Ако секогаш вака те труја, не знам зошто сеуште се обидуваш со него нешто да правиш. Не вреди, тој треба да те цени тебе, а не ти него да му објаснуваш и разјаснуваш.
Зошто? Мислам...освен ако не сакаш на секои 5 минути да ти се јавува на телефон, евентуално и да уклучиш камера за да се осигура. Може и GPS tracker да ставиш. Ти делува интересно тоа? Батали го. Ако не ти верува, пиши пропало.
@nevermet18 не се труди за џабе. Немој да ме сватиш погрешно ама се однесува како малоумен или глуми лудило за да привлечи внимание и ти да се занимаваш со него, да го молиш и да трчаш да се врати назад. Многу детски од негова страна. Ова преку ноќ не се решава, тој ќе си продолжи по негово и ќе те врти тебе во круг, расчисти сега оти потаму ќе биди уште потешко а со тек на време да не те чуди ако си покаже уште некоја слична особина која може да биде и многу полоша.
Баш тоа. Еднаш ми рече да пуштам камера да видел да не има случајно некој во станот, па цел стан му го покажував. Пред некој ден бев излезена со неговата братучетка и откако си заминав на неа ѝ ѕвонел да ја прашува кога сум си заминала. Еднаш ми дојде без да ми каже, ми го зема телефонот, читаше пораки дури од пред една година, кога ниту сум го знаела и зема ми ги блокираше сите машки познаници, меѓу кои и еден ептен близок другар. Нема зошто да привлекува внимание, мене целото внимание ми е насочено кон него. Откако сме заедно едвај со две другарки комуницирам, не па со некој друг.
Епз ако продолжиш со него ни со тие две нема да комуницираш. Сакаш од цел свет да си исклучена, ова е малтретирање зошто да се смируваш со таков човек.
Омг, брз е овој за 2 месеца. Разбирам дека си во таа фаза кога си малку заслепена. Само ќе ти кажам бегај, подалеку од вакви. Овие се со морков да не ги допреш. Ништо не можеш да направиш. Бараш решение, ама решението за ова е тој да се јави кај психијатар. Инаку цело време ќе се вртиш во круг и ќе се измачуваш. Сигурно тоа не го сакаш.
Те читав и во Што би му кажале, час се сакате, час се карате. Нема го сакам, нема сакам да се смириме, има самопочит и повлекување црта. Болест е она. Треба ли секој ден да те тероризира некој и до една проклета продавница кога одиш патот ли да го снимаш? Во тоалет со телефон ќе одиш само за неговото Височество да е 100% сигурен оти нема некој швалер во тоалет со тебе? Дај му до знаење дека си има сериозен проблем сам со себе, а не со тебе. Ќе раскине префрлајќи вина на тебе, па ќе те бара пак симнувајќи ѕвезди. И така се' во круг. Ако имаш живци за ова на тие години, терајте вака. А ако ме слушаш и мене и сите други над мене и по мене што ќе пишат, ќе се тргнеш настрана. Ако толку многу сакаш да разговараш, убаво објасни му дека има сериозен проблем што прво сам со себе мора да го реши, па потоа да влетува во врска оти со секоја наредна исто ќе му биде.
@Anabelle.Amorette Се обидов да му го кажам ова, му велам ти треба да си го решиш тој проблем со себеси, штом веќе се решеш да бидеш со некоја треба да ја почитуваш и да имаш доверба во неа, а не да се трудеш да го контролираш нејзиниот живот, нејзините одлуки и нејзините блиски... Џабе, тој е убеден дека грешката е во мене, дека јас го лажам и тоа е тоа...
Очигледно е дека се многу накотени со такво болно мозоче.. @nevermet18 Девојко од овој аир не гледаш. Он е болно опсесивно љубоморен , забегува, страшно и измачувачки е некој со недоверба да се однесува постојано. Незнам од каде оваа недоверба дали од предходно или ти си му дала повод за тоа ?? Како и да е не е во ред. И што е тоа незрелост при најмало недоразбирање само ти раскинува па пак смирување. Ако не наоѓаш разбирачка не си ги троши нервите и животецот. Љубомората е болест.
