Хрм..крм...не знам дали треба да напишам или не... ..на овие проблеми мислев кога се изјаснив дека врските со различна религија ретко успеваат... Скај, многу те сакам и почитувам на форумов, за тебе имам прекрасно мислење, и знам дека си имаш дечко кој навистина го сакаш. Е сега, јас лично познавам многу, ако не и речиси сите Босанки во местава околу мене имаат дечковци, па и мажи Христијани. Да, и мислам дека се тие едни од ретките кои немаат предрасуди и се послободни во однос на се она што донесе новиот живот. Затоа, Скај, гоу он, продолжи онака како што ти сакаш, живеј како што мислиш дека е најдобро, меѓутоа, со твоите направи искрен разговор, објасни им ја ситуацијата , сепак нивната ќерка сакаат да биде среќна, ако не можат да се помират одма, нека помине време Ако тебе среќата ти е со него, никој нема да ве спречи да бидете заедно. Штом дозволуваат да имаш дечко, со тек на време нема да им биде битно дали е муслиман или не. Ќе се грижат само за тоа дали ТИ си среќна Родителите на сите ни го сакаат најдоброто, сите пречки ги поминуваме со нивна подршка. Ти посакувам се најубаво, не се откажувај
Скајче, јас одев 3 години со момче од твојата религија, и после година и кусур криење дома, моите открија. Млада, зелена, глупава. Страв, предрасуди. Те разбирам потполно. Никогаш повеќе за ништо не би криела пред родителите. И од тогаш не ни криев. Меѓутоа мислам дека е веќе тешко да го промениш тоа, тешко е да почнеш од почеток без да криеш. Со кого си поблиска? Со мајка ти или со татко ти? Прашувам затоа што во тоа време, тогаш кога одев со детево, мајка ми беше потолерантна, и секогаш и била. Оперирана од малограѓански размислувања се обиде да ме разбере зошто сум ги лажела и дури го покани дечко ми на вечера за да го запознае подобро. Но со татко ми беше проблемот. Не ми правеше муабет со месеци. Сега кога ќе се сетам, мака ми е и ми се враќа филмот. Никогаш во животот не сум била во поодвратна ситуација. Да морам да ги лажам родителите! Пробај со некој од твоите да започнеш муабет. Нема полошо од тоа да живееш со тајни и тоа пред најблиските. Те сакаат и верувам дека ти го посакуваат само најдоброто. Ќе им објасниш убаво, ќе бидеш умна, без карање! Само знај дека порано или подоцна, ќе мораш да се соочиш со тоа. Поубаво ти да им кажеш, отколку самите да откријат. И ќе видиш после како ќе си ја олесниш душичката. Ти држам среќа!
Порано ми се свиѓаше едно дете кое сега излегува во моето друштво. Кога го свиѓав му реков на еден наш другар да праи муабет дали би сакал со мене но тој тогаш ме одби, се помирив со тоа. Сега кога почна да излегува со нас седевме на дистанца никогаш не превме муабет. По долг период по малку почнавме да си зборуваме и тоа само некогаш кога сме на кафе а со сите останати во друштво е многу близок. По некогаш се зезавме дека ми е дечко ама сето тоа беа заебанции во дрштво . Минатиот викенд инсистираше да се смуваме и бидејќи бев расположена се смував.Ми беше мнооогу убаво <3. И сега кога излегуваме тој се прави ко да ништо не било. Но јас сакам да продолжиме да се муваме. Незнам што да правам...не би сакала да ја ''пропуштам шансата" да се мувам со него. Што да правам? Би сакала совет да видам од вас, што мислите?
Девојки ми треба еден совет Како да кажам можеби ке помислите дека си замислувам или дека се погрешно сум разбрала ( дај боже да е така ).. Во последно време професорот по француски интензивно ми се додворува..на почетокот мислев знаеш она дека една од подобрите ученички по француски па некоја наклоност чувствува кон мене,но во последно време и другите од класот приметија како кон мене е различен, дури се најдоа и такви паметни да кажат дека сум му дала повод сигурно.Таков народ сме, се рекла-казала и муабетот се рашири низ целото училиште.. Инаку тој е околу 15 години постар од мене,и ве молам кажете што да правам, досега не сум се нашла во ваква ситуација и ми треба совет навистина..
