Во ред, ако ги ставиш на кантар работите, можеби и ќе изнајдиш негде делче мало во себе кое се залажуваш и ќе му простиш. Можеби ќе се промени и тој, којзнае (али според искуство, тешко). Со среќа...
Секако дека има. Инаку кој би се залетал по таков. Тоа е тактиката. На почеток ѕвезди симнување, потоа животот пекол ќе ти го направи. Ќе се заканиш дека ти е доста, па пак одново ѕвездите симнување, после некој ден пак по старо. И цело време се вртиш во круг, додека во меѓувреме успеал да те изолира од сите и нема кај да бегаш. Добра одлука си донела.
Браво за одлуката. Ќе видиш дека животот без него е поубав. А ние тука ќе се дружиме на форумот за подршка
Ништо страшно, се понудиле луѓето тие да платат а ако ти е незгодно можеш да му кажиш на дечкоти дека сакаш сама да си платиш и тое то. Ова не е некој проблем да раскинуваш и нетреба да те вреѓа то што се понудиле.
Не гледам ништо лошо.. Се грижат за тебе, ми личи на океј гест... Понудиле, ти може да одбиеш чим нејќеш и толку.
Преувеличуваш. Врската си ја доведуваш во прашање поради еден тест. А,јас дечко не можам да си фатам баш поради истата причина. Ќути и терај
Сериозно, ја преиспитуваш иднината со него, иднинатааа поради оваа ситуација? Знам дека рече да не ја полниме веќе темава, ама морам да ти кажам дека не е ни приближно доволна силна причина за да преиспитуваш иднина со партнер за вакво нешто.
Здраво Долго време се мислев и конечно одлучив да ја отворам душата. Бидејќи не можам со секој да зборам таква сум по карактер, вака анонимно ми е полесно. Имам дечко долго време, на почетокот се беше убаво и розево, но со текот нс времето де јави љубомора, кавги и слични работи, го надминавме и тоа. Но има некои работи кои мене ме мачат, јас веќе не чувствувам ништо кон него, буквално де затворив со себеси, не сакам да искачам со никој, ниту да зборам, заостанав со учење, буквално животот ми оди само надолу. Уште кога се запознавме, мене ми сметаше тоа што е понизок малце од мене но нели љубовта победува секогаш така да престанав да мислам на тоа. Но со него се чувствував убаво дома кога сме кај него, кога ќе искочевме веднаш чувстував сите дека не гледаат и ни се смеат. Тој живее сам, нема родители, во детството има поминато многу трауми. Многу пати сакав да зборам со него, да завршиме, секогаш со убаво, но во тој момент тој станува многу агресивен. Еднаш се случи одамна дома бевме, искрши се што имаше, вртење маси, но никогаш не кренал рака на мене. Но сепак како да губи контрола над себеси, и никако не можам тој момент фа го избришам од глава. Пред некој ден повторно сакав да зборам бевме искочени, му објаснив убаво, почна да вика, не знам да објаснам искачање од кола, се удира себеси, сака да се убие, плачење.. Не можам веќе да издржам, не можам да зборам со него, сега почнува да измислува дека е болен и јад идев со него во болница правење тестови и чуда и се искача океј. Мене ме имал само не можел и мене да ме изгуби. Со една реченица улогите ни се сменети јас сум машкото во врската. Не знам можеби очекува грижа од моја страна затоа што не ја добил од родителите. Не знам моментално што да правам, очајно барам помош. Дали фа одам на психилог или што..
Ако не чувствуваш љубов не можеш со сила да бидеш со него, само за он да е мирен. Твојата среќа треба да ја ставиш на прво место. Колку и да е глупаво, мислам дека во твојот случај најдобро е преку телефон или преку порака да му раскинеш, за да не ти беснее и да не го сожалуваш. Колку и да ти драми дека те сака, дека ќе се убие, колку и да нема никој друг, еден ден секако ќе најде некоја друга, а и да не најде тоа не е твој проблем, ти треба да си продолжиш со твојот живот.
Тој треба да оди на психолог. Многу има што се без родители, па продолжуваат со животот. Не можеш заради тоа да бидеш со него, ем те лаже за болести. Само заради емпатија ќе бидеш во токсична врска?
Искрено се плашам, му имам и кажано, кога ќе се изнервира не е тој човек веќе де претвора во нешто друго. Знам може ви изгледа дека ја сум лошата, но милион работи имам направено за него за кои сум сигурна дека мал број девојки прават. Му помагав на секој начин, живееме далеку еден од друг, јас секоја недела идев кај него само тој да не троши пари да има за себеси, па неколку пати идев до негова населба кај негова докторка да зборам за негово здравје, ја возам секогаш до дома го носам иако живеам далеку. Не знам дали од што ми е жал или од др причина издржав толку. Кога не е нервозен е океј, и да збори и све.. Ми фали некој и за мене малцеда се грижи, еден куп проблеми имам. Ми збори за брак и деца, не дека не сакам ама не сега, сакам да завршам факс..
Доста манипулира со тебе. Тоа што родителите му се починати не е изговор за неговите постапки. Ти можеш да бидеш се, ама да си бејбиситер на возрасен маж тоа веќе не. Твоето сожалување кон него те прави да тонеш, доколку сакаш да успееш во животот имаш план цели итн. ќе сфатиш дека оваа врска не ти носи напредок на ниедно поле. И самата си свесна дека заслужуваш подобро, затоа замини си, и да останеш нема да го излечиш ни пак ќе го промениш, за тие работи тој самиот си е одговорен.
Ич не изгледа така. Дечково или е манипулатор тежок или е емоционално нестабилен. Во секој случај е за на психолог/психијатар, како што ти кажаа погоре. На крај памет да не ти текнува на брак и деца сега со овој. Знам дека сакаш да му помогнеш, ама прво тој треба да се реши да си помогне. Јас би му рекла дека е крај, без разлика колку ќе се мава од ѕид. Ако ептен ми значи, можеби и би му рекла дека ќе бидам тука за поддршка доколку се реши да посетува психијатар или психолог. Ама тоа доколку увидам дека има искрени намери да си помогне, во спротивно веќе нема ни да ме види, ни да ме чуе.