Е тогаш фино лепо гасиш телефон, блокираш и нема што да те замара. Ќе се исживува ли врз тебе секој ден бе? Следно што ќе биде? Забрана да одиш до бутик сама, на преглед кај заболекар, кај братучеди и роднини на посета? Знаеш ли дека има и ваков случај за кој знам? На свадбата од сопствената сестра девојката не смеела шминка и фризура да има поради дечкото. Згора на се' уште тепана. Телефонот ѝ го зел, сите социјални мрежи избришани, купил број што само тој ќе го знае и не смее никому да го дава. Нека врие сега, ќе се расфрла со навреди некој ден, потоа ќе рецитира поезии како ти си најдоброто нешто во неговиот живот се' додека не се смирите. И претставата започнува пак. Имај почит кон себе и не дозволувај една будала да те врти како сака и да успее да те убеди оти правиш нешто лошо. Нека остане сам малку и нека стави прст на чело деновиве да сфати што направил. Ако сфати некогаш. Ама изгледа му треба нему некоја таква да го тресне од земја квалитетно па ситното да го игра пред девојка. Не си ги губи годините на ваква амеба. Знам оти мислиш дека го сакаш, знам оти си тажна и гневна истовремено ама немој да дозволиш да те уништи.
Јас бев во врска со таков, пред 20 и кусур години. Сакаш да ти кажам што е следно? Ќотек ќе јадиш! Десната рака ја ставам да ми ја сечиш, ако не сум во право! Тргни се оти ти се еба мамата. Сериозна сум. Млада си, најди си некој што те почитува како човек, како прво, и некој кој знае дека е нормално да имаш живот кој не е апсолутно со него поврзан. Овој со кој си сега, не те сака. Те манипулира и сака да те поседува. Буквално како предмет. Ти му удоволуваш на секое барање, а барањата секој пат стануваат се подетални, и почести. На крај, на мочање не ќе можиш да одиш без негова дозвола. Спаси се себе си. Тој дали ќе се лечел или не, не е твој проблем. И најдобро да му раскинеш кога не сте заедно. Преку телефон, па дури и порака. Оти кога раскинуваш со таков како него, во тој момент е најголема шансата физички да настрадаш. Не чекај. Секој ден плус со него, е плус за него. Ти ќе бидиш крива за се', секогаш. И на глава да се наместиш, крива ќе бидиш.
Се согласувам со другите. Тргни се пред да биде лошо. И кас како Вајлд сум сигурна дека ќе стане насилен. Моја пријателка имала таков и еднаш си седеле во кафич.Имало само еден келнер и тие. Тој и рекол: Каде гледаш? Таа одговорила никаде, а и никаде не гледала. И типот и залепил шамар!! Внимавај и отргни се од вакви болни луѓе кои се за психијатар а не за во врска. Имаш премногу среќа што се открил уште сега кој е. Искористи ја. Знаеме дека си млада и дека сега ти е тешко затоа што имаше надеж. Но во овој тип таа надеж никогаш нема да расте.
Се согласувам со ова .. И јас идев со ваква будала и мене истото ми го правеше....и на крај убаво си кажа стануваат насилни.. Тргни се девојче за твое добро.
@nevermet18 и јас како што пиша една членка те следам често во темата Што би му кажале. Сакав едно време да ти пишам, ама си викам батали не се мешај. Девојко, бегај од таков, што порано тоа подобро, ама сериозно, најсериозно. Да ми зема телефон, да ме тестира, да ми забранува да се дружам, па и ти со кој памет му одиш по ќеиф? Сега е тоа, утре нема да ти дозволи да идеш до маркет, до вц без негова дозвола. Па дали си ти негова сопственост? Бегај ако не сакаш да биде полошо, оти ќе биде. Блокирај, смени број, и игнорирај.
Фала ви на сите. Решив дека е најпаметно сама да си продолжам со животот, а ако уште еднаш ме побара да се смириме дефинитивно нема да прифатам. Џабе ни е сета љубов, кога прерасна во опсесија и насилство.
Можеби не успеав да ја доловам целата врска бидејќи ги потенцирав проблемите. Ама меѓу сите кавги и проблеми секако дека имаше и моменти исполнети со љубов, за кои јас искрено се понадевав дека ќе надвладеат.