Тенисбејб игнорирај го. Немој да му се смешкаш, не се однесувај поинаку од другите поради тоа што си му миленичка, не се истакнувај премногу на час... Има случаи на луѓе кои секоја насмевка и поглед си ги толкуваат во своја полза, па може тој да си замислува нешто и да мисли дека го предизвикуваш. Може и не е тоа случајот, но биди претпазлива. За тоа што зборува околината не грижи се многу. Ако ти си чиста во случајот (се надевам дека си ) повлечи се на неговите часови па со тек на време ќе поминат и муабетите. Не кажуваш што чувствуваш ти во однос на ситуацијава, дали ти годи таквото внимание од негова страна или ти пречи?
^ Не е дека толку се замарам што зборуваат за мене али сепак не ми е сеедно да зборуваат глупости, да ми го валкаат името А и секако дека не ми годи ова, си имам и дечко го сакам и тој ме сака, уште фали и он ова да го протолкува погрешно Јас ке излезам најповредената од оваа ситуација .. Инаку фала на советот, ке направам така па да видам што ке излезе
Знам дека не е убаво што кријам. Ама некако ни едениот ни другиот не разбираат. Јасно им било во каква средина живеам ама демек сум можела да пазам. И да разговарам со мајка ми , ќе ми забрани се и сешто , тоа им е многу болна точка. А сега за сега не смеат да дознаат се додека ептен не си ја зацврстам врската. Кога имав 16 години имав еден дечко исто христијанин и тогаш дознаа и ми простија демек оти сум била помала , сум летала со паметот. Ама сега сум имала 19години и никогаш веќе не би ми простиле. Уште не сум подготвена да им кажам, ама многу ми е криво што ги лажам бидејќи се друго ми омозвожуваат. Знам дека ми зборуваат за мое добро ама тоа не можат да го раберат , не сакаат.
Секако дека ротиделот ни мисли најдобро, но од каде да знаат дека ако е друг дечко и е од твојата вера ќе биде подобар и повеќе ќе те сака од овој? Тоа не се знае, и немора да значи ништо. По мое мислење треба да продолжиш со врската и да го криеш тоа од твоите родители се до оној степен кога врската ќе ви стане многу посериозна од што ви е сега, не е убаво да криеме нешто од родителите свесна сум за тоа, но што да се прави кога тие сакаат да ти ја наметнат нивната војла, по секоја цена ли треба да се слушаат родителите? Не, и ти не правиш некое тешко кривично дело, или некоја голема неправда и слично, ти си само заљубена во дечко со различна вера од твојата, што е тоа толку лошо, неморално, и тешко.... Кажи ми дали ти кажале некои причини твоите зошто да не бидеш во врска со дечко од друга верска припадност и кои се тие?
Како што реков, не ти ја завидувам ситуацијата Тешко е знам. Во тој случај ако си решена и понатаму да тераш вака ти посакувам среќа во криењето, ако мислиш дека не би те сфатиле. Само верувај, колку повеќе одолговлечуваш, толку повеќе ќе бидат разочарани и толку потешко и ќе ти биде да им кажеш. Или нема, не знам, но сепак кога ќе дознаат дека толку долго си го криела ова од нив нема да бидат воодушевени од тоа, на второ место ќе се премести тоа што одиш со момче од друга религија. Знам како беше кај мене. Татко ми не ми правеше муабет пред се затоа што ја изгуби довербата во мене во тој миг кога дозна се чуствував тогаш како најголемо гомце да ти кажам искрено. Родителите душа даваа за мене, градеа кај мене некои принципи и вредности а јас ги изгорев во еден миг и се навлеков на некоја глупава мижитатара заради предрасуди дека никогаш не би ме сфатиле. А ме сфатија, барем мајка ми го запозна детето и виде дека е многу одговорен на тие години и ако ништо друго, барем знаеја со кого нивната ќерка вистински е и не морав повеќе да кажувам дека сум со другарките кога бев со него. Затоа мислам дека барем мајка ти би те разбрала. Имам такво некое претчуство. Уште еднаш, ти држам среќа Само еден едит, да се надоврзам на она што го вели Мимс. Мимс, не знаеш како може во најнеочекуваниот момент се да се дознае. Не за џабе се вели дека на лагата и се куси нозете. Порано или подоцна се ќе се дознае, а тогаш дури ќе биде полошо Не дај Боже нели, не дека и го посакувам ова на Скај сега веднаш се да дознаат родителите нејзини, ама вака некако функционираат природните закони. Не постои човек кој лажел - а да не се дознало за тоа. Токму затоа ја советував да разговара со нив.
Се согласувам секако во врска со лажењето, искрено јас не би можела да трпам толку долго таков притисок, да кријам нешто од домашните, но доколку би била во ваква ситуација би го направила тоа. Скај рече дека ќе и забранат да се гледа и тогаш ќе биде крај за нејзината врска, подобро би било да почека уште некое време дастанат посериозни и постепено да прави муабети на таа тема. Верувам дека твоите би сфатиле колку ти значи тебе таа врска, на крај па тоа е твој живот а тие мора да те остават на раат да правиш што сакаш, дури и да грешиш, родители се ама пак немаат право да се мешаат во твоите одлуки и да ти кажуваат што да правиш. Кажи им дека треба да имаат доверба во тебе да те остават сама да ги правиш своите одлуки, ако згрешиш, сама да згрешиш и сама да си го поправиш тоа... Родители се, мора да те разберат!
Иако љубовта е најмоќното нешто,најубавото,најволшебното....жртви бара! Цената на тие жртви некогаш е многу поголема отколку што можеме да поднесеме. Јас се согласувам дека искреноста е на прво место,како што кажа и Пирамитка на лагата и се куси нозете, и многу полоша е ситуацијата кога ќе бидеш фатен во лага и ќе уништиш нечија доверба, отколку поштено да си признаеш и како возрасни луѓе да разговарате за таа тема. Искрено, јас ја разбирам Скај од причина што имам некое свое лично убедување дека муслиманите се многу поголеми фанатици кога станува збор за верата откулку христијаните, и многу полошо би поминала муслиманска девојка пред својот татко со таквo признание отколку христијанка, на крајот на краиштата во муслиманството сеуште главата на куќата има респект што кај нас малку како да избледува....не мора да значи дека е точно,сепак е само мое мислење. Во секој случај,јас велам да бидеш искрена Скај, оти животот е едно чудно тркалце,далеку од тоа дека кобам или посакувам нешто неубаво но што ќе се случи ако за кратко раскинете,а твоите те фатиле во лагата, тогаш Скај ќе биде повредена од две страни,море од три ,заборавив да напоменам и од самата себе поради фактот дека можела да направи нешто што ќе ги спречи тие последици,нешто со што ќе се поштеди од болка, барем не толку силна болка... Ајде да не тупам веќе,ти ја посакувам најубавата среќа на целиот свет, ама мора да го вклучиш и разумот малку пред срцето,пред да си направиш поголеми компликации
Ги прочитав сите постови и се мислев дали да коментирам. Еве најискрен родителски совет. Јас сум мајка и сега сфаќам колку сум грешела што некои работи сум ги криела посебно од мајка ми, сепак мајката е таа која разбира, понекогаш осудува затоа што го мисли најдоброто за своето чедо, нема ништо помило од тоа да го видиш своето дете среќно. Сега, во врска со твојот проблем, мислам дека добро треба да ги преиспиташ своите чувства кон дечкото и неговите кон тебе, доколку сметате дека искрено се сакате треба да ги запознаете родителите со вашата љубов. Во ред е тоа дека љубовта не познава граници, дека таа е двигател на животот, нешто без кое не се може, но сакам да ти кажам дека поискрена и поголема љубов од родителската нема и само таа љубов не можеш да ја замениш ниту надоместиш со друга. Ти посакувам среќа и се најдобро.
Моите родители и на сите мои роднини ваквата тема им е Ахилова пета. Од мали нозе ни зборуваат на ваква тема , и јас бев многу претпазлива , ехее колку симпатии сум имала па не сум сакала да се запознаам со нив од страв дека ќе се вљубам па после што како. Ама ова со овој сегашниот дечко сакав да го избегнам ама не можев , едноставно навистина се сакаме онака чисто и искрено. Тој е поголем и од негова страна и неговите не постои никаков проблем , тие не ни се мешаат. Како што реков еднаш ме фатија со еден дечко што бев и многу жустро беше , довербата ептен ја изгубија , ми забранија се. Каде и да одев ме проверуваа , а тоа никогаш не ми го беа правеле и добро помина се тоа и им се врати довербата и јас сега пак згрешив (според нив). Пак сум со христијанин но овој пат е навистина вистинска љубов (не дека велам дека е љубов која ќе трае засекогаш) ама за него сум подготвена да ризикувам родителите пак да не ми веруваат. Јас сум свесна дека е најубаво да зборувам ама дечки леле не разбираат, мора да продолжам да кријам,кога-тогаш ќе се дознае , јас сакам од мене да дознаат јас да им кажам ама сега за сега не е време. Не сакам заради нив да се одалечам од него . Ви благодарам на сите за убавите желби и се согласувам со вас дека треба да им кажам ама стравот во мене е преголем.
Скајче не знам дали ти кажав дека јас кога се криев мајка ни не видела. По некое време незнам од кај излезе татко му не виде иако со него немавме никогаш проблеми, ама ете како случајно се погоди. Ама бори се, знаеш јас што мислам и те поддржувам целосно.
Здраво девојки Нова сум на форумов и сакам да ве замолам за совет и мислене. Во врска сум со дечкоми 9 месеци и се беше супер се гледаме, се слушаме и се беше ок до пред еден месец кога на фб кај него видов како тој флертува со една девојка која била другарка на негова братучедка. му се налутив многу се испокаравме зашто така се однесува но преминав преку тоа. Ми вика дека фб му било само за забава, дека тепал време, дека ако имало нешто шо крија немало да ми ја дава лозинката, дека јас му сум важна, дека сака да е со мене и дека ме сака. Знам дека не ме изневерува зашто многу ретко излегува сам и тоа на кафе а навечер скоро без мене и не излегува. Но јас после ова станав многу љубоморна и последниов месец само се расправаме и постојано му префрлам дека пак флертува иако од тогаш не сум видела ништо. А тој сеуште е супер спрема мене и ги трпи моите испади еве веќе цел месец и се труди да се среди се и да не се нервирам. Па ке ве замолам за совет како да постапам, дали без причина сум така љубоморна, дали треба да го заборавам тоа и како да го надминам тоа.
Девојки, се откажувам...дечково сега си игра мајтап сигурно. Сега си пишавме, ама очигледно све му е на к*р та*ак... Нема за мене, девојки, саглам машко. Нема да се најде во 100 години...
ајде не очајувај те молам. Штом неможе да ти прости едно недоразбирање батали го скроз. не си го понижувај твоето его. што мисли тој дека ќе трчаш по него..... крени глава горе, блокирај го од фб ако е он горд биди горда и ти. и ајде во потрага по нова ,,жртва,, која вистински ќе го заслужи твоето срце. за машки има и тоа кога ќе го најдеш вистинскиот просто ќе си речеш колку сум била будалетинка што сум се замарала со такви кретени. понекогаш за вистинската љубов треба да се помачиме да ја најдеме, затоа што ако ја добиеме така лесно на рака нема да знаеме да ја цениме
Ете сум јас пак Не знам што се случува веќе. Некако како да се одалечувам со дечко ми, а не го сакам тоа.Ми се плаче кога ќе помислам дека би раскинале али..... стварно не знам како да пристапам што да направам. (да напоменам он си се однесува најнормално ама јас пак го имам она чуство)
^ајде малку да оладеш и да не чувствуваш така за дечко ти,те советувам да размислуваш поинаку,смири се и престани со филмовите.....пробај така и ќе видеш кога размислуваш оптимистички така и бидуваат работите позитивни...
ehrgeizig123 ти ги читав постовите и имаме мн сличен проблем само разликата е во тоа што дечкоми сам ги избриша пријателките што мене ми сметаа зашто видов како флертува со една. Тој ми вика дека сето тоа било само поради досада, дека мене ме сака и одма ја избриша кога му кажав. Ама јас пак не можам да го заборам тоа и постојано за ситници се нервирам. Ете сега штотуку се испокаравме и точно знам како ти е зашто и јас така се осекам како што имаш опишано, мислам дека ке полудам. А и овој исто како и твојот се однесува нормално како ништо да не се случило и нели спомнав дека сега се испокаравме и сега додека го пишувам ова штотуку ми се јави да ми кажи дека ме сака. Е стварно незнам и јас што да правам, можеби и ние претеруваме и се фаќаме за ситници а ги забораваме сите убави работи што сме ги доживеале заедно. Искрено се надевам дека ова е само лош период и дека за брзо време ке помини. Ти посакувам мн среќа и се надевам дека ке ги надминеме овие работи и се ќе се врати во нормала.