно се видовме, и имавме неколку минути насамо, секако дека сакавме да ги искористиме максимално, арно ама мене ми стана многу лошо, ме обли пот и почувствував страшна болка во стомакот, што траеше скоро два часа и не се смири ни откако сео напив апче, ни од чај. Пак со неговите тестови сфати дека го лажам (не лажев) и ми рече дека ми раскинува. За кратко дојдоа и мојот и неговиот брат (кај мене бевме), ние ни збор не разменивме, само неколку пораки. На кратко, ми кажа дека јас сум го ставила крајот бидејќи сум била површна и сум продолжувала со моите лаги. На крајот само се гушнавме и тоа едвај и си замина. Не знам каде грешам според него, тој не сака да разговараме и да си ги увидеме грешките, а не сакам да прекинам контакт, сакам да се смириме, ама не знам како да постапам, како да разговарам со